Јасно дека колективниот запад делува како една целина и нема многу мрдање, но прашањето е дали целиот свет исто така делува, дали Русија и Кина се само противници во стил на "Oceania has always been at war with Euroasia".Централна власт тешко дека ќе има, но централни политики веќе ги има.
Доволно е само да ги погледнеш резултатите од изборите во повеќето богати и развиени држави за да ти стане јасно дека изборите во тие држави се чиста формалност и не менуваат апсолутно ништо.
На многу сличен начин функционираа политичките партии во Венецуела пред доаѓањето на власт на Хуго Чавез во 1999 година, така што практикуваа политички систем наречен пунтофихизам, наречен по резиденцијата Пунто Фихо во Каракас - буквален превод: Фиксна точка, каде што кон крајот на 1958 година кога била соборена последната венецуелска воена хунта, венецуелските политички партии се договориле дека без разлика кој ќе победи на претстојните, но исто така и на било кои идни претседателски и парламентарни избори, домашните политики на државата ќе останат исти.
Случајно или не, како што Пунто Фихо во превод значи Фиксна точка, така и политиките кои ги водеа венецуелските влади од 1958 до 1999 година беа буквално фиксни политики, без разлика кој победувал на било кои избори, државните политики во однос кон образованието, здравството, даноците, социјалните политики и сите останати општествени области остануваа исти. Или со други зборови кажано: џабе гласаш за да си замине од власт овој или за да дојде на власт оној, кога во пракса само го менуваш глумецот кој ти го тутнале политичките партии и нивните богати финансиери и донатори за да грее фотеља во претседателската канцеларија.
Сето тоа се смени со доаѓањето на Хуго Чавез на власт во Венецуела во 1999 година, за жал кон полошо, но да им се припише целосната вина и одговорност на Чавез и неговите социјалисти е чиста лага, навреда и клевета, бидејќи тие само си начекаа можност после 40 (ЧЕТИРИЕСЕТ) години статус кво кој резултираше со само понатамошна изолација на политичките партии од мнозинското население со кое изгубија секакви допирни точки со секоја помината година и деценија, кои донесоа само уште поголеми поделби помеѓу богатите и сиромашните, а општо е познат фактот дека за социо-економска кохезија во едно општество потребна е стабилна и растечка средна класа, бидејќи како што и самиот Франклин Делано Рузвелт има изјавено: сиромашните луѓе се материјал од кој се прават диктатури. Венецуелските приврзаници на пунтофихизмот одбиваа да извлечат поуки од ваквите историски лекции, поради што им се случи тоа што им се случи после 1998 година, а трае во Венецуела и до денешен ден.
Кога човек ќе погледне какви политики практикуваат европските држави без разлика кој ќе победи на наредните избори, заклучокот е дека практикуваат своја верзија на пунтофихизмот, која се обидуваат да ја одржат во живот не со економски раст и подобрување на економските и монетарните политики, туку со понатамошен увоз на евтина работна сила без разлика од каде истата доаѓа. Како последица го добиваш хаосот кој денес владее низ Европа, а САД и Канада не се ни малку подобри.
Така да, централна власт можеби нема да има, ама па и не ни мора да има, кога еве централни политики има и остануваат на сила без разлика кој ќе победи на наредните избори.
На Бафра тезата е дека има централна власт, затоа и му реплицирам. А и нема некоја разлика помеѓу централна власт и централна политика освен тоа што се убиваат тие на врвот за кој да ја води таа политика. Мене лична енигма ми е дали Кина и Русија се дел од истата игра, тоа прашувам (короната покажа дека се).
За Европа - пример на Макрон да е претседател на Франција не му е животно достигнување него отскочна даска за да ја води ЕУ понатака.
Премиерките на Нов Зеланд и Финска им ебаа матер на земјите што ги водеа и си добија унапредување во Лондон.
До кога ќе можат да ги игнорираат националните проблеми на буквално сите држави само да се одржи поредокот не знам, но не ми делува дека уште многу ќе трае.