Голмани: Филип Гачевски (33), Методија Велковски (23), Никола Филевски (младинец, 18 години)
Одбрана: Ненад Мишковски (штопер, 37), Јорго Папули (штопер, 22), Дејан Ѓуриќ (штопер, 25), Александар Ѓурковски (штопер, 23), Дарко Глишиќ (лев бек/лево крило, 32), Владица Брдаровски (десен бек, 35), Давид Велковски (десен бек/десно крило, 23)
Средина: Мартин Блажевски (дефанзивна средина/штопер, 31), Михаел Бришки (дефанзивна средина/штопер, 25), Кристијан Николовски (дефанзивна средина, 26), Ѓорѓи Дошев (дефанзивна средина, младинец, 19 години), Дарко Мицевски (средина, 31), Филип Дурански (средина, 32), Мустафа Мујезиновиќ (средина, 30), Горјан Цветков (офанзивна средина, младинец, 18 години), Огнен Здравковски (средина/десно крило(?), младинец, 19 години), Матеус Лемос (лево крило/десно крило, 26), Марјан Ристовски (лево крило/лев бек, 27), Лука Шушњара (лево крило/десно крило, 26)
Напад: Марјан Алтипармаковски (32), Азер Омерагиќ (младинец, 21), Кеба Кебел Сусо (26)
Од прилика составот е овој. Од помладите играчи ги вклучив Филевски ко трет голман, Здравковски, Цветков, Дошев и Омерагиќ.
Само 5 играчи имаме од кои мора еден константно да е на терен. Од нив, Филевски нема шанси да брани, Здравковски, Дошев и Цветков сите се на иста позиција, со тоа што Огнен покриваше и на други позиции во прва полусезона и секако Омерагиќ како најголем кандидат за прва постава.
Имаме 9 нови играчи, ама некако непропорционално се засиливме.
Не знам овој Бришки како што е планиран, да не заигра штопер на крајот.
Мицевски е аут цела сезона, така што ќе биде интересно да се види кој ќе биде стартер на средината.
Дали тоа би биле Мујезиновиќ со некој од Дурански и Николовски, дали они двајца како во прва полусезона или пак тоа ќе биде позицијата која ќе ја жртвуваме за да игра младинец.
Сега крилата и нападот ни изгледаат далеку поинаку од прва полусезона. Имаме три квалитетни леви крила. Лемос принудно го играме десно, а веројатно повторно ќе биде ист случајот. Претпоставувам лево ќе оди Швајц, со Шушњара како резерва.
Во напад можно е да напаѓаме со двајца. Ако Омерагиќ стартува, тогаш или Мацата или Сусо ќе му прави друштво. Викаат црниов бил доста физички јак.
Во нападов ќе сме далеку подобри, отколку кога се мачевме со Жоглев, Цветановски, Трајковски итн.
Одбраната ќе биде најголем проблем. Мишко стандарден со 37 години. Брда десно со 35, со Велковски како замена кој во одбрана е очобол, а во напад е малку подобар.
Лево останува Глишиќ неприкословен, со тоа што можно е Швајц да покрива некогаш таму, бидејќи порано тоа му беше природна позиција.
Кој ќе му прави друштво на Мишко? Ѓуриќ е најсериозен кандидат, можеби овој хрватов ќе игра штопер, ако е добар, можеби ќе игра деганзивна средина како основна позиција. Папули и Ѓурковски тешко да добијат некоја минута.
За почеток мислам ќе имаме некоја од овие формации:
Гачевски
Брдаровски - Ѓуриќ - Мишковски - Глишиќ
Лемос - Дурански - Николовски - Ристовски
Сусо - Омерагиќ
Или одбрана со Бришки место Ѓуриќ. Во средина Мујезиновиќ место некој од двајцава. Или средина Мујезиновиќ и Бришки, а Ѓуриќ позади.
Ако Омерагиќ оди на клупа, тогаш Здравковски средина, а Сусо и Мацата во напад.