Ако ослабне поддршката од САД (НАТО), да, Украина ќе се најде во многу тешка ситуација.
Но не гледам ниту еден здраво разумен аргумент зошто САД/НАТО би ја оставил Украина на цедило и би дозволил на Русија да пенетрира во Европа до границите со Унгарија и Романија/Молдавија а со тоа сериозно да ја засили својата стратешка позиција во Европа.
Затоа што нема да можат да издржат да го трчаат маратонот во ова темпо.
Нивниот план беше Русија економски да ја клекнат на колена со санкции, забрани, пропаганда и стварање на политичко незадоволство дома.
Ама... Како што гледаме Русија излезе најсилна во тоа поле, економски никогаш не стоеле подобро. Путин политички никогаш немал поголема поддршка, а руското население никогаш не било повеќе унифицирано.
За Русија ова е војна "да се биде или не", и воено нема шанса да изгубат па ако треба и 10 години војувале. Може ли западот да го држи чекорот?
Се гледа дека каскаат позади со производство на оружје. Политички почнуваат да стануваат по не стабилни, народот се буни, трактори ги ораат Берлин и Париз. Во САД гледаме несогласување на локалната власт со централната. Другите земји на НАТО откажуваат послушност и не сакаат веќе да испраќаат оружје во Украина, а не ни имаат помалите земји, веќе се испратија.
Од друга страна Англија и САД ги растегнуваат на повеќе фронтови, Израел и Палестина. Хутите успеваат да им ја укочат цела трговија. Венецуела е спрема за напад на Гвајана, мораат таму да испраќаат носачи на авиони. Бајден пред 6 месеци одеше кај Мадуро на баци - рака за да му даде советско оружје. Им ги тргнаа пола од санкциите, и наместо помирување, овие уште толку главоболки им ствараат.
Иран им бомбардира бази во Сирија и Ирак, овие не може да зуцнат.
Вагнер лом ги прави французите во Африка.
Кина преку мека сила успева да ја придобие цела Африка и Ј.Америка како економски партнер преку мега проекти.
Кинезите преку различни сектори навлегуваат во земји кои биле во западна сфера на влијание. Ете во Австралија, а полека и во Европа го превземаат маркетот за автомобили.
Доларот е во рекорден пад како никогаш претходно. Ако пред 5 години беше незамисливо некој да прави договори во друга валута, сега гледаме како С.Арабија соработува со Кина користејќи јуани.
Народот во Украина иако држен од тие нацистичките сектори се крајно револтиран и не сака да оди да гине. Секој ден гледаме видеа како насилно ги регрутираат.
До сега тие што неа во западна Украина некако имаа по лабав живот и не ги регрутираа до толку, ама како мине време и се заострува работава, толку повеќе ќе се бунат. Таму има унгарци, романци, пољаци кои нејќат да одат на фронт и да гинат.
Странски платеници не можат до бесконечно да праќаат. Ако пратат Легија на странци во Украина, нема кој да спречи бунт во Конго, Нигер, Мали...
Официјална војска ако влезе, се знае што ќе се случи.
И што останува? Да чекаме да пукне тиквата.