wife material или husband material, не ни треба воопшто да има социјални мрежи, а не да нема само непознати пријатели, затоа што социјалните мрежи не се одлика на зрели луѓе, едноставно, а за добра врска или брак пред се е потребна зрелост и приметување на негативни и детриментални навики, а не оправдување.
тука повторно ќе почнат релативизации како што имаше при претходната дискусија за излегување во ноќни клубови (не беа од твоја страна) додека си во врска, затоа што не можеш ти да имаш НЕПОЗНАТИ ПРИЈАТЕЛИ, тоа е контрадикторно, пријател ти е оној кој што го познаваш со години, оној чии што карактерни карактеристики му ги познаваш и ти ги познава, оној кој што знае некои мрачни тајни за тебе како и ти за него, а не ПОЗНАНИК, не може ПОЗНАНИК да ти биде пријател, ниту НЕПОЗНАТ ПРИЈАТЕЛ да ти биде пријател, уште помалку е правилно истиот да го имаш на социјални мрежи каде споделуваш слики од себе или некои свои спомени, затоа што споделуваш слики и спомени со луѓе кои не ти се ни роднини, ниту пак ПРИЈАТЕЛИ, туку со рандомци, познаници и колеги.
одма тука се губи смислата на што е пријателство, па не ти е пријател Анастасија со која што си учел у основно и од кога сте заминале по сопствени патишта не сте се чуле за да ја имаш на социјални мрежи, не ти е пријател Стефчо со кој што си идел на тренинг дур си имал 8 години, не ти е пријател Станко кој што ти го поправал компјутерот кога не си знаел тоа да го направиш, не ти е пријател Томица со кој што имате заеднички пријател и ви се тутнал на сепаре прошлиот месец, не ти е пријател Милица затоа што ти е колешка или сте оделе на курс заедно, не ти е пријател Мујо затоа што ти е комшија.
тие ти се познаници и колеги, луѓе со кои што си се сретнал у животот, можеби си разменил неколку зборови или пак сте се нашле по некоја случајност на исто место, а не пријатели и бенефитот на споделување на било што со нив е минимален, а опасноста е далеку поголема.
истотака, ако целта е споделување на слики/спомени со роднини и ВИСТИНСКИ пријатели, тогаш истото можеш да го направиш така што ќе им ги пратиш преку вибер, а не така што на нив ќе им излезе (ако им излезе или ако воопшто приметат при милион слики што ќе им се појават) случајно на ѕидот на социјалната мрежа, да бидеме реални.
,,ама братт!1 како јас да се чујам со пријателите ако не се социјалните мрежи?1" - така што ќе му ѕвониш на телефон и ќе го чуеш или побараш да пиете кафе, или така што ќе го побараш на врата, пишеш СМС порака, а не секојдневно меѓусебно да си го трошите допаминот и да си праќате некои смешни reels под изговор дека така сте се слушале.
,,а шо ако го немам неговио број?" - па бураз, ако му немаш број, не знаеш како да стигнеш до негов телефонски број, ако не знаеш каде живее, тогаш имам вест за тебе, НЕ ТИ Е ПРИЈАТЕЛ, затоа што не знаеш основни работи за него, а не пак нешто друго.
истото и го мислам со родители (зборам за новиве) кои што на своите деца им даваат телефон во рака чисто колку да не им пиштат низ дома, и кога ќе ги соочиш со факти дека на тие години ги прават зависници од социјални мрежи, им прават дисбаланс во допаминот и утре можат да развијат депресија на мали години, им го намалуваат attention span која што е клучна работа за успех (затоа одредени луѓе тука не можат воопшто да одвојат време ниту да прочитаат било што подолго, дали пост, дали артикал, дали вест, дали студија, него мора да биде што пократка, исто како што преферираат reels, наместо да ислушаат квалитетен подкаст од 2 саати), тогаш одма почнуваат со моабети ,,па шо да им правам ја, цел ден пишти?", па земи бе мајмун/ке извади го надвор детето, однеси го во природа, однеси го во село, нека истражува, нека биде љубопитно, нека биде у допир со природата, нека развија социјални вештини на млади години така што ќе го носиш на места наменети за деца на мала возраст за утре кога ќе го пуштиш у школо да не биде мета на булинг затоа што не знае ни да се спротистави ниту да комуницира со други деца, отколку да му го туткаш телефонот и да гледа некои ненормални цртани кои имаат агенда да ти го направат хомосексуалец, лезбејка или трансџендер и слично, без воопшто ти и да провериш што ти гледа детето.