Бидејќи ми нагласија дека може и прикаски за тетки, комшивки, колешки и други исклучоци..
Имам и јас една, како порачана за твоево “ако”.
Колешка од работа со еден пропаднат брак и дете, се премажува..
Океј, објективни причини, првиот маж и испаднал џанак, не знам шо (мене и она не ми е нешто саглам али ајде..)
Вториов сегашен маж, маж на место! Стануваат фамилија за пример. Овој ја прифаќа таква ко што е, работлив, вреден, и го прифаќа и синот! Типкава останува трудна со него, и сега си имаат и бебенце!
Досега се како во best case scenario..
Е арно ама, детево(од џанакот), нема на кого да се метне, испаѓа дрнато, ај да не се изразам вулгарно, ама дефинитивно некоја штица му фали! Триста проблеми…
Колешкава више не знае што да му прави, а сега уште и со мало бебе дома!
Не треба Ајнштајн да бидам за да видам, дека допрва таму проблеми им идат. Пази, детево не е ни до пубертет стасано!
И сега кои опции му(им) остануваат?
-да го избрка, не може!
-да го управи, не може!
-да ги избрка и двајцата па ич, оти веќе си имаат заедничко дете и убав брак!
Ни крив ни должен, сегашниов маж си закачи еден тон проблеми не по негова вина. А тек проблеми го чекаат допрва..