Влијанието на социјалните мрежи во врска или брак? * разведени и сингл жени после 35та

Дали социјалните мрежи имаат улога во еден брак или врска?

  • Да

    Гласови: 67 76,1%
  • Не

    Гласови: 21 23,9%

  • Вкупно гласачи
    88
Член од
17 септември 2022
Мислења
692
Поени од реакции
1.573
Сите дубоки муабети со другарите за метафизиката, природата на стварноста и шо ти ја знам колку дубоко одите се ништо друго туку вежбање за најдубоките муабети шо ќе ги имате со жена ви.

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.475
Реално, најдлабоките муабети во брак се објаснувања дека чорапите не мора да се оставаат каде што ќе ти текне и купи леб, млеко аууу а зошто не купиш ти... И тука почнува длабочината.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.714
Поени од реакции
19.835

Или кога собираат ѓубре кој да ги изнесе кантите :facepalm:
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.475
Или кога собираат ѓубре кој да ги изнесе кантите :facepalm:
Е тоа е изговорот да не се прави веќе ништо. Ај земи нешто сработи и одма добиваш ааа јас пред три дена го фрлив ѓубрето.
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.703
Поени од реакции
926
Или кога собираат ѓубре кој да ги изнесе кантите :facepalm:
Малку офтопик ама еве ти еден интересен пример . Пред 30 и кусур години еден познат светски билдер со освоени светски титули , си ја отепа жена му со пиштол заради кавга за тоа кој да го фрли ѓубрето :) . Така шо ниедна кавга не е беззначајна .
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.828
Поени од реакции
23.316
Моментот што ме тригерна тука е дека ги опишувате жените над 35(плус и ако имаат деца), нека не биде како шугави кучиња, нека биде како „непожелни за заедница и само за секс“.
Тука да се осврнеме на разведени со деца. Ете што на пример јас сум заклучил од вакви примери и зошто за мене разведени со деца се лизгав терен.

Замисли одиш на интервју за вработување и ти викаат вака: Ние сме помала фирма и не сме толку моќни како некои поголеми. Можеме само да ти понудиме пола плата на пола работно време. И плус ќе мора сама од дома да си донесеш компјутер, биро и столче.
Ти разгледуваш наоколу, се распрашуваш и сфаќаш дека не те лажат, стварно се мала фирма и стварно условите им се тие. Би прифатила ли да работиш таму?

Самохрана мајка има многу недостатоци. Прво секоја твоја инвестиција во врската дали е тоа време, пари, емотивна посветеност и слично ќе ти биде возвратено на пола. Ти секогаш ќе бидеш пофлексибилен да се гледате кога ќе можете и скоро секогаш ќе викаш да, а она не. Еден викенд да одите некаде на планина или било каде ќе треба да има 100 планирања, па баби, па дедовци, па кој ќе чува дете, па не можело, па не можело. Се што во нормална врска го имаш здраво за готово, тука ќе треба со напор. Со тек на време тој нереципроцитет ќе почне да ти смета. Ќе почнеш да ја кривиш неа, а она навистина не е за кривење, нормално е дека детето треба посебна грижа и внимание.

Луѓето имаат некој "себичен" инхеретен тик за заштита на своето поколение и продолжување на својата низа што е нормално. Утре ако гори школо прво твоето дете ќе влезеш да го спасиш. Утре ако имате ваше дете и и предложиш дај да тргаме на страна пример ИКС евра на месец за детево, она може да ти каже не можам ќе треба и за другото а немам толку пари. Па ќе треба пак ти. Се што ти ќе стекнеш во твојот живот како наследство 100% ќе му препишеш на детето а она 50%, оти нели треба и за другото.

Голема е веројатноста тоа дете од првиот брак да те мрази тебе. Посебно ако е машко, машките деца се попосесивни кон мајките отколку женските. Па ќе треба она да жонглира меѓу тебе и омразата на детето кон тебе која секако не е рационална, ама дете е, не е оно криво. А ти сред сево ова.

Итн... Се што ти во нормална врска го добиваш нормално, што е дифолт, стандардно, здраво за готово, тука ќе треба со мачење. Секоја твоја инвестицијата во врската ќе ти се враќа пола.

Е сега, јеби га, луѓе се во прашање. На секој може да му се случи да се разведе и да остане со дете. Тоа не значи дека тие што се развеле се лоши луѓе, нешто им фалело или кој знае што.

Ама? Зошто јас да ги плаќам последиците од тој лош брак? Јас не сум крив за нивниот брак, за нивниот развод, за детето. По не моја вина јас од таа врска ќе добивам се пола а и тоа пола по поголема цена во валута живци, време, нефлексибилност и кочење. Секако дека таа треба да се посвети на детето апсолутно нема збор тоа. Во никој случај не смее детето да биде запоставено и треба секогаш да биде приоритет. Не е нејзина кривица дека таа може да се посвети на тебе со 50% капацитет и со многу помала флексибилност и со 300 комбинаторики за да имате ти и она какво такво заедничко време, заеднички моменти, заедничка конекција заедничка грижа што се нормални работи во секој врска.

Е сега има луѓе тоа им одговара. Имаат работа каде што патуваат многу, имаат и тие развод и дете или имаат некое хоби и занимација што им одзема многу енергија и време. Кој како сака така. Има и такви па што и да ги немаат овие работи сепак не им е проблем сите овие хендикепи да ги превземат.

Ама ако сакаш полна плата за полно работни време и услови коишто следат под дифолт како биро, компјутер, стол кад-тад ќе ти се смачи таквата ситуација и ќе почнат караниците каде ти ќе ја обвинуваш неа а она со потполно право ќе ти возврати: Дали треба малово дете да го оставам само за себе да се грижи, пошто ти не си добил од мене што и да е (внимание, секс, заедничко патување, разговор, кино...).

Тој што сака да влезе во ваква врска треба да ги има овие работи на ум. Ако не му сметаат, во ред, нека му е со среќа.

За крај многу е потешко кога машко сингл се гледа со жена со дете отколку жена со разведен маж со дете затоа што најчесто децата остануваат кај жената, а и се позахтевни и посесивни за мајката отколку за таткото. Тоа е.

А да, морам да допишам нешто оти очекувам да се јави некој идиот со коментар од типот на-Што има врска љубовта на крај победува или кога се сака се се може, ако има волја ќе се најде и време и за дете и за врска и за се.

Значи освестете се не сте во Дизниленд или на мис Америка и не одат така работите.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
438
Поени од реакции
1.538

Шо ако не е со таткото дури и да е олеснителна околност што реално е, пак за жената ќе биде делење на сѐ што со мажот создаваат. Пример, реновираат куќа во којашто и тоа дете / тие деца секогаш ќе имаат дел. Замисли ќе ствараат заедно а и жената ќе добие пола. Па сѐ што створил и одржува се дели. По ова прашање исто му се фаќа. Башка има бивши што ги користат децата да изманипулираат нешто од бившите мажи така што секогаш ќе има влијание.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.828
Поени од реакции
23.316
Шо ако не е со таткото дури и да е олеснителна околност што реално е, пак за жената ќе биде делење на сѐ што со мажот создаваат. Пример, реновираат куќа во којашто и тоа дете / тие деца секогаш ќе имаат дел. Замисли ќе ствараат заедно а и жената ќе добие пола. Па сѐ што створил и одржува се дели. По ова прашање исто му се фаќа. Башка има бивши што ги користат децата да изманипулираат нешто од бившите мажи така што секогаш ќе има влијание.
Јеби га тоа е. Има многу главоболки и компликации кои паѓаат на твој терет, а ти не си бил крив за тоа. Затоа разведени со деца се нешто кое не е моја шоља чај. Нормално, немам ништо против тоа што се развеле или некои осудувања.
 
Член од
31 јануари 2024
Мислења
270
Поени од реакции
931
Нула се шансите да влезам во врска со разведена жена со дете. Мислам, женет сум сега па е небитно, но кога би бил помлад и сингл, веројатноста да се заинтересирам за разведена со дете не би постоела. Која е причината да си ставам трн во здрава нога?

Ако нешто не недостига во светот, тоа се жени. Зошто би одбрал разведена со дете, кога можам друга?
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.475
Реално, ни едните ни другите не сакаат партнер со дете. Разведен без дете не менува ништо, ама детето, ни едниот што не е негово ќе го сака како свое, ни другиот мирно ќе живее без стрес дека детето му е прифатено од партнерот и неговата страна, па и од заедничките деца што ќе ги имаат.

Љубов може да има на почеток и сите тројца да одат на кино, на прошетки, по ручеци, да се сликаат за инста, ама после? Не сме ние Америка, знаеме дека прв проблем е семејството, да не речам мајката на било кој од тие што ќе го зеде тој со детето. Цел живот ќе иде до продавница со срам. Батали ја неа, таква заедница едноставно не ја бива од многу аспекти и од секоја страна детето е жртва. Се десило што се десило, никој не е крив, жената останала сама со дете, јас не сум против ни да си најде партнер ни па да се омажи и да си створи семејство.
Само, кај нас двајца плодни и невини кога ќе се земат е хаоси од сите страни, а не па да дојде и дете, или деца плус, мирен живот е немогуча мисија.

Не поради себични причини, кој како нека сфати, јас не би била со маж со дете, мада подруга е приказната за маж што треба да биде со жена со дете, па ќе речам ако утре останам самохрана мајка, ни прва ни последна ќе си терам живот колку можам за достоинствено животарење со децата.

А најлошото што може да се случи е двајцата да имаат деца и двајцата да се старатели на истите.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.787
Поени од реакции
24.593
Тука да се осврнеме на разведени со деца. Ете што на пример јас сум заклучил од вакви примери и зошто за мене разведени со деца се лизгав терен.

Замисли одиш на интервју за вработување и ти викаат вака: Ние сме помала фирма и не сме толку моќни како некои поголеми. Можеме само да ти понудиме пола плата на пола работно време. И плус ќе мора сама од дома да си донесеш компјутер, биро и столче.
Ти разгледуваш наоколу, се распрашуваш и сфаќаш дека не те лажат, стварно се мала фирма и стварно условите им се тие. Би прифатила ли да работиш таму?

Самохрана мајка има многу недостатоци. Прво секоја твоја инвестиција во врската дали е тоа време, пари, емотивна посветеност и слично ќе ти биде возвратено на пола. Ти секогаш ќе бидеш пофлексибилен да се гледате кога ќе можете и скоро секогаш ќе викаш да, а она не. Еден викенд да одите некаде на планина или било каде ќе треба да има 100 планирања, па баби, па дедовци, па кој ќе чува дете, па не можело, па не можело. Се што во нормална врска го имаш здраво за готово, тука ќе треба со напор. Со тек на време тој нереципроцитет ќе почне да ти смета. Ќе почнеш да ја кривиш неа, а она навистина не е за кривење, нормално е дека детето треба посебна грижа и внимание.

Луѓето имаат некој "себичен" инхеретен тик за заштита на своето поколение и продолжување на својата низа што е нормално. Утре ако гори школо прво твоето дете ќе влезеш да го спасиш. Утре ако имате ваше дете и и предложиш дај да тргаме на страна пример ИКС евра на месец за детево, она може да ти каже не можам ќе треба и за другото а немам толку пари. Па ќе треба пак ти. Се што ти ќе стекнеш во твојот живот како наследство 100% ќе му препишеш на детето а она 50%, оти нели треба и за другото.

Голема е веројатноста тоа дете од првиот брак да те мрази тебе. Посебно ако е машко, машките деца се попосесивни кон мајките отколку женските. Па ќе треба она да жонглира меѓу тебе и омразата на детето кон тебе која секако не е рационална, ама дете е, не е оно криво. А ти сред сево ова.

Итн... Се што ти во нормална врска го добиваш нормално, што е дифолт, стандардно, здраво за готово, тука ќе треба со мачење. Секоја твоја инвестицијата во врската ќе ти се враќа пола.

Е сега, јеби га, луѓе се во прашање. На секој може да му се случи да се разведе и да остане со дете. Тоа не значи дека тие што се развеле се лоши луѓе, нешто им фалело или кој знае што.

Ама? Зошто јас да ги плаќам последиците од тој лош брак? Јас не сум крив за нивниот брак, за нивниот развод, за детето. По не моја вина јас од таа врска ќе добивам се пола а и тоа пола по поголема цена во валута живци, време, нефлексибилност и кочење. Секако дека таа треба да се посвети на детето апсолутно нема збор тоа. Во никој случај не смее детето да биде запоставено и треба секогаш да биде приоритет. Не е нејзина кривица дека таа може да се посвети на тебе со 50% капацитет и со многу помала флексибилност и со 300 комбинаторики за да имате ти и она какво такво заедничко време, заеднички моменти, заедничка конекција заедничка грижа што се нормални работи во секој врска.

Е сега има луѓе тоа им одговара. Имаат работа каде што патуваат многу, имаат и тие развод и дете или имаат некое хоби и занимација што им одзема многу енергија и време. Кој како сака така. Има и такви па што и да ги немаат овие работи сепак не им е проблем сите овие хендикепи да ги превземат.

Ама ако сакаш полна плата за полно работни време и услови коишто следат под дифолт како биро, компјутер, стол кад-тад ќе ти се смачи таквата ситуација и ќе почнат караниците каде ти ќе ја обвинуваш неа а она со потполно право ќе ти возврати: Дали треба малово дете да го оставам само за себе да се грижи, пошто ти не си добил од мене што и да е (внимание, секс, заедничко патување, разговор, кино...).

Тој што сака да влезе во ваква врска треба да ги има овие работи на ум. Ако не му сметаат, во ред, нека му е со среќа.

За крај многу е потешко кога машко сингл се гледа со жена со дете отколку жена со разведен маж со дете затоа што најчесто децата остануваат кај жената, а и се позахтевни и посесивни за мајката отколку за таткото. Тоа е.

А да, морам да допишам нешто оти очекувам да се јави некој идиот со коментар од типот на-Што има врска љубовта на крај победува или кога се сака се се може, ако има волја ќе се најде и време и за дете и за врска и за се.

Значи освестете се не сте во Дизниленд или на мис Америка и не одат така работите.
Така си е, точно до збор, ама и покрај ова има луѓе кои ќе се нафатат на овие главоболки. Познавам еден наш во Шведска, пола Македонец, пола Србин, небитно. Се заљуби во самохрана мајка со дете, му роди уште две, ене ги функционираат беспрекорно. Ама човекот беше спремен и знаеше за ризикот кој го има, дури и самиот кажува дека нивната врска не почнала како и секоја, немале они ханимун фаза затоа што дете било вклучено во игра.

Друга работа, ти размислуваш од перспектива на ерген и тоа е океј. Ами вдовци и разведени мажи со деца?

Сѐ се може ако се сака.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.714
Поени од реакции
19.835
Тука да се осврнеме на разведени со деца. Ете што на пример јас сум заклучил од вакви примери и зошто за мене разведени со деца се лизгав терен.

Замисли одиш на интервју за вработување и ти викаат вака: Ние сме помала фирма и не сме толку моќни како некои поголеми. Можеме само да ти понудиме пола плата на пола работно време. И плус ќе мора сама од дома да си донесеш компјутер, биро и столче.
Ти разгледуваш наоколу, се распрашуваш и сфаќаш дека не те лажат, стварно се мала фирма и стварно условите им се тие. Би прифатила ли да работиш таму?

Самохрана мајка има многу недостатоци. Прво секоја твоја инвестиција во врската дали е тоа време, пари, емотивна посветеност и слично ќе ти биде возвратено на пола. Ти секогаш ќе бидеш пофлексибилен да се гледате кога ќе можете и скоро секогаш ќе викаш да, а она не. Еден викенд да одите некаде на планина или било каде ќе треба да има 100 планирања, па баби, па дедовци, па кој ќе чува дете, па не можело, па не можело. Се што во нормална врска го имаш здраво за готово, тука ќе треба со напор. Со тек на време тој нереципроцитет ќе почне да ти смета. Ќе почнеш да ја кривиш неа, а она навистина не е за кривење, нормално е дека детето треба посебна грижа и внимание.

Луѓето имаат некој "себичен" инхеретен тик за заштита на своето поколение и продолжување на својата низа што е нормално. Утре ако гори школо прво твоето дете ќе влезеш да го спасиш. Утре ако имате ваше дете и и предложиш дај да тргаме на страна пример ИКС евра на месец за детево, она може да ти каже не можам ќе треба и за другото а немам толку пари. Па ќе треба пак ти. Се што ти ќе стекнеш во твојот живот како наследство 100% ќе му препишеш на детето а она 50%, оти нели треба и за другото.

Голема е веројатноста тоа дете од првиот брак да те мрази тебе. Посебно ако е машко, машките деца се попосесивни кон мајките отколку женските. Па ќе треба она да жонглира меѓу тебе и омразата на детето кон тебе која секако не е рационална, ама дете е, не е оно криво. А ти сред сево ова.

Итн... Се што ти во нормална врска го добиваш нормално, што е дифолт, стандардно, здраво за готово, тука ќе треба со мачење. Секоја твоја инвестицијата во врската ќе ти се враќа пола.

Е сега, јеби га, луѓе се во прашање. На секој може да му се случи да се разведе и да остане со дете. Тоа не значи дека тие што се развеле се лоши луѓе, нешто им фалело или кој знае што.

Ама? Зошто јас да ги плаќам последиците од тој лош брак? Јас не сум крив за нивниот брак, за нивниот развод, за детето. По не моја вина јас од таа врска ќе добивам се пола а и тоа пола по поголема цена во валута живци, време, нефлексибилност и кочење. Секако дека таа треба да се посвети на детето апсолутно нема збор тоа. Во никој случај не смее детето да биде запоставено и треба секогаш да биде приоритет. Не е нејзина кривица дека таа може да се посвети на тебе со 50% капацитет и со многу помала флексибилност и со 300 комбинаторики за да имате ти и она какво такво заедничко време, заеднички моменти, заедничка конекција заедничка грижа што се нормални работи во секој врска.

Е сега има луѓе тоа им одговара. Имаат работа каде што патуваат многу, имаат и тие развод и дете или имаат некое хоби и занимација што им одзема многу енергија и време. Кој како сака така. Има и такви па што и да ги немаат овие работи сепак не им е проблем сите овие хендикепи да ги превземат.

Ама ако сакаш полна плата за полно работни време и услови коишто следат под дифолт како биро, компјутер, стол кад-тад ќе ти се смачи таквата ситуација и ќе почнат караниците каде ти ќе ја обвинуваш неа а она со потполно право ќе ти возврати: Дали треба малово дете да го оставам само за себе да се грижи, пошто ти не си добил од мене што и да е (внимание, секс, заедничко патување, разговор, кино...).

Тој што сака да влезе во ваква врска треба да ги има овие работи на ум. Ако не му сметаат, во ред, нека му е со среќа.

За крај многу е потешко кога машко сингл се гледа со жена со дете отколку жена со разведен маж со дете затоа што најчесто децата остануваат кај жената, а и се позахтевни и посесивни за мајката отколку за таткото. Тоа е.

А да, морам да допишам нешто оти очекувам да се јави некој идиот со коментар од типот на-Што има врска љубовта на крај победува или кога се сака се се може, ако има волја ќе се најде и време и за дете и за врска и за се.

Значи освестете се не сте во Дизниленд или на мис Америка и не одат така работите.
Милион пати сум рекла, ако се случи да се разведам или не дај боже да почине, никад нема да се премажам, никогаш никој друг маж нема да биде добар татко за мојте деца. Баба ми има останато вдовица многу млада никогаш не се премажила си работела и гледала децата, немам подобар пример. И нормално чест на исклучоци може за некој функционира лично немам сили да почнам се одново од како си, што ти е омилено јадење и ред други споменар прашања.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
438
Поени од реакции
1.538
Бивша цимерка. Она разведена со машко дете, плус постара 8 години од дечкото. Мајката толку беше скандалозна кога стана озбилна работата отиде до толку далеку да ѝ отиде на работа на девојкава (дечкото е од поконзерва мигрантска фамилија втора генерација) направи скандал. Дечково ептен посрамен вика ако сакаш да поднесеш тужба против неа ќе те разберам. Скар смир скар смир, мене како цимерка психички ме изреметија. Еден ден дојде расплакан, ми вика јас не можам да замислам живот без неа, молим те збори со неа да се смириме. Она му постави услов да се земат директно и да не бидат во ист град со мајка му и он ја послуша. Млад, здрав, прав, романтичен (ја побара на Валентајн со огномети чуда) , работлив, можеше и слободни и секакви да има, ама он нејзе ја сака. Вели со неа сум среќен, само она ми недостига дури и кога седам до неа, со неа и кога се досадувам ми е убаво. Детето повеќе муабет има со него него ли со биолошкиот му татко. Не викам повеќе го сака, карактерно се послични, на пример идат на утакмици ова она, активности што биолошкиот татко не ги мари.

Пак ќе речам, последниот збор го кажува компатибилноста, a кај нив на сите нивоа ја има. Дури и кавгите иако им се премногу со галама и со драматични напуштања не се деструктивни. Некако сигурен си од страна што набљудуваш дека ќе се смират. Сега во друг град многу им е убаво колку години веќе и мајката легна на брашно и све. Значи, што заклучуваме, живееме во машки свет, ако машко навистина сака да биде со партнерката сите ред флегови, правила прописи паѓаат во вода. Мајка срце ќе ја стегни ако се земиме е изговор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom