Која е вистинската вера/религија?

Член од
15 март 2022
Мислења
12
Поени од реакции
15
Брошуркава „малку„ е протестантска, ама ајде...може да помине.

Делот од текстот, во кој се изложени разликите меѓу двете религии е ОК.

Проблемот се јавува на крајот од брошурата, каде авторите се обидуваат да изведат компромис, земајќи го „најдобрите„ нешта од двете религии...ајде де.

Христос со никого и со ништо нема изведено никаков компромис. Понајмалку со туѓи верски учења...

Се сложувам со тоа што го примети и со тоа што го тврдиш.

Сепак само за појаснување ќе го истакнам следново:

Оваа книга е произлезена како докторски студии на студенти од факултет, и не претставува класична книга, туку истражувања преточени во овој ваков вид на издание.

Искрено и мене баш ми беше малку скокотливо овој дел, што се оправдува како „најдобри нешта“ (а сепак се за жал лага), но, со оглед дека се работи за докторски истражувања (што ги знам таму што се), е оправдано да го има и тоа.

Секако дека и не можеме да ја наречеме „протестантска“ (иако по отсуство на православна содржина малку наликува), дека се работи за докторски студии. Целта и фокусот на книгата се други, да ги утврдат разликите, да ја откријат вистината, а не да ја поткрепат со православна-теолошка содржина.

Сепак тоа што го пишува во книгата е многу отрезнувачко за сите. Дај Боже што повеќе луѓе да си ја пронајдат вистината, да не живеат во лагата.

Забелешка: Бесплатен примерок е и споделувајте ја што повеќе. Доколку ја најдете на турски јазик споделете линк. Јас сум во потрага исто така.
Автоматски споено мислење:

Да го надоврзам и ова, дека со оглед на тоа што авторите на книгата се муслимани, нормално дека и не може да се очекува длабоко теолошко излагање.

Сепак, да се молиме што поголем дел на верници од исламската верска заедница да ја прочитаат, се надеваме и исламски теолози, бидејќи на крајот како што вели старата мудра порака од книгата:

Во пустината има само едно злосторство,
кое е пожестоко од убиството и потешко од кражбата:
Да знаеш каде има вода и да не кажеш!

Во контекст на темата од форумот, како што вели Бог: Оној што бара ќе најде, и кој чука на вратата од срцето ќе му се отвори, и ќе ја спознае вистината, и таа ќе го ослободи!​
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.775
...зборот "вистинската" е толку манипулативен и апстрактен што одма ме подсеќа зошто ги "конзумирам" религиите со голема доза на претпазливост
...пишувани од човека,интерпретирани од човека и "скроени" за човека :)
...го прочитавте некаде во мојот коментар Бог?
 
Сепак покрај толку нешта мора да постои една „АПСОЛУТНО ВИСТИНСКА СУШТИНА“, која го оправдува сето тоа, кои сме, што сме, од каде сме, зошто сме! Не сум робот па да немам свест за да се запрашам со милиони прашања за да осознаам една ВИСТИНА за сè она што ме опкружува (материјално, духовно, временски...).

Сепак, има една АПСОЛУТНА ВИСТИНА, и не може сè нешто да биде вистина што се предлага па да го прифатиме туку така без размислување и да нема ни потекло, ни смисла, ни тек или други особености. За среќа има една ВИСТИНА која што се потврдува на секој можен начин и која има смисла, потекло, тек, суштина, оправданост и други особености кои ја опправдуваат и потврдуваат како ВИСТИНА. Како човечко битие, имаме способност да осознаеме за нешто што се вика ВИСТИНА.

И да се разбереме, религиите се едно а верата е друго. Религии имаш многу и се засновани на разни нешта, може на традиција, обичаи, верувања итн., и тоа се вика религија. Но верата во Бога е нешто сосмеа друго и тоа не е религија. Многупати се истакнува дека Православието не е религија, туку е верба во Бога.

А зошто токму Православието, тоа оставам да испита секој еден. Како што јас имав можност да разгледам секаде по нешто и да направам споредби и испитувања. Сепак во секој аспект (барем за мене) Православието ми има најголема и најточна смисла за сите нешта. Не треба никогаш да бидеме зилоти (т.е. заслепени) во религијата во која што се наоѓаме, или пак да бидеме индиферентни дека некои нешта не постојат. Ако така мислиме, логички е да си поставиме прашање: „А што ако постојат?“ од кај да знам јас сè па да тврдам со 100% сигурност. Затоа секогаш сакам да осознаам, да испитам, да разгледам дали има смисла и логика, длабочина за да го прифатам нештото за апсолутна вистина. Како што знам не се родив со сето светско занење. Ако не е апсолутна вистина не го прифаќам. Христос пак рече: „Јас сум Патот, Вистината и Животот;“, така да што да барам повеќе вистина од ова за кое самиот Бог ни кажува?

Најдобро е да не живееме во лага туку да си ја побараме вистината од лица кои имаат можност да ни ја покажат и докажат, а не самите да си креираме виртуелни богови за кои можеби само ние си мислиме дека се вистински. Така можеби ќе живееме во голема лага и измама. Да се осознаеме прво, кои сме, што сме, од каде сме, зошто сме, и за каде сме!
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.775
Сепак покрај толку нешта мора да постои една „АПСОЛУТНО ВИСТИНСКА СУШТИНА“, која го оправдува сето тоа, кои сме, што сме, од каде сме, зошто сме! Не сум робот па да немам свест за да се запрашам со милиони прашања за да осознаам една ВИСТИНА за сè она што ме опкружува (материјално, духовно, временски...).

Сепак, има една АПСОЛУТНА ВИСТИНА, и не може се нешто да биде вистина што се предлага па да го прифатиме туку така без размислување и да нема ни потекло, ни смисла, ни тек или други особености. За среќа има една ВИСТИНА која што се потврдува на секој можен начин и која има смисла, потекло, тек, суштина, оправданост и други особености кои ја опправдуваат и потврдуваат како ВИСТИНА. Како човечко битие, имаме способност да осознаеме за нешто што се вика ВИСТИНА.

И да се разбереме, религиите се едно а верата е друго. Религии имаш многу и се засновани на разни нешта, може на традиција, обичаи, верувања итн., и тоа се вика религија. Но верата во Бога е нешто сосмеа друго и тоа не е религија. Многупати се истакнува дека Православието не е религија, туку е верба во Бога.

А зошто токму Православието, тоа оставам да испита секој еден. Како што јас имав можност да разгледам секаде по нешто и да направам споредби и испитувања. Не треба никогаш да бидеме зилоти (т.е. заслепени) во религијата во која што се наоѓаме, или пак да бидеме индиферентни дека некои нешта не постојат. Ако така мислиме, логички е да си поставиме прашање: „А што ако постојат?“ од кај да знам јас сè па да тврдам со 100% сигурност. Затоа секогаш сакам да осознаам. Како што знам не се родив со сето светско занење.

Најдобро е да не живееме во лага туку да си ја побараме вистината од лица кои имаат можност да ни ја покажат и докажат, а не самите да си креираме виртуелни богови за кои можеби само ние си мислиме дека се вистински. Така можбеи ќе живееме во голема лага и измама. Да се осознаеме прво, кои сме, што сме, од каде сме, зошто сме, и за каде сме!
...па добро,религијата не би била она што е без апсолутностите нели?
...респект на твоето длабоко испитување и осознание,бидејќи тоа ти дало душевен ред и мир во твојот живот
...и претпоставено да си во право за тоа што го тврдиш,патот до Бога секој треба да го бара во своето срце :)
...а тоа не не прави помалку верници или помалку осознаени нели?
...и за крај, на вечните егзистенцијални парадокси никој досега(освен Религиите) не успеал апсолутно и конечно да одговори...оти секој човек е универзум за себе,а не сериски и под матрица произведен продукт.
...а тоа е всушност и точката на кршење помеѓу Религиите и верниците
 
Брат, ги согледав твоите одоговори, и би сакал пак да се внуранам длабоко во размислувањето и да извлечам нешто од длабокото, ама си размислив и наидов на пречка во умот. Се прашав себе си пак одново, и што ако го кажуваме и продлабочуваме сето тоа, односно го исправаме тоа како што велиш јазолот каде што се кршат нештата помеѓу верниците. Зарем треба да постои таков јазол, и дали тоа ни нуди спасение за сето тоа што го исповедаме и го живееме во верувањето? Мислам дека секако не! Не треба да има никави бариери за до Бога. А реално да се сложувам со тебе дека постои за жал тој јазол, како што велиш помеѓу религиите.

На крајот останувам и сакам да размислувам, како разбојникот се покаја и го отвори срцето за Бог, и го исповеда Бога и со тоа беше првиот жител во Царството Небесно, каде нормално се стремиме сите ние да се вратиме во таа наша првобитна состојба во која што сме биле пред падот од Адамовиот грев. Дали јас сум Богоугоден со делата што ги правам за да стекнам лично спасение, односно дали ќе го поминам тој тесен пат. А другото нагоре, теологии, учења, филозофии, науки, измислени глупости околу нас, мислам дека тоа е некако многу! Нешто што воопшто не и треба на човечката душа. (Во ред, треба теологија да речеме како наука за да го покажува и одржува патот, да ја брани црквата во нејзините догми за да не погине таа а со тоа и ние самите), но мене искрено како верник не би сакал да знам ништо од тоа, бидејќи го чуствувам како голем товар т.е. како една мрежа на заплеткување на работите. Целта е што повеќе да се искристализира нашиот однос со Бога. (нормално на правилен начин т.е. вистински: покајание, исповед, причест, онака како што заповедал Христос, проповедале апостолите и како што е преданието на Светата Апостолска Црква и преку послушанието кон духовникот). Се друго мислам дека е одвишок и како што кажав заплеткување и стварно нема потреба да се навлегува во секакви глупости, бидејќи имаме и секојдневен нормален живот во опшеството, кој мора и тој да го живееме паралелно, заедно со здравиот дух во нас. Да живееме слободни и во духот и во секојдневието.

А верувај дека сум разгледувал и други работи веруваења, обичаи и религии и сум се интересирал да осознам што како, од каде на каде... Ама некако нема смисла сето тоа и на крај доаѓам до заклучок дека е чудно и лажно. Нема корен, не му се знае смислата, целта, има завиткано лага, измама, крајот му е трагичен и безсмислен. И го нема најважното, не постои вистинска љубов, онаа која денес ја знам како Христова љубов. Таа не може да се одглуми на друго место. Само Христос е тој што дава смисла на постоењето наше.

А за тоа дали сме помалку или повеќе верници, не знам да ти кажам, не сум размислувал за мерење и како се мери тоа. :) Но небитно нели, кој колку е верник, веројатно зависи од нашиот крај. Мораме до крај да стржариме над душата, да имаме добар крај, така вели Христос. А сè што вели тој, ВИСТИНА Е, бидејќи тој е Бог и дојде да му укаже на човекот со цел да го спаси.

(Се извинувам, не сакам со ова да наметнувам на некого нешто, но тоа се мои лични излагања, и не се упатени до никого, т.е. посебно не до Joshua_Tree :) Секој човек од Бога си има слоободна волја за да си одлучува).
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Истиот лик си, така?

Какви богови „Не заборавајте дека сме само луѓе на Земјата, нема дел од нас што не е од боговите„ ??? Теоријата за многубоштвото е одамна разрешена. Зарем треба да бидеме варвари - идолопоклоници пак?
Религиите се една (општествена) работа, додека пак тоа кој сме, што сме и од каде сме е сосема друга апсолутна вистина.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.775
Брат, ги согледав твоите одоговори, и би сакал пак да се внуранам длабоко во размислувањето и да извлечам нешто од длабокото, ама си размислив и наидов на пречка во умот. Се прашав себе си пак одново, и што ако го кажуваме и продлабочуваме сето тоа, односно го исправаме тоа како што велиш јазолот каде што се кршат нештата помеѓу верниците. Зарем треба да постои таков јазол, и дали тоа ни нуди спасение за сето тоа што го исповедаме и го живееме во верувањето? Мислам дека секако не! Не треба да има никави бариери за до Бога. А реално да се сложувам со тебе дека постои за жал тој јазол, како што велиш помеѓу религиите.

На крајот останувам и сакам да размислувам, како разбојникот се покаја и го отвори срцето за Бог, и го исповеда Бога и со тоа беше првиот жител во Царството Небесно, каде нормално се стремиме сите ние да се вратиме во таа наша првобитна состојба во која што сме биле пред падот од Адамовиот грев. Дали јас сум Богоугоден со делата што ги правам за да стекнам лично спасение, односно дали ќе го поминам тој тесен пат. А другото нагоре, теологии, учења, филозофии, науки, измислени глупости околу нас, мислам дека тоа е некако многу! Нешто што воопшто не и треба на човечката душа. (Во ред, треба теологија да речеме како наука за да го покажува и одржува патот, да ја брани црквата во нејзините догми за да не погине таа а со тоа и ние самите), но мене искрено како верник не би сакал да знам ништо од тоа, бидејќи го чуствувам како голем товар т.е. како една мрежа на заплеткување на работите. Целта е што повеќе да се искристализира нашиот однос со Бога. (нормално на правилен начин т.е. вистински: покајание, исповед, причест, онака како што заповедал Христос, проповедале апостолите и како што е преданието на Светата Апостолска Црква и преку послушанието кон духовникот). Се друго мислам дека е одвишок и како што кажав заплеткување и стварно нема потреба да се навлегува во секакви глупости, бидејќи имаме и секојдневен нормален живот во опшеството, кој мора и тој да го живееме паралелно, заедно со здравиот дух во нас. Да живееме слободни и во духот и во секојдневието.

А верувај дека сум разгледувал и други работи веруваења, обичаи и религии и сум се интересирал да осознам што како, од каде на каде... Ама некако нема смисла сето тоа и на крај доаѓам до заклучок дека е чудно и лажно. Нема корен, не му се знае смислата, целта, има завиткано лага, измама, крајот му е трагичен и безсмислен. И го нема најважното, не постои вистинска љубов, онаа која денес ја знам како Христова љубов. Таа не може да се одглуми на друго место. Само Христос е тој што дава смисла на постоењето наше.

А за тоа дали сме помалку или повеќе верници, не знам да ти кажам, не сум размислувал за мерење и како се мери тоа. :) Но небитно нели, кој колку е верник, веројатно зависи од нашиот крај. Мораме до крај да стржариме над душата, да имаме добар крај, така вели Христос. А сè што вели тој, ВИСТИНА Е, бидејќи тој е Бог и дојде да му укаже на човекот со цел да го спаси.

(Се извинувам, не сакам со ова да наметнувам на некого нешто, но тоа се мои лични излагања, и не се упатени до никого, т.е. посебно не до Joshua_Tree :)Секој човек од Бога си има слоободна волја за да си одлучува).
...ќе се вратам уште еднаш на насловот од темата,зато што поради него и одлучив да напишам коментар.Интересна ми е навиката на многумина да пишуваат свои лични ставови во множина а не во прво лице еднина :)
...ненамерно или намерно наметнување на личен став(или страв)?!
...како и да е, пожелно е да коментираме со лични ставови без генерализација или ословување во било кој контекст.Така и по 10 години ќе читаме квалитетни мисли и коментари
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.927
Поени од реакции
5.069

Ако припадник на одредена вероисповест/религија почне да изнесува свои ставови во прво лице во еднина, тогаш на која религија и‘ припаѓа тој верник?....:icon_lol:
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.775
Ако припадник на одредена вероисповест/религија почне да изнесува свои ставови во прво лице во еднина, тогаш на која религија и‘ припаѓа тој верник?....:icon_lol:
...не знам, ама сигурен сум дека ќе ми кажеш
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.927
Поени од реакции
5.069
...не знам, ама сигурен сум дека ќе ми кажеш
И ја‘, такуѓере, не знам...:)

Ама знам една работа за сигурно; кој се нафатил да биде дел од Црквата Христова и решил да ја исповеда токму таа вера, прв (пред)услов за таков чин (на прифаќање) е тргањето на своите ставови „на страна„ и прифаќање на туѓите/црковните/Божјите (ставови) за свои...

Према томе...
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.775
И ја‘, такуѓере, не знам...:)

Ама знам една работа за сигурно; кој се нафатил да биде дел од Црквата Христова и решил да ја исповеда токму таа вера, прв (пред)услов за таков чин (на прифаќање) е тргањето на своите ставови „на страна„ и прифаќање на туѓите/црковните/Божјите (ставови) за свои...

Према томе...
...прифаќањето е божествено,свето и безусловно @PROROKOT затоа што пушташ нешто или некого во своето битие без задршки
...само што во случајот на религиите сведоци сме на опасни манипулации и интерпретации со тој поим
...отфрлање на своето...секоја чест и со среќа за оној што слепо оди по тој пат...а останатото е само ефтин памфлет
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.927
Поени од реакции
5.069
...прифаќањето е божествено,свето и безусловно @PROROKOT затоа што пушташ нешто или некого во своето битие без задршки
Да, Го пушташ Бога во себе...
Автоматски споено мислење:

...само што во случајот на религиите сведоци сме на опасни манипулации и интерпретации со тој поим
Има и такви (религии), ама таквите (ти) служат за да го оправдаш нивното неприфаќање, а не за да се впуштиш во трагање по вистинскиот бог...
Автоматски споено мислење:

...отфрлање на своето...секоја чест и со среќа за оној што слепо оди по тој пат...а останатото е само ефтин памфлет
Еве, ја‘ верувам дека секој збор кој го изнесуваш на темава, е чисто твој мисловен „производ„, односно став кој е толку оригинален, што никому на Светов и на веков до сега не му паднал на ум...
 
Член од
15 март 2022
Мислења
12
Поени од реакции
15
...ќе се вратам уште еднаш на насловот од темата,зато што поради него и одлучив да напишам коментар.Интересна ми е навиката на многумина да пишуваат свои лични ставови во множина а не во прво лице еднина :)
...ненамерно или намерно наметнување на личен став(или страв)?!
@Joshua_Tree во претходнот мое излагање, како што можеш да забележиш на крајот, потенцирав дека не наметнувам на никого ништо дури со нагласок конкретно не тебе. А и никој не може да ми наметне нешто ако јас сум доволно свесен и цврст во моите сознанија и знам како точно ја исповедам мојата вера.

Според тебе кој би бил вистинскиот начин за овој вид на тема, ако не исказите, верувањата, учењата, сведоштвата, преданијата, примерите итн... искажани директно преку нас (мене) самиот за верата од она што го имам осознаено? Да можеби убаво би било да би се вклучиле и теолози на форумот, баш во оваа гранка. А, и досега не согледав нешто возвишено, убедливо, прецизно во однос на она за што се однесува оваа тема. Не сретнав некои јаки факти, докази, учења, сведоштва па дури и убедувања, за да се информирам.

...како и да е, пожелно е да коментираме со лични ставови без генерализација или ословување во било кој контекст.Така и по 10 години ќе читаме квалитетни мисли и коментари
Во ред, ќе се потрудам, да внимавам малку повеќе следен пат. И наведи по кои насоки и со какви докази, поткрепи, искази, факти или што мислиш ти, би можеле да допринесеме (т.е. допринесам) за пронаоѓање на вистинската вера користејќи ја оваа тема од форумот. Јас би се ориентирал во тој правец.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom