Која е вистинската вера/религија?

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Бидејќи постојат овие религии кои се дијаметрално спротивни и се нергираат истите и се осудуваат истите дека се лажни - има повеќе богови од еден (не е само еврејскиот) или се оди на идејата дека едните лажат и не ги разбираат божествените патишта?

Од книгата:
Овие примери ни даваат основа да го поставиме прашањето поврзано со причината за преминувањето од ислам кон христијанството.
Според различни извори (литература, лични сведоштва, медиумски изјави и друго) основните причини за преминувањето на муслиманите кон христијанството може да се систематизираат во следните неколку точки:
1) Совршениот карактер на системот на вредности на христијанството, кој дава слобода, апсолутна смисла и јасна крајна цел на човековиот живот;
2) Квалитетите на библискиот Бог, кои убедливо говорат дека тоа е единствениот вистински Бог;
3) Структурата, содржината, многуте нејасни и противречни места во Куранот;

А за исламот преминување, не е ова туку „поведението“ на верници, не дека исламот нуди вистина за божественото... пристрасност е ова, иако потоа се бара „разбирање“.
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.775
Не е ниту чуство.Во она повторно поврзување нема ништо со кое човек би направил споредба со чуствува или со било која емоција.Чуство на без чуство...празнина,а таму нема ништо!
За таа состојба зборувале повеќето ,но со зборови тешко дека може да се објасни.

Зен..
за опишување на Наглото просветление
често користат метафора - на бурето му отпадна дното. Кога тоа
ќе се случи, целата содржина одеднаш исчезнува.

Кога сме будни, светот на сонот речиси и да го нема, а кога сонуваме, не постои светот на сетилата. Значи, ниеден не е вистински. "" Но, што е тогаш навистина реално? ", прашал кралот. "Постои состојба која е од другата страна на овие два света! Откриј ја. Тоа е единствената реалност".

Суфизам..

Кога душата легнува во таа трева, светот е преполн за говор.
Мислите, јазикот, дури и оној израз заемно, губат смисла.

Го прашав зачетокот зошто останува
склопчен во мракот со затворени очи.
Чуј му го одговорот.
Нема „друг свет.“
Го знам само она што сум го искусил.
Тебе мора да ти се причинува.

Ако човек со сите свој чуства и емоции има одраз во огледало..во духовна смисла.
Прегледај го приврзокот 325223

Религија или она повторно поврзување е без одраз во огледалото.

Има доста споредби да не ширам , но тоа е тоа!
...убаво е за човека да биде свесен за тоа што го напиша,но сепак да верува :)
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
...убаво е за човека да биде свесен за тоа што го напиша,но сепак да верува :)
Треба да се практикува, "тоа што пишувам, тоа го живеам", па макар пишувал во трето лице.

Сега за момент, внесисе во зборовите што ги напишав за кој ти кажа убаво е човек да биде свесен за тоа.
Во таа празнина каде лебди вечното прашање "кој сум јас", кој е тој што верува и во што треба да верува?
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.775
...за да ја "одиграм" улогата на животот не ми е потребен вакуум,@alf
...тоа што ти ми го "црташ" е само слика на едно "збогум"
...знам дека ме разбираш што пишувам :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.460
Православието.
Да, случајно сум се родил во вистинската религија.

Мада, секој кој го прифаќа Господ Бог Исус Христос како свој личен спасител, е мој брат.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
...за да ја "одиграм" улогата на животот не ми е потребен вакуум,@alf
...тоа што ти ми го "црташ" е само слика на едно "збогум"
...знам дека ме разбираш што пишувам :)
Во книга Јов, ѕирни за трите другари, па и за тој четвртиот какви "слики" му цртаа на Јов, а каква "слика" црташе Јов.
Знам дека ќе разбереш. :)
 
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936

И јас мислам дека се разбирате. (y)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.927
Поени од реакции
5.069
Тогаш сите религии во светот и нивните секти водат кон трагање по вистината!

Огревовеност има во христијанството. Оној што не е христијанин го нема тоа „огревовеност“. Во многу учења го нема еврејскиот концепт на првобитен наследен грев од своите родители.

Покајание доаѓа од ова претходното, христијански концепт.
Откажување од светот дали значи носење живот во светот, деца? И какво е тоа откажување од светот кај еден просечен верник христијанин што не е христијански монах?

Врвење по бога е општо, кој бог? Кој концепт на божественост е вистинскиот? За христијаните Исус Христос, концептот на тројност, кај евреите еден бог, без синови и ќерки, исто како и кај исламот, Аллах...?

Царството небесно ако е „ пат навнатре“ го има во многу религии и учења... посебно истокот.
Коментари, по пасуси:
-може да се каже дека религиите трагаат по вистината, но битен е крајот-која вистина е достигната?
- огревовеноста е човекова наследна особина и начин на постоење и не е поврзана со самите религии, така да религиите огревовеноста можат и не мораат да ја „регистрираат„,
- покајанието е човекова духовно-душевна потреба, а христијанството ја посочува како суштиски потребна,
- врвењето по живиот, овоплотениот, распнатиот и воскреснатиот Богочовек.
- Царството Небесно не е од овој Свет, туку е надвор од Светов и истото со напор се достигнува.
 
Член од
15 март 2022
Мислења
12
Поени од реакции
15
(Бесплатен примерок) Со помош на оваа споредба, во книгава безусловно се докажува дека христијанството и исламот се две потполно различни религии и дека христијаните и муслиманите не се молат на еден и ист Бог. Суштината, содржината и целта ја има во оваа книга книга.
Се молат ли христијаните и муслиманите на еден и ист Бог?
Пред читателот да започне да ја чита книгата, треба да знае зошто ја чита и што очекува од неа?
Ние, како автори, сме должни да ја дадеме причината поради која предлагаме ваква книга. Уште во самиот почеток ќе покажеме колку е значајна оваа тема, како за христијаните, така и за муслиманите.
Повод за пишувањето на книгата е широко распространетото погрешно мислење дека христијаните и муслиманите се молат на еден и ист Бог, но дека во двете религии тој Бог има различно име. Така мислат и некои виши духовници од двете религии. Освен тоа што од доктринарна, фактолошка и историска гледна точка, ваквото мислење е потполно погрешно, тоа пред се има директна врска со вечноста на луѓето кои ги исповедаат овие две религии. Христијаните и муслиманите треба да знаат две работи: Прво - дали Богот на Кој тие се молат е еден и ист? Второ - ако не е еден и ист, тогаш дали Богот на Кој се молат е вистинскиот Бог?
Тоа многу лесно може да се утврди, ако се споредат суштината и вредностите на:
а) Библискиот Бог и Алах;
б) Библијата и Куранот;
в) Христос и Мухамед;
г) Карактерот и историскиот развој на двете религии.

Со помош на оваа споредба, во книгава безусловно се докажува дека христијанството и исламот се две потполно различни религии и дека христијаните и муслиманите не се молат на еден и ист Бог.
Тоа е суштината, содржината и целта на оваа книга.

Препорачана за сите.
 
...човекот има право да ги слушне и увиди сите мислења,алтернативи и можности
...но,кој е тој што има право да прави такви споредби,анализи и слични тракатанци?
...зарем не е и субјектот(во случајов човекот)предмет на понатамошни анализи и споредби?
...рингишпил нели?
...се додека она во што верувам ми дава чувство на мир и смисол на мојот живот немам намера да правам такви екскурзии :)
 
Секој си има право на мислење. Но овде се работи за научен труд креиран од експерти во својата област (професори и асистенти). Така да секое наше мислење е релативно.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Секој си има право на мислење. Но овде се работи за научен труд креиран од експерти во својата област (професори и асистенти). Така да секое наше мислење е релативно.
Секое мислење во однос на божественото е релативно и е дел од нашето искуство и разбирање на светот и себе си како индивидуи, како и целото човештво.
Мислам дека и во библијата има примери како божественото не бира преку кој ќе зборува по тоа дали има напишано научен труд или дали е по професија принц или обичен столар :coffee:

“You asked, ‘Who is this
who conceals My counsel without knowledge?’
Surely I spoke of things I did not understand,
things too wonderful for me to know.

You said, ‘Listen now, and I will speak.
I will question you, and you shall inform Me.’
My ears had heard of You,
but now my eyes have seen You.
Therefore I retract my words,
and I repent in dust and ashes.”
- Book of Job, таму некаде при крајот

Пробајте да зборувате за религиите без да споменувате богови и што сакале или како ќе направеле истите (или да споредувате еден со друг концепт на божественост) - ќе видете како се менува перцепцијата за нештата.
Одеднаш се е вистина и се е лага, се е игра... искуство.

Не заборавајте дека сме само луѓе на Земјата, нема дел од нас што не е од боговите :)
 
Какви богови „Не заборавајте дека сме само луѓе на Земјата, нема дел од нас што не е од боговите„ ??? Теоријата за многубоштвото е одамна разрешена. Зарем треба да бидеме варвари - идолопоклоници пак?
Религиите се една (општествена) работа, додека пак тоа кој сме, што сме и од каде сме е сосема друга апсолутна вистина.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Какви богови „Не заборавајте дека сме само луѓе на Земјата, нема дел од нас што не е од боговите„ ??? Теоријата за многубоштвото е одамна разрешена. Зарем треба да бидеме варвари - идолопоклоници пак?
Религиите се една (општествена) работа, додека пак тоа кој сме, што сме и од каде сме е сосема друга апсолутна вистина.
:coffee:
Ќе оставам други да дебатираат за ова што го кажа...
Јас навистина не можам пак да се враќам 1000 чекори назад и да се објаснуваме како „многубоштво“ (што и да значи за тебе) е теорија (и некако земено во старт како зло или погрешно), а христијанство и ислам се егзактни практични религии кај кои нема теорија, директно пракса...

На крајот пак велиш дека „религиите“ се општествена работа, додека апсолутната вистина (не знам ни тоа што значи за тебе) е сосема друга работа.
Ме изгуби тука...

По тоа што го кажа ни велиш дека ниту една религија до сега не е вистинската или јас не те разбрав добро?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom