кое од пишаното е глупост, објасни ми?
да, свесен сум колку македонци биле убиени по барање на бугарските цареви, тоа и го нагласив и дури набројав неколку масакри врз македонско цивилно население од страна на бугарите, далеку пред убиството на српскиот крал во Марсеј.
не посегнувале по бугарскиот цар и тоа е евидентно, еве те молам наброј ми успешни или неуспешни атентати врз бугарски кралеви или високи претставници на Бугарија од тоа време, а потоа наброј ми врз колку српски кралеви и високи претставници на Србија имало успешни или неуспешни атентати и ќе стигнеш до одреден заклучок кој што ќе ти укаже дека тогашното ВМРО и те како имало афинитети спрема Бугарија, што е евидентно по бројот на членови на таа организација кои што се декларирале како бугари, бугарофили, како и по нивните постапки и некои други работи за кои ако ги изјавам ќе ме линчувате тука, пред се поради вашето елементарно непознавање на историјата што е очигледно по тоа што го пишувате.
ако некој пишува тука небулози тоа си дефинитивно ти, па кај го убиле кралот Александар Караѓорѓевиќ?
у Македонија го убиле или го убиле во Марсеј? цар Борис не излегувал воопшто од Бугарија? мнозинскиот дел од ВМРО не било ..во Бугарија, највисоките преставници не живееле во Софија? одлуки за што ќе прават во Македонија не се носеле во Софија? немале прилика да го убијат или не сакале да го убијат?
ако сериозно мислиш дека черноземски не е роден, израснат и не живеел до 1932 у тогашна и денешна Бугарија, не бил во бугарската војска и не учествувал во прва светска војна на страна од Бугарија, тогаш немаш апсолутно никакво познавање од историја и џабе уопште да дискутираме на оваа тема.