искрено, дел од наведениве сакав и јас да ги додадам при дискусија со членовите, и ќе кажам дека се сложувам со тебе.
во врска со првото, јас лично сум роден, израснат и живеам во град кој што не е Скопје, но сум бил сведок на многу жени од моја околина кои што одеа на факултети и работеа во Скопје се со цел за да упецаат таков маж или пак дечко и да се преселат таму да живеат, некои дури и го одложуваа факултетот се со цел да пронајдат некој таму.
истотака, истото сум го приметил и со девојчиња од околни села каде што живеам кои што приоритет им е да се омажат во град, или доколку се омажат со некој од сопственото село или од соседното, истиот да го форсираат да продаде што има во селото (нива, куќа) и да одат да живеат во најблискиот град или во главниот град.
долго време сум сметал дека зависи од човек до човек, но сепак многу често кај мнозинството девојчиња од села биле евидентни некои малограѓански карактеристики кои можеби мене ми биле одбивни.
(пред да почнете да напаѓате, сево ова е мое мислење базирано на мое искуство)
добро е што го напомена моабетот за типки кои што предобро се однесуваат спрема тебе или глумат некоја невиност и наивност, за на крај таа наивност да ја користи кога ќе ја соочиш со некои нејзини постапки, како и самиот моабет дека не е она како другите и нема причина зашто да сумљаш и слично, сметам дека секој маж во животот се има испечено на една ваква и можеби истите се причина за да не веруваш повеќе во зборови туку само во постапки, дури и утре да се сомневаш во двата збора ,,те сакам" кажани од личност од женскиот пол.
за константното флертување, дури и пред сопствениот партнер со други мажи, како и јавно (по пат на социјални мрежи) и пред него барање пажња и валидација преку специфични начини на однесување или пак облекување нема што да говорам, мислам дека на сите ни е јасно.
одличен пост и се сложувам со тебе.