@joli1 спомна интересен момент, за којшто слушав еден психолог. Според него, жените бидејќи со мечти и емоции и духовност добро стојат, подобро можат да истераат врска на далечина, додека за машко е тешко речиси невозможно да се поврзе доколку нема редовен контакт со физичка близина со партнерка, не мора да е ни интимен однос секогаш. Ама ете, треба да е таму за да се поврзе. Што мислиш за ова? Има врска?
не можам да одговорам во име на сите машки на форумов, но можам да одговорам на прашањето базирано на мое искуство, па затоа се надевам дека и другите форумаши ќе дадат сопствено мислење на твоето прашање.
јас лично сметам дека е потребна здрава дистанца кај двата пола на почеток за да се створат емоции (најчесто преку фантазирање за потенцијалниот партнер во периодот на негово кратко или подолго отсуство) и сметам дека константната достапност на почеток на дејтањето или врската е можеби и turn off и кај машките и кај женските.
но од друга страна, јас лично не би можел да створам емоции доколку истата не е физички присутна во мојот живот, или како што кажа членот погоре, подеку од очи, подалеку од срце.
интимноста, физичкиот контакт и односи дефинитивно играат голема улога кај машката популација, мислам дека еден од рецептите за да се оладиш од типка е кога истата нема да ти ги задоволува тие потреби или ќе те условува за истите.
за да го одговорам твоето прашање: да, сметам дека физичката блискост, физичкиот контакт игра голема улога кај машката популација дури (можеби) и далеку поголема отколку кај женската популација и истата можеби е клучна за создавање на атрактивност кај машкото.
истотака, комуницирање преку социјални мрежи, facetime, и останато поприлично ниту еден маж не го преферира, при разговор со пријатели на оваа тема истите ми го имаат потврдено тоа дека кај нас машките најчесто комуницирањето преку социјални мрежи не замара и дистанцира.
Во врска на далечина, под претпоставка дека се двата подеднакво заљубени еден во друг, многу е поголема веројатноста дека жената прва ќе изневери.
со овој дел се сложувам.