се сложувам со тебе во врска со првиот дел како и со мнозинскиот дел на твојот пост.
но, сметаш ли дека таквото понашање и непрофесионализам т.е незамарање е резултат на големата побарувачка, а неголемиот број на мајстори во државата, што им овозможува на истите да забушаваат?
искрено, сметам дека и самите луѓе кои што ги повикуваат мајсторите дома се криви за нивното однесување, јас лично да ми дојде пијан мајстор (честа појава), или да ми забушава при работењето би го избркал и не би ризикувал истиот да ми работи низ дома.
алкохол не треба да се служи на човек кој што го плаќаш да ти сработи нешто низ дома, но давање на јадење и безалкохолен пијалок за да се освежи е скроз домаќински потег.
решението е едноставно, мењавање и на тој мал број мајстори кои што се моментално во државава, се додека не најдеш адекватен мајстор кој што ќе си ја заслужи таа дневница која што ја бара и ќе си ја заврши работата онака како што е договорена.
Проблемот Јоли е што не знаеш со кого си фанал работата, додека не почне…
И не е проблем алкохолот, ни па го спомнав.
Самата способност на мајсторот ќе ја видиш тек кога ќе одмине дел од работата..
Јас лично ретко работев на поправки, повеќе инсталации на карабини, што значи на празни куќи кај што никој не ти виси над глава…
слобода колку сакаш, што сакаш… едино да завршиш пред да дојдат малтерџиите, мада ретко кога имавме притисок од рокови.
Кога се работат реновации, и посебно кога се живее во таа куќа, па ти им сметаш, им пурашиш, им брчиш, им чукаш..
Е тогаш се гледа кој е профи кој не!
Ние струјаџиите во еден ден ќе завршиме било што…
Али плочки, рушење/ѕидање, бетонирање, фарбање/глетовање..
Самиот процес бара време, па да стегне, да исуши, и шта ти не…
Е тогаш почнуваат заебанциите!
-Ти рекол три дена, а една недела абер нема!
(Пошто ни самиот нема појма од работата да направи приближна проценка)
-Ти урачунал толку материјал, рака, се..
Испаднало повеќе…
-Требало да дојде во Среда, дошол тек во Петок…
-Ти сакаш вака, он те убедува така (не оти е правилно) туку зошто него му е полесно!
Кога ќе се освестиш… веќе е касно, си заглавил до гуша со него!
А веруј ми, ако еден мајстор нешто мрази од дното на душата, тоа е да поправа засерено од друг “мајстор”!
Сакаш нејќеш, си заглавил со првиот…