- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 3.444
- Поени од реакции
- 11.317
Мислам дека секој нормален човек се сложува дека red flags за една здрава врска се пороците: дрога, алкохол и коцка.
Се друго е лична преференца и нешта кои произлегуваат од некои минати искуства. И да, тоа што мене ми беше red flag пред 10-15 години, нема врска со тоа што ми е red flag денес.
Што се однесува до моите лични преференци и од мое некое искуство, работи кои би ми го светнале црвениот аларм се:
Мислам дека генерално тоа е тоа, се останато може да се купира.

- Преголема посесивност и опсесија со партнерот. Кога сака во секое време да знае каде сте, со кого сте, што правите и прави драма ако не одговарате веднаш на повици и пораки.
- Кога ве тера да се чувствувате виновно затоа што поминувате време со други луѓе.
- Кога не сака да прифати дека имате и машки пријатели со кои другарувате од детство, па прави неоправдани љубоморни сцени.
- Не ми се допаѓа и фалење за бројот на партнери.
- Првиот знак на губење контрола исто така треба ви биде red flag на сите, независно дали станува збор за физичка или вербална.
- Лажење и манипулација.
- Не чита книги и се фали со тоа.
- Не сака животни: ова многу ми кажува за човекот. Не зборувам за тоа дека мора да чува животно дома, туку дека не се однесува сурово кон нив.
- Да знае основни животни вештини за да преживее. Немам ништо против да готвам, перам и чистам за него, ама не сакам да биде на став дека жените мора да го прават тоа за мажите заради тоа што се традиционално и генетски предоредени да бидат домаќинки. Нема да му падне круната ако реши да помогне околу тоа.
- Непочитување кон моето семејство.
- Непочитување кон неговото семејство.
- Непочитување кон други жени.
- Нехигиена и неуредност
Мислам дека генерално тоа е тоа, се останато може да се купира.