Мутава е анкетата "Дали социјалните мрежи имаат улога во еден брак или врска?" - нормално дека имаат, во суштина се има врска не само социјални мрежи, жива материја е, пластелин, се обликува и прилагодува, или распаѓа, под влијание на се наоколу.
Вториот дел од насловот: „разведени и сингл жени после 35та“ - не треба многу филозофија, свртете се наоколу и видете колку од нив се премажуваат и во какви услови. Апла реткост е маж да сака да гледа туѓо дете, и не само кај луѓето туку и во животинскиот свет. Голем дел може да не го гледаат со недели ни своето, не пак да се замараат за туѓо.
Разведени без деца во голем дел од случаевите имаат поголема шанса од разведени со деца, ако мажот има деца, или не сака, тогаш нема лимит на возраст, во спротивно веројатно има граница околу 40ка.
Ајмо нова тема зошто не се женат/мажат и зошто се разведуваат. Имав еден професор, тазе беше разведен, во неколку наврати викаше дека единствено поголема глупост од бракот е разводот.