- Член од
- 8 јануари 2012
- Мислења
- 10.287
- Поени од реакции
- 15.430
Таа година кога го уапсија Џепарот, јас бев со моето друштво во Градиште, голема тајфа плус уште 2-3 клапи од мојот град. Навечер почесто излегувавме во дискотеката во Десарет.Со нетрпение чекам....
Од сите споменати личности на овие 837 страни само Љац има факултет и тоа во Нови Сад.
Една вечер служеше една конобарка која се преставуваше како Маца, се сеќавам носеше некои фармерки исцело со ремењачи горе, доста слаба на тело, плавуша со два репа како малите девојчиња. Порачувавме цели тури .....и кога еден мој другар порача и плати за турата, виде дека оваа го украла за 2-3 пијачки. Се извини таа и рече дека ќе му врати пари...на што другарот и рече дека немора, за тие украдени пари ќе крши во диското....
Зеде една чаша или шише и ги скрши. одма долетаа од сите страни ,,типови,, а најгласен беше еден како Дибек од цртаните-висок, крупен, со брада, стомак како дибек.....и на другарот му вика-што кршиш бе ќе ти ја скинам главата. Тогаш друг еден од друштвото(најмалиот-лесна му земја, починат е) му вика на Дибекот-абе кафанава кабриолет ќе ти направам( а таа отворена дискотека-без кров).,..и скокна сите, и се направи мешаница.
Дотрча и Џепарот и водив дека сите беа малку запрепастени и никој не почнуваше да мава...како да мислеа дека сме пратени провокатори од страна. Најмногу ради мојата смиреност а и на Џепарот се смири ситуацијата...иначе не ни бегаше фрлање во енѕерото, и тоа тепани убаво.
После тоа другите денови разменуваме дојч марки кај Џепарот и некако како да се спријателивме...виде дека млади деца... пијани....
А таа Маца му била швалерка, или девојка за забава на Џепарот...но како што разбрав од ориѓани баш таа му ги ставила лисиците кога го апселе. Уфрлен агент....