Сите знаеме каде се парите, ама никој не те праша дали имаш волја за да работиш некоја високо платена работа, еве во случајов да речеме градежно или ИТ.
Теоретски, да , секој може да биде и плочкар и банкар и менаџер и неврохирург, ама реалноста е мнооогу, мнооогу поинаква.
Јас како помал пробав 4 различни видови градежна работа и во ниту една не се пронајдов.Едноставно не сум предодреден за такво нешто.

Мајсторите сум ги гледал, ме учеле, повеќе од 10-20 секунди не сум можел да го задржам вниманието на работата.
Средно училиште завршив електро-техничар, татко ми е електричар истотака, ме учел уште од мали нозе, се било за џабе.Едноставно не ме интересирала ни најмалку таа работа.
На крајот морав да ја земам судбината во свои раце и да заработувам од работа која е по моја волја.Не е ниту легална, ниту нелегална, тука некаде помеѓу е ајде да речеме, ама барем печалам од работа која јас ја сакам.
Заработувачката е пристојна.
Муабетот е, многу е лесно некој кој успеал да им држи предавање на останатите и да им суди дека се неспособни и никој не им е крив што не успеале во животот да заработат добра сума на пари.
Ама никој не те праша дали си предодреден за истото нешто од кое се заработува добро.Вакви демагогии сум ги слушал и ги слушам секој ден од животот.