ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Патување 40: 1940 - 25.11-08.12.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.842
Поени од реакции
36.887
Втор пат од почетокот на времепловов random.org ме однесе во година која веќе ја поминавме - 1977. Ова беше од втор обид.

1706480265721.png


Недела 15: 1960 - 28.01-03.02.2024

Годината во која Елвис Присли го снима првиот филм по враќањето дома од војска, G.I. Blues. На 16 јуни во САД премиеарата ја доживува веројатно најпознатиот филм на Хичкок - Psycho.

Во 1960 се раѓаат: Марк Риленс, Кортни Б. Венс, Хуго Вивинг, иранскиот режисер Јафар Панахи, Ричард Линклејтер, Антонио Бандерас, Тимоти Хатон, Шон Пен (последните тројца во иста недела), Хју Грант, Колин Фирт, Мелиса Лео, Роб Маршал, Жан-Клод Ван Дам (сите четворица заедно :D ), Тилда Свинтон, Стенли Тучи, РуПол, Дерил Хана, Џулиен Мур, Кенет Брана и многу други.

Отишле во вечноста: Кларк Гејбл ( It Happened One Night, Mutiny on the Bounty, Gone with the Wind), Вард Бонд (It's a Wonderful Life, The Searchers, Rio Bravo), Ричард Кромвел (The Lives of a Bengal Lancer, Jezebel), Леонора Корбет (Love on Wheels, Living Dangerously), Алма Кругер (His Girl Friday, Saboteur) и многу други.

За прв пат на филм светот ги видел: Ричард Чембрлејн, Брус Дерн (таткото на Лора Дерн), Алберт Фини, Џејн Фонда, Силвија Мајлс, Питер О'Тул, Роберт Ретфорд и некои други.

1706481295887.png

1706481342016.png

Листа со сите номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/33rd-academy-awards-oscars-1961/
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.842
Поени од реакции
36.887
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Прв ти е од Вајлдер ова? :стикер на кој му експлодира главата:
Не, трет. Witness for the prosecution i Lost Weekend ги глеав претходно, ги има на темава.
Од класичниот Холивуд многу слабо имам гледано пошто не уживам баш у црно бели филмови и никад не сум ги зимал у предвид. Али темава е добра за тоа и ќе гледам да поминам низ све што вреди и има култен статус.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Bad Sleep Well (1960)
Warui yatsu hodo yoku nemuru


Единствено полошо од црно-бел филм е темен црно-бел филм. Јапонски.
Саат време се борев да ги запамтам ликовите и кој беше кој.

Мистерија нешто, почнува со свадба па доаѓа полиција и апси неколку луѓе кои биле вклучени у некоја криминална шема таму со една градежна компанија и осигурање ваљда ли поима неам не сфатив. Не е толку битно тоа битно е дека имале некоја шема и секој што ќе мрдне на страна од планот го јаде помрачина.
И сеа младоженецот уствари се жени со ќерката на еден од тие, се со цел да се одмазди за смртта на татко му кој претходно работел у фирмава.

2 ипол саати трае и е многу досаден филм, премногу муабет, брзи ликови, сите исти, лоша кинематографија, лоша снимка, премногу темен, премногу обична и мех мистерија, предвидлив и апсолутно ништо посебно од филм.

Акира Куросава е режисер, ова му е втор палец надоле од мене, после Рашомон.

5/10 оцена едвај.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.842
Поени од реакции
36.887
26. The Time Machine - George Pal (1960)

1706805161599.png

Како што Moviespotting го должи своето име на филмот Trainspotting, а Film Club на Fight Club, така Филмскиот времеплов е „крстен“ по овој филм. Веројатно првата екранизација на класичниот научно-фантастичен роман на Херберт Џорџ Велс со истото име „Временска машина“ или „Времеплов“ (од мое време). Романот ми е една од омилените книги од детството. Во мое време беше лектира за 5 одделение и иако јас и пред тоа имав прочитано и многу повеќе од што се нудеше на списоците за задолжителна лектира од 1-4 одделение, токму „Времеплов“ беше иницијалната каписла да се вљубам до таа мера во книжевноста што потоа водеше до тоа и да студирам книжевност. Романот е прекрасен, се уште ми е криво што со последните измени на списокот за лектири за основно, од 2019 беше укинат како задолжителна лектира, зашто навистина вреди да го прочита секое дете: не само што ја продлабочува детската имагинација, го носи во светови во кои претходно не бил (научно-фантастични), туку и го тера да размислува - кон што се движи човештвото и што ќе се случи со нас по околу 800 000 години.

А екранизацијата - прекрасна! Со прекрасни визуелни ефекти за што сосема заслужено филмов има земено Оскар, ме врати повторно во времето кога со задоволство ја читав, препрочитував и прераскажував на моите со таков восхит како јас да сум ја напишал. Една единствена замерка - јас Елоите не ги замислував како луѓе, не ни беа така опишани во романот. Во филмов изгледаше како Морлоците да еволуирале и физички и психички од човекот, но Елоите физички се буквално идентични со денешниот човек, само без емоции, без љубопитност, без желба за живот, без воопшто да размислуваат за утре или вчера, мислејќи дека тоа им е предодредено. Буквално: луѓе без жар. Во романот беа суштества, бледи, ниски, поразлични од денешниот човек. Или барем јас така ги замислував. Како и да е, уживав во филмов подеднакво колку и во „Времеплов“ во петто одделение! 9/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Magnificent Seven (1960)


Прво мислев да му дадам предност на 7 Самураи на Куросава, по чија идеја е снимен и овој, и оној третиот со Дензел Вашингтон и Крис Прат, ама коа стаив на вага - од една страна црно бел јапонски филм со непознати актери кој трае саат време поише од овој, од друга страна Стив МекКвин, Бронсон, Кобурн, Ели Валаш, на крај пресудија американците.

Се работи за вестерн филм, во едно мексиканско село жителите се под константно рекетирање од страна на бандити предводени од Калвера, за да го спречат тоа ќе одлучат да изнајмат луѓе за да ги одбранат. Еден кељавко ќе одлучи да им помогне и да собере екипа од 7 Величенствени кои ќе ја одбранат честа на селаните и ќе ги научат како да се бранат.
Вестерн као вестерн, ја си ги сакам овие филмови али се согласувам со оние што викаат - ако си изгледал еден вестерн исто како да си ги изгледал сите, ко и за џез музиката де.
Мене ми се свиѓаат, а потполно ги разбирам и оние што ги мразат, ко Злате рецимо.

7/10 оценка.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Never Take Candy from A Stranger (1960)
Never Take Sweets from a Stranger


Изразов, можда и најдобриот совет што едно мало дете може да го добие, доаѓа од филмов.
Вознемирувачки филм, параноичен, непријатно чувство каде две мали девојчиња паѓаат во раце на еден стар педофил, лик којшто е моќен во градот и лик кој цел живот претходно бил ваков само што народот околу се правел слеп на тоа заради позицијата на стариот и неговиот статус во општеството.
Но, семејството Картер не се откажува од намерите да го лишат од слобода педофилот, случајот го носат на суд, каде 9 годишно дете е извадено пред порота и адвокати да си ја брани приказната и непријатното искуство со господинот Олдербери.

Мислев ќе бидат поумерени муабетиве, ама не, одма те шокира, не те ни спрема за она што те очекува.
Саат и 20 минути трае, сосема доволно, ја држи тензијата цело време и не мрда од поентата.

8.5/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.842
Поени од реакции
36.887
@Џонтра Волта постави сопствен рекорд со 1960, дури 4 филма. Никогаш до сега немаше повеќе од 2. Морав да го менувам изгледот на табелата и формулите. :P

21 филм до сега и 6,62 оценка, што е повисока и од мојата средна и од средната оценка на @McLovin . :bravobe: Си омекнал. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.842
Поени од реакции
36.887
1707041121519.png

Недела 16: 1981 - 04.02-10.02.2024

Годината во која гувернерот на Калифорнија, актерот Роналд Реган бил инаугуриран за претседател на САД. MGM ги купиле конкурентите United Artists. 53 Оскари се одложени затоа што претходниот ден новиот претседател Роналд Реган преживеал обид за атентат. Марвин Дејвис го купува 20th Century Fox за 720 милиони долари. Актерката Натали Вуд умира во несреќа на брод.

Во 1981 се родени: раперот Питбул, актерката Кери Кун, хобитот Илајџа Вуд, пејачот и актер Џастин Тимберлејк, Том Хидлстон, Узо Адуба, Џозеф Гордон-Луит, Парис Хилтон, Тејлор Китч, Џесика Алба, Рами Малек, Ален Лич, Ејми Шумер, Натали Портман, Лесли Одом Џуниор, Џон Прескот, Бијонси, Џенифер Хадсон, Кристина Милиан, Андреа Рајсборо, Бритни Спирс, пејачката Ејми Ли, Брендан Флечер, Сиена Милер и многу други.

Во вечноста заминале: режисерот Вилијам Вајлер (Ben-Hur, Roman Holiday), актерката Натали Вуд и многу други.

На филм светот прв пат ги видел: Бен Афлек, Џејсон Александер, Кристина Апелгејт, Хавиер Бардем, Ким Бесинџер, Кенет Брана, Џејмс Камерон (режисер), Кевин Костнер, Том Крус, Чарлс Денс, Џеф Даниелс, Деми Мур, Шон Пен, Аманда Пламер, Џефри Раш, Мег Рајан, Дензел Вашингтон и многу други.

1707042350779.png

1707042377976.png

Листа со сите номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/54th-academy-awards-oscars-1982/
 
Член од
22 август 2022
Мислења
580
Поени од реакции
1.839
16.Ocean's 11 (1960)


Како голем љубител на Ocean's римејкот и сите продолженија, решив да го видам оригиналот. Малкуцка долг ми дојде, ама тоа е мој проблем со фокус на којшто треба да работам.

Сѐ што има врска со Втора Светска војна и блиска иднина од тој период може да се направи многу успешно, тоа е таа благо нефер предност на тој временски период како сценографија.

Кастингот е харизма во движење, во поглед на глума, мимики, реплики, стварно остава впечаток, хумор има ама од којшто нешто може да се научи и да ти го отвори умот за одредени теми. Забавен за гледање иако вакви теми обично мене не можат лесно да ме заинтересираат. Тоа е индивидуален успех на филм според мој вкус. Спотифај човек сум, па и музиката ми беше во совршена хармонија. Сега дали ја ко шо вика Злате сум многу дарежлива со оценки или е ова реално не знам ама јавните оценки за филмов се неправда.
8/10


Сакав порано да можев да го изгледам ама штедев интернет. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.842
Поени од реакции
36.887
27. The Fox and the Hound - Ted Berman, Art Stevens, Richard Rich (1981)
1707057966888.png

Кога бев мал, секоја недела во 12:00 на пладне на МТВ даваа долгометражни анимирани филмови. Веројатно еден од нив бил и овој, само не се сеќавам баш. Денес е недела, па сакав да се навратам на детството и истото да го пренесам и на моите деца. Барав кој филм од Дизни е излезен во 1981, и бидејќи имам претплата до 10.03, го гледавме.

Прекрасен филм! Еден од најубавите филмови на Дизни. Топла приказна за необично пријателство на едно лисиче сираче - Тод, кое ќе го чува една осамена вдовица и малото кученце на комшијата ловец - Копер. Нивното пријателство доаѓа до крајот кога после една година Копер е веќе пораснат ловџиски пес, па вдовицата мора да го врати несреќниот Тод таму каде што припаѓа, во дивината. Меѓутоа пријателството и едно детско наивно ветување дека ќе останат пријатели до крајот на животот, спречува неколку трагедии, од обете страни. Навидум едноставен филм, но толку топол, со толку убава анимација, што ми го доразубави и онака прекрасниот ден. Најтопла препорака до сите кои сакаат анимирани филмови.

9/10
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.455
Поени од реакции
13.602
16. 1981

Blow Out
image-w1280.jpg



Џек (Џонтра Вохохолта) - експерт за звукови ефект. При обид да сними неколку ефекти за филмот по кој работи, во отворена природа, ке стане сведок на несреќен случај. Во текот на целиот филм се обидува да ја изнесе вистината на виделина, и да ги демантира лагите за случајот во медиумите.
Филмот стварно добро почна, баш држеше внимание и тензија. Интересна тематика.
Крајот беше малку смотан, и Џонтрата одглуми лошо.

3.5/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.842
Поени од реакции
36.887
28. Atlantic City - Louis Malle (1980)
1707250075079.png

Колку без врска филм! Хипи мажот на една очајна млада дама ја затруднува сестра и, одат негде у пм, крадат дрога од едни мафијаши и се враќаат назад во Атлантик Сити каде мафијашите ги наоѓаат, ама парите од дрогата завршуваат кај комшијата на очајната млада дама, еден стар бел дедо што навечер е воајер и ја гледа гола низ прозор очајната млада дама, и на крај таа легнува со него, а не знам како му се дигна воопшто, и стариот прави глупости и се фали дека ги направил и ајт у пм! Калакурница од филм! Анон па му дал осмица на ова. Ајт! 5/10

BTW, не знам која по ред година се паѓа од која го имам гледано Оскаровецот за најдобар филм, затоа морам да барам други. Овој, замислете - бил номиниран за најдобар филм! :tapp:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Chariots of Fire (1981)


Точно дека во последниве неколку години премногу е изразена таа воук култура и коленичење према малцинствата ама и во минатото има примери каде се клекнувало пред истите.
Филмов е еден таков пример.
Ова е вистинска приказна за едни атлетичари во Англија во 20тите години на минатиот век и Олимписките игри во 1924та во Париз а централна тема се двајца ривали кои под исто знаме ќе се натпреваруваат на игрите. Едниот е шкотски католик, верник, а другиот е евреин.
Евреинот победува, филмот добива Оскар во и онака мртвата конкуренција.

Озбилно, многу просечен и тапа филм, овие спортските филмови се сите исти, ништо не те изненадува на крај главниот актер победува нормално.

Се што вреди од филмов е музиката која заслужено има земено Оскар.

5/10 оценка само заради интрото.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom