Нема некоја голема логика само еден куп играчи да се прекомандуваат во првиот тим, ако не си заминуваат други од него. Ако одат за да дремат на клупа, како 3та, 4та опција на некоја позиција, џабе ќе одат, поарно во вториот тим нека си седат или нека бараат други екипи каде што ќе играат.
Поинтересно е кај Алкалоид дали некој од првиот тим, од оние што имаат сериозна минутажа ќе си замине. Веќе направија 2 сезони во суперлига, 3 сезони како клуб (а повеќето беа од старт во тимот), веќе би требало да се знае прва листа на играчи кои не напредувале според сфаќањата на клубот доволно, или пак некој од повозрасните можеби ќе направи трансфер во странство...