Work and travel USA

K

Kacar

Гостин
Имам другар од Србија со кој лани бевме заедно, има 28 години и зема виза првата недела од март. Друг другар од Полска, има 26, има завршено еден факултет, сега е запишан на втор, зема виза трета година по ред без проблем. Трет од Турција, почнал со еден факултет, не му одело, сменил друг, зема виза и лани и годинава. Луѓе што немаат поим од aнглиски редовно земаат визи од Казахстан. Очигледно кај нас критeриумите се едни од најстрогите, ако си апсолвент не ти е сигурно дека ќе добиеш виза, а не па ако имаш над 22, втори факултети или такви бакрачи (n)
Ако имаш над 22 години би можел да не добиеш o_O ?
 
Дениција

on my eighth life
Член од
17 март 2014
Мислења
241
Поени од реакции
899
Ако имаш над 22 години би можел да не добиеш o_O ?
Логично е факултет да завршиш на 22-23, еве ако си последна година на мастер да имаш 24. Ако имаш повеќе значи си запнал негде, не си ја зел годината навреме (следува прашањето зошто не си ја зел), си правел пауза (следува прашањето зошто си правел пауза), и сл. Не значи дека задолжително нема да добиеш виза, можеш ако имаш среќа или добра приказна, но според мене шансите се помали. Зборувам за факултетите што се 3+2 или 4+1, не за оние над 5 години.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.892
Поени од реакции
11.509
Дечки слабо амбасада годинава....јас знам доста луѓе кои ги одбија, а тек е втора недела откако започна визирањето. За разлика од кај нас, Србија пуштиле се живо и диво, со 2-3 предмети положени во година....
Кои се најчести причини што ги одбиле? Испити?
Има проблем ако фали само еден испит од пет семестри досега?
 
Член од
18 ноември 2014
Мислења
694
Поени од реакции
1.778
Секоја година се збори истото дека одбивале многу, па пак повеќето добивме виза, оваа година не верувам да е нешто построго од претходно, не се демотивирајте. Од агенција ми збореа дека лани имало нов конзулат, па за да се покажале одбиле повеќе од вообичаено од нивните апликанти. Оваа година мислат дека нема да биде така пак. :toe:
Тоа дека кај нас се многу високи критериумите е точно, ај да не бидат кога секоја година остануваат се повеќе и повеќе луѓе на црно. На пр. на Шпанциве не им ни треба виза, буквално ко на одмор си беа дојдени тие што ги запознав :icon_lol:
Има проблем ако фали само еден испит од пет семестри досега?
Не, и јас така добив виза лани.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.934
Поени од реакции
12.434
Кои се најчести причини што ги одбиле? Испити?
Има проблем ако фали само еден испит од пет семестри досега?
Од 4 души, 3ца се одбиени заради испитите, една поради тоа што била на мастер и ова и било трета година кај што аплицира.
 
Член од
19 февруари 2014
Мислења
33
Поени од реакции
3
Логично е факултет да завршиш на 22-23, еве ако си последна година на мастер да имаш 24. Ако имаш повеќе значи си запнал негде, не си ја зел годината навреме (следува прашањето зошто не си ја зел), си правел пауза (следува прашањето зошто си правел пауза), и сл. Не значи дека задолжително нема да добиеш виза, можеш ако имаш среќа или добра приказна, но според мене шансите се помали. Зборувам за факултетите што се 3+2 или 4+1, не за оние над 5 години.
Јас сметам дека ако си ОК со испитите , максимум1-2 неположени, иако си апсолвент можеш да добиеш Виза . Не значи дека на апсолвенти не дават , ама со добар англиски и положени предмети не гледам причина да не дадат ? Има ли некој АПСОЛВЕНТ од ОВАА година кој бил на интервју со положени предмети и бил одбиен ??
 
Sikimco

Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
Член од
25 јули 2011
Мислења
465
Поени од реакции
101
Секоја година се збори истото дека одбивале многу, па пак повеќето добивме виза, оваа година не верувам да е нешто построго од претходно, не се демотивирајте. Од агенција ми збореа дека лани имало нов конзулат, па за да се покажале одбиле повеќе од вообичаено од нивните апликанти. Оваа година мислат дека нема да биде така пак. :toe:
Тоа дека кај нас се многу високи критериумите е точно, ај да не бидат кога секоја година остануваат се повеќе и повеќе луѓе на црно. На пр. на Шпанциве не им ни треба виза, буквално ко на одмор си беа дојдени тие што ги запознав :icon_lol:

Не, и јас така добив виза лани.
Некој од предходните генерации велат дека носеле документ од УЈП за тоа колку плата ти земаат родителите и колку имот имате во фамилијата. Точно ли е тоа или само муабети се ?
 
Член од
18 ноември 2014
Мислења
694
Поени од реакции
1.778
Некој од предходните генерации велат дека носеле документ од УЈП за тоа колку плата ти земаат родителите и колку имот имате во фамилијата. Точно ли е тоа или само муабети се ?
Не не, тоа може било така порано, јас лани не носев ништо такво. :)
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.892
Поени од реакции
11.509
Тоа се носи само ако претходно се побара. Сигурно ќе те прашат што работат и ќе имаат веќе престава колку заработуваат. (поготово ако се во јавен сектор)
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.934
Поени од реакции
12.434
пинг @PurplePuma да ми пише порака да ја прашам неколку работи за ND.
 
Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.215
Поени од реакции
7.275
Очите ми истекоа со овај DS 160. Повеќе знаат за мене сега отколку самиот за себе.
 
DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
абе само нас не гњават најмногу...минатата година од словачка секакви будали имаше кај шо работеф... јас незнам како ги пуштат, абе 2 збора да незнај да сврзи да кажи реченица, со мимики да му објаснуваш шо треба да прај... не велам не дека нема и од кај нас идиоти ама словаците се врв. не ми е јасно како можи да го пуштат некој шо има само еден предмет земено, запишан како „редовен студент“ а 22 години...
 
ЕУ. :)
Иначе, доста фактори играат во тоа дали ние ќе добиеме виза или нема. Она што треба да е јасно е дека ние треба да го убедиме конзулот (или како и да се викаат луѓето што ги прават интервјуата) дека треба да добиеме виза односно дека не сме имигранти. Дури во игра се и статистички податоци врз кои самата индивидуа нема никаква контрола.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.934
Поени од реакции
12.434
Искрено мое мислење околу визите е дека тие унапред знаат дали ќе ти дадат виза или не....не за џабе го пополнуваме тој DS 160. Внатре има се што треба да знаат за тебе, + некои други информации кои амбасадата ко амбасада ги поседува. Така да се знаат унапред кој кандидати ќе добијат, кој ќе бидат одбиени, и оние кои што се на граница, е за нив интервјуто ќе одлучи.
 
Затоа реков статистички гледаат, што е тотално надвор од твојот домен на влијание. Они ако се мислат може само да влијаеш со тоа што ќе кажеш + број на испити положени/неположени. Помала е грешката за тој/таа во амбасада доколку не ти даде виза (т.е. нема ни да биде грешка) отколку да ти даде. Ептен ептен ептен ретко се десило некој да викнат пак на разговор и да му дадат отпосле. Во образложението за одбивањето не пишува зошто те одбиваат туку само се повикуваат на тој членот од US Registration Law и толку.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom