Work and travel USA

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.917
Поени од реакции
12.405
Дечки бе нели сами си одбирате термин за амбасада? Јас сум преку Америквест и кога сакам можам да си го закажам интервјуто.
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Дечки бе нели сами си одбирате термин за амбасада? Јас сум преку Америквест и кога сакам можам да си го закажам интервјуто.
Јас сум преку Коузон и таа теткицата баш ја прашав за закажување и рече дека они закажуваат, а јас ќе бидам само известен.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.917
Поени од реакции
12.405
Јас сум преку Коузон и таа теткицата баш ја прашав за закажување и рече дека они закажуваат, а јас ќе бидам само известен.
Јас сама си побарав терминот да ми биде покасно пошо имам обврски на факултет кои треба да ги завршам за да земам оценки по некој предмети, и баш ми рекоја дека изборот на термин за амбасада е наш.
 

Дениција

on my eighth life
Член од
17 март 2014
Мислења
241
Поени од реакции
899
А биле ли претходната/и година во Америка .. Затоа што и јас сум 4 та година - Апсолвент со сите положени испити , имам договор од менаџерот кај што работев лани ама сеуште се двоумам , по шо ногу ме обесхрабија да не си фрлам парите , на апсолвенти слабо визи ..
Да, беа и лани, се враќаат на истото место. Ако имаш положено поголем дел од испитите не мислам дека ќе ти направат проблем, иако си апсолвент.

Може да ми кажеш од прилика што ги прашувале ?

Инаку се јавив во Коузон денес рекоа дека DS-2019 формуларите сеуште не биле стигнати на апликантите
Прашањата во амбасада се секогаш исти, и веројатно ти ги пратиле/ќе ти ги пратат најчесто поставуваните прашања од агенција. Нив ги прашале што учат, каде ќе работат, на која позиција, зошто се враќаат, со кого ќе одат. Ништо сложено, основни прашања за да утврдат до каде си со англискиот.
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Јас сама си побарав терминот да ми биде покасно пошо имам обврски на факултет кои треба да ги завршам за да земам оценки по некој предмети, и баш ми рекоја дека изборот на термин за амбасада е наш.
Да и јас го имам истиот проблем со предмети кои треба да ги полагам и за некои останати кои треба да земам оценки. Тоа би го завршил во првата недела од април најдоцна, ваљда нема интервјуто пред тоа да ми го закажат. Можеби и попаметно е да им го објаснам ова на агенцијата за секој случај.
 

DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
абе датумот за интервју од агенција треба да ви го закажат како шо вас ви одговара, јас преку аурора аплицирав и негде крај април почеток на мај ќе одам.
иначе разбрав ова година било најстрого, броеле предмети положени, неположени... малтретирале многу прашвале глупости итн. пред некој ден 70% вратиле од сите шо биле на интервју во еден ден...
 

BbO

Член од
13 март 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво. Имам едно прашање во врска со интервјуто за виза. Бев во втора година за USA по враќањето направив квадрат на втора година сега сум трета (последна) година аплицирав за food runner a сум и на факултет Туризам и бизнис логистика кој има тесна врска со работата за која аплицирам, првиот пат се вратив на време сега незнам какви ми се шансите за виза. -_-
 
Член од
14 март 2015
Мислења
10
Поени од реакции
1
Татко ми пред 3год. аплицираше за фамлијарна зелена карта. Јас следната година сакам да аплицирам за w&t usa. Има можност да ме одбијат?
 
K

Kacar

Гостин
Татко ми пред 3год. аплицираше за фамлијарна зелена карта. Јас следната година сакам да аплицирам за w&t usa. Има можност да ме одбијат?
одбиен беше за зелена карта ? Ако бил одбиен тогаш можеш комотно. Па и тие шо аплицирале за зелена карта, аплицираат и за Ј1 виза сега и добиваат :)
 
Член од
10 март 2015
Мислења
5
Поени од реакции
0
Дали има некој што е прва година на факс и добил виза оваа година ?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.862
Поени од реакции
11.484
абе датумот за интервју од агенција треба да ви го закажат како шо вас ви одговара, јас преку аурора аплицирав и негде крај април почеток на мај ќе одам.
иначе разбрав ова година било најстрого, броеле предмети положени, неположени... малтретирале многу прашвале глупости итн. пред некој ден 70% вратиле од сите шо биле на интервју во еден ден...
Отприлика што прашувале? Нешто друго освен прашањата од тип: Зошто одиш за Америка, до каде си со факултетот, што планираш во иднина и слично...
Иначе, еден испит неположен од 5ти семестар (друго све исчистено) не е проблем, така?
 

Sikimco

Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
Член од
25 јули 2011
Мислења
459
Поени од реакции
99
Отприлика што прашувале? Нешто друго освен прашањата од тип: Зошто одиш за Америка, до каде си со факултетот, што планираш во иднина и слично...
Иначе, еден испит неположен од 5ти семестар (друго све исчистено) не е проблем, така?
Имам братучеди од поодамна што се биле. Поставувале и прашања од типот
-дали имаш роднини во Америка
-зошто би се вратил во Македонија
-каде ти работат родителите
-кој го финансира твојот престој во САД
-што би направил ако ти понудат работа со висока плата.

И двајцата биле само по еднаш и од прва им дале виза. Ми рекоа само осмех, да имаш самодоверба и да зборуваш убаво и разбирливо англиски, а за положени предмети некогаш гледале колко имаш положено и оценките баш не им биле од значење.
 
Член од
23 октомври 2014
Мислења
30
Поени од реакции
6
Decki pobarajte od agencijata kaj sto ste aplicirale mozni prasanja za vo ambasada mene mi gi pratija od kouzon sigurno gi imaat.... Ako ima nekoj projdeno ma intervju vo ambasada do sega poke informacii I iskustvo ke bidat od korist :)) pa pisete tuka pozdrav :)
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.917
Поени од реакции
12.405
Дечки слабо амбасада годинава....јас знам доста луѓе кои ги одбија, а тек е втора недела откако започна визирањето. За разлика од кај нас, Србија пуштиле се живо и диво, со 2-3 предмети положени во година....
 

Дениција

on my eighth life
Член од
17 март 2014
Мислења
241
Поени од реакции
899
Дечки слабо амбасада годинава....јас знам доста луѓе кои ги одбија, а тек е втора недела откако започна визирањето. За разлика од кај нас, Србија пуштиле се живо и диво, со 2-3 предмети положени во година....
Имам другар од Србија со кој лани бевме заедно, има 28 години и зема виза првата недела од март. Друг другар од Полска, има 26, има завршено еден факултет, сега е запишан на втор, зема виза трета година по ред без проблем. Трет од Турција, почнал со еден факултет, не му одело, сменил друг, зема виза и лани и годинава. Луѓе што немаат поим од aнглиски редовно земаат визи од Казахстан. Очигледно кај нас критeриумите се едни од најстрогите, ако си апсолвент не ти е сигурно дека ќе добиеш виза, а не па ако имаш над 22, втори факултети или такви бакрачи (n)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom