Work and travel USA

Член од
1 април 2014
Мислења
1
Поени од реакции
1
Дали има некој тука со повеќе искуство за Германија, ме интересира за наредново лето?[DOUBLEPOST=1396377344][/DOUBLEPOST]Разгледував можност директно да се вработиш без агенција (зборам за Германија) ме интересира дали некој пробал или знаете некојкој што земал работа директно. Дали треба виза или може без виза, дали ако е без виза влезот е 90 дена и е исклучиво туристички. Гледам многу агенции нудат Германија, незнам какви се можностите. Се надевам некој овде има повеќе искуство
 
Член од
1 април 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0
И мене ме интересира за Германија, залутав тука со таа цел. Германија е популарна тема, незнам што запнуваат луѓе за Америка кога одбиваат како луди,а ние им даваме пари. Еве пред некој ден 4 мои другари сите ги одбија, убаво им реков да не пробуваат, со тие пари ќе купеа 2-3 повратни автобуски карти до Германија. Добра ти е идејава за сам да си средиш ако дознаеш како пиши, не верувам дека има некои рокови, визи и слично само дозвола за работа и ене го каде е, таму си многу брзо, без авионски карти без глупости. Ова само мое размислување, можеби на некој ќе му текне да отвори форум за Германија да не пишуваме тука бидејќи станува хит за студенти. За сите вие што одите Америка со среќа ако добиете виза
 
Член од
19 ноември 2010
Мислења
47
Поени од реакции
11

Се извинувам што не пишувам во контекст со твоето прашање, но ме интересира поради која причина ги одбиле твоите другари за америчка виза? Која година се? Имаат ли многу неположени предмети? поздрав.
 
Член од
1 април 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0
Двајца трета, еден четврта, еден постипломски. Ок беа со предмети колку што знам, можеби заостанато еден или два, но многу замарале за факултет. Едниот рече дека за амбасада и тие со докторат се слаби, беа разочарани и многу не ги распрашував бидејќи не ме интересира Америка. Но слушам на факултет дека оваа година било построго и од лани, многу одбивале, незнам дали е тоа вистина, фактот што 4 од 4 мои другари се одбиени мислам дека е доволен
 
Член од
7 август 2012
Мислења
176
Поени од реакции
11
Има ли некој што ова лето иде за Virginia Beach, или пак некој што бил да сподели искуство.
 
Cthulhu^

your neighbourhood weirdo
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.385
Поени од реакции
1.862
Да ве прашам, може ли да споделите тука информација кога агенциите ги враќаат парите во случај да те одбијат за виза во американската амбасада? Во Коузон на пример велат дека ќе ги вратат најрано во јули.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Abe decki vo koja banka unovcuvate chekovi amerikanski? Do lani komercijalna beshe okej, a sega?
 
Член од
17 декември 2009
Мислења
32
Поени од реакции
3
Како идат интервјуата? Од кои причини највеќе одбиваат? И кои им се најчести прашања?
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.600
Да ве прашам, може ли да споделите тука информација кога агенциите ги враќаат парите во случај да те одбијат за виза во американската амбасада? Во Коузон на пример велат дека ќе ги вратат најрано во јули.
130 или 140 долари незнам точно колку беа што ги уплаќаш за виза се неповратни , без разлика дали си добил или не тие пари прежали ги , секако одат на контото на америчка амбасада. Еве уште една заебанција што прават , уште пред да одиш на интервјуто за виза ти резервират авионска карта , и верувај на секоја карта имаш пенали најчесто од 50 до 70 евра , кои што во случај да ја откажеш картата ти ги наплаќаат. За друго незнам , парите за апликацијата сигурно ги враќаат после одреден период. Јас бев преку коузон и добив виза пред 2 години , така да не сум запознаен со другите трошоци дали задржуваат нешто за нив.
 
Дениција

on my eighth life
Член од
17 март 2014
Мислења
241
Поени од реакции
899
Да се надоврзам на погорниот пост за авионски карти: Не резервирајте авионски карти додека не добиете виза. За да ви направат рефундација на парите за авионска карта (ако не добиете виза) треба да однесете потврда од Америчка амбасада на која ќе го пишува вашето име и презиме и дека сте одбиени за виза. Ако ве одбијат, од амбасада ќе ви издадат само едно ливче кое е исто за сите и на кое пишува дека сте одбиени за виза, без лични податоци. Со тоа ливче нема да ви ги рефундираат парите, а од амбасада нема да ви издадат ливче со лични податоци, затоа што и на нивната веб страна пишува да не се резервираат карти додека не се добие виза.
 
C

cige

Ама картите во Март се 550 евра, а во Мај 700 евра.
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.611
Поени од реакции
11.154
Кои места се најполни со студенти преку WAT ? Планирам да одам наредна година, а сакам да одам на поживи места, не да умрам од досада :D
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Кои места се најполни со студенти преку WAT ? Планирам да одам наредна година, а сакам да одам на поживи места, не да умрам од досада :D
Сите туристички/сезонски места се полни со студенти. Немој да одиш во големи градови .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom