Work and travel USA

Член од
29 ноември 2013
Мислења
7
Поени од реакции
0
Има ли некој што немал положено два три предмети а добил виза???? И што би било најпаметно да се каже зошто немаш положено некој предмет?
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.941
Поени од реакции
35.358
Има ли некој што немал положено два три предмети а добил виза???? И што би било најпаметно да се каже зошто немаш положено некој предмет?
Јас со само 4 положени од вкупно 10 добив.
 
Член од
19 ноември 2010
Мислења
47
Поени од реакции
11
Тоа со картите нема врска, прашав во Коузон јас, во случај да те одбијат за виза сепак агенцијата добива документ на кој го пишува тоа и целосно ти ги враќаат парите.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.609
Поени од реакции
11.153
Некој што бил во Burlington, Vermont да каже нешто повеќе, прва, втора работа, плата, дали местото е депресивно, дали е интересно, има ли туристи, има ли други студенти, како е ноќе и тн..
 

Дениција

on my eighth life
Член од
17 март 2014
Мислења
241
Поени од реакции
899
Тоа со картите нема врска, прашав во Коузон јас, во случај да те одбијат за виза сепак агенцијата добива документ на кој го пишува тоа и целосно ти ги враќаат парите.
Пренесувам што ми кажаа од мојата агенција (Интракс), но ако од твојата така те информирале, купи слободно. На крај краева, секој си одлучува што е најдобро за себе.
 
Член од
12 април 2014
Мислења
1
Поени од реакции
1
Ве молам споделете го следниов статус кој се наоѓа тука:

https://www.facebook.com/profile.php?id=100008214750403

А гласи вака
Почитуван господин Волерс;

Почитуван конзули;

Почитувани престставници од Македонските агенции;

Почитувани претставници на невладината агенцијата alumni;

Почитувани претставници од актуелната власт и опзицијата;

Дел од горенаведените почитувани особи се добро запознати со програмата WORK & TRAVEL USA, а за оние кои не се ова е краток вовед:

Програма регулирана директно од владата на Америка која има цел културна и едукативна размена на РЕДОВНИТЕ студенти или кратко кажано студентите од цел свет (или дел од него) кои имаат право да го поминат летото односно “летниот распуст” во САД притоа работејќи во областа на туризмот со цел запознавање со американската култура, начин на живот, промовирање на сопствената култура итн. Според правилата на програмата важно е да сте РЕДОВЕН студент и да знаете АНГЛИСКИ (не само да одговорите со ДА/НЕ но да водите нормална дискусија....ОВА СЕ ОСНОВНИТЕ ПРАВИЛА НА ПРОГРАМАТА БЕЗ РАЗЛИКА КАДЕ ДА ПРЕБАРУВАТЕ НА ИНТЕРНЕТ)

Доколку сакате да прочитате за правилата на истата, можете истото да го сторите преку следниов линк:

http://j1visa.state.gov/programs/summer-work-travel

Програмата е супер смислена и до скоро функционираше без проблеми барем кај нас во Македонија (од искуство тврдам не прераскажувам муабети). Ова го тврдам бидејќи веќе сум бил/а учесник на истата (за бројот на претходни учества нема да коментирам)..И да имам одлично искуство од програмата и воопшто не се ни сомневав дека можеби нема да ми биде одобрена визата оваа година

Е сега...не дека до сега не одбивале студенти, НО оваа година почитуваните конзули одлучија дека за да учествуваш на програмата МОРА да имаш висок просек на факултет. Ова значи да имаш 9-ки или 10-ки и (некоја 8-ца) ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ти се сите испити положено...зошто нели недај боже да си се разболел или да ти се случило нешто друго..си требал да занемариш се и да се сконцентираш на факултетот со цел да го положиш и тој испит..Е се добро АМА не само да го положиш важно е и каква оценка ќе добиеш

Уште полошо е дека не е важно на кој факултет студираш (да бидеме искрени знаеме како се помиуваат испити на некои факултети како се поминуваат на други) ВАЖНО е испитите да ти се положени и да имаш високи оцени

Добро можам да го разберам и ова ...во ред тоа е правилото НО зошто НИКОЈ не не извести за тоа? Дали агенциите кои ја спроведуваат оваа програма беа известени за истото? Доколку беа зошто спонзорските агенции ни дозволија да аплицираме? Па нели програмата се спроведува од самата влада на Америка ..Зошто они не ги известија спонзорите дека нема да примат студенти со “лоши” оценки?? Или амбасадата во Скопје има посебни правила кога е во прашање Македонија??????

Е сега....Се е во ред да кажеме дека ќе го проголтаме и ова со високиот просек НО дали ќе ни дадат високи позиции како на пример менаџери???? Супервизори или слично? Не е за платата за CV-то е нели...Дали амбасадата ќе гарантира дека овие студенти со ВИСОК просек ќе имаат интеракција со своите колеги американци во “FAST FOOD-от” каде најчесто аплицираме ние студентите од Македонија и дека ќе имаат заедничка тема на разговор и дека истите се исто така студенти со висок просек. Нели целта на програмата е таа....НО да бидеме искрени...барем во досегашното мое искуство како и искуството на моите пријатели исто претходни учесници на оваа програма...колегите без навреда но имаат најмногу завршено средно училиште бидејќи реално тоа и е потребно за овој тип на работа

Иста е ситуацијата и кај нас пример во 7-ца не бараат персонал со високо образование...Ме разбирате нели?

Епа зошто баш сега ние мора да имаме ВИСОКИ ОЦЕНИ за да се квалификуваме за оваа програма?

Од друга страна...до пред извесно време главна тема на владата беше олеснителниот визен режим на владата...ОК ова беше за Европа но колку што сум запознат/а со САД не сме во некои лоши односи (или барем јас не сум запознат/а)...Зошто тогаш владата не се ангажира за ова прашање...Па добро бе луѓе годишно мислам има илијадници студенти од Македонија кои се учесници на оваа програма...Дали воопшто некому му е гајле дека сонот,средствата,плановите на студентите се рушат по само 1 минута интервју со претставниците во амбасадата...Зошто нашата влада не ја интересираат придобивките од оваа програма..искрено се подобрува англискиот на студентите, се стекнува работна навика, и се стекнува какво такво искуство

И да... јас бев одбиен/а поради не така лошиот просек но поради тоа што просекот не ми се зголемил од минатата година....

Одбиени беа доста студенти... и познати и непознати....

И ова нема да има крај не само сега него и во иднина

Доколку сте одбиени, доколку сеуште не сте биле на интервју, доколку сте биле претходен учесник на програмата, доколку планирате да аплицирате во иднина, Ве молам споделете го овој статус и да се надеваме дека ситуацијата ќе се промени. Да се надеваме дека амбасадата, владата, агенциите,организацијата alumni и сите останати инволвирани страни ќе превземат нешто во врска со ова ситуација..

И да ова не е моето име бидејќи се надевам на посветли денови кога повторно ќе аплицирам за американска виза и истата ќе ми биде одобрена
 
Член од
29 ноември 2013
Мислења
7
Поени од реакции
0
Дали мора да си заминеш од Америка до датумот за кој пишува дека ти истекува виза, или имаш екстра денови од тој датум, слушнав дека можеш да седиш уште 28 дена плус после датумот што ти е наведен во визата, дали е тоа точно ??
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.430
Поени од реакции
13.829
Дали мора да си заминеш од Америка до датумот за кој пишува дека ти истекува виза, или имаш екстра денови од тој датум, слушнав дека можеш да седиш уште 28 дена плус после датумот што ти е наведен во визата, дали е тоа точно ??
До тогаш ти важи работната виза, после тоа смееш да останеш уште еден месец како турист, мада скоро сите што одат и тој месец го користат за да заработат некој долар плус. :)
 
C

cige

Гостин
Е сега....Се е во ред да кажеме дека ќе го проголтаме и ова со високиот просек НО дали ќе ни дадат високи позиции како на пример менаџери???? Супервизори или слично? Не е за платата за CV-то е нели...Дали амбасадата ќе гарантира дека овие студенти со ВИСОК просек ќе имаат интеракција со своите колеги американци во “FAST FOOD-от” каде најчесто аплицираме ние студентите од Македонија и дека ќе имаат заедничка тема на разговор и дека истите се исто така студенти со висок просек. Нели целта на програмата е таа....НО да бидеме искрени...барем во досегашното мое искуство како и искуството на моите пријатели исто претходни учесници на оваа програма...колегите без навреда но имаат најмногу завршено средно училиште бидејќи реално тоа и е потребно за овој тип на работа
Тоа е така затоа што тој што има висок просек нема намера а остане во Америка да лупи компири. Се бранат од емигранти.
 
Член од
17 декември 2009
Мислења
32
Поени од реакции
3
Има ли некаква опција втора работа да си најдеме на интернет или мора директно таму?
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Има ли некаква опција втора работа да си најдеме на интернет или мора директно таму?
Како и прва работа така и втора можиш да си најдиш на интернет. Нормално полесно е кога си таму и дирекно одиш на лице место и си прашуваш дали има слободна позиција.
 
Член од
5 февруари 2014
Мислења
57
Поени од реакции
37
Дали може да ти го раскинат веќе потпишаниот договор за работа поради тоа што спонзорот финансира пр:15 студенти, а работодавачот потпишал договор со пр: 20 , односно се појавува вишок на студенти ?
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Дали може да ти го раскинат веќе потпишаниот договор за работа поради тоа што спонзорот финансира пр:15 студенти, а работодавачот потпишал договор со пр: 20 , односно се појавува вишок на студенти ?
Нормално, работодавачот е тој кој што одлучива колку луѓе ќе земи. И ако има недоразбирање со агенцијата можи потполно да ги раскини сите договори.
Агенцијата е само посредувач.
 
Член од
5 февруари 2014
Мислења
57
Поени од реакции
37
Во ред , фала ти . Работава е значи мачка во вреќа :(
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.560
Поени од реакции
6.673
Само што се вратив од амбасада,сега ке ви го кажам целовкупното искуство.

Прво имам 25 години и имам упишано втор мастер (првиот ми е речиси готов,остана само одбраната на тезата) , а вториот мастер 7,8 семестар ми е чист со просек 9.00.Прво од надвор ме испратија на тресење и ги доставив сите работи (саат,новчаник,каиш,цигари) на скен.Потоа се качив горе кај шалтерите и еден господин ми ги зема документите и ми рече ке бидеш викнат за отисоци.Ме викнаа на шалтер број 3 и ми ги земаа отисоците со информација дека ке ме викне конзулот на интервју.Работеа 3 шалтери од кој на 8ца беше црнкињата со репутација дека ги бута сите,за срека у несрека ме викнаа на шалтер број 7.Таму еден средновековен маж ,истиот конзул ни здраво не рече и одма почна со прашања.Првично очекував да ме прашува за факултет како што и беше.Осмех на лице, и почна циркузот.

Што студираш?
- Факултет за безбедност,финансиска контрола и криминологија , Втор циклус на студии - Криминологија.
Колку години имаш?
-25 години,господине
Според ова што можам да го видам овде си аплицирал за W&T виза а имаш упишано мастер студии со добар просек.
- Да , господине.
Според работната понуда гледам дека можностите за работа ти се Busboy,waiter,server ect.
- Да господине,информиран сум за работните позиции.
Епа зашто со мастер студии сакаш да бидеш Busboy?
- Господине,безразлика за работата во програмата се вклучува и шетањето. Сум бил низ Европа но никогаш во Америка.Според сите мој пријатели кој биле имаат одлично искуство па и јас сакам да бидам дел од истото.
Аха Ок.
Што работи татко ти ?
- тоа и тоа
Што работи мајка ти ?
- тоа и тоа
Брат ти што работи ?
- тоа и тоа
Брат ти бил во Америка?
- Да беше двапати , еден од најголемите подржувачи за мојте планови ова лето.
Како беше?
Преку J1 - W&T

и идемо опет.

И зашто да работиш Busboy дечко? Зар не мислил дека си малце преквалификуван за оваа програма? Те информираа ли од агенција?
- Господине, сепак нема срам од каква било работа.Од агенција ме информираа дека доколку имам добри оцени и зборам напреден англиски ,поголеми ми се шансите да ми се укаже можноста за УСА ова лето.

Какво работно искуство имаш?
- Имам работено во Хотел во Бугарија кога бев помлад, и 2 години работев full time на приватен факултет каде и што завршив додипомски студии.

А брат ти кај работи сега?
- Таму и таму

Уште неколку прашања за брат ми ми постави.
- му одговорив дека незнам каква врска имам јас со брат ми за оваа апликација.


Молк настана едно 1 минута и рече почекај ке се вратам.
Се врати.

Извини Илија сепак си преквалификуван за ваков тип виза, не ја гледам причината зашто еден мастер би работел како Басбој во Америка.Ке мора да те одбијам. (шалтер се затвара)

А за иронијата да биде уште поголема, на листот што ми го даде дека ме одбива пишува дека одбиен сум поради тоа што не ги исполнувам условите за виза :pos:
Тоа е моето искуство за Америка,конзулот бараше влакно во јајце за да ме одбие, денес беа одбиени многу луге безразлика на квалификации едноставно станува збор за чиста срека.

Нека не ве депримира постов,едноставно пробајте си ја среката.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom