Со мене ќе да имаш правено муабет. Не е проблемот нападот. Фали лев бек, фали стопер и фали уште еден офанзивен играч напред за ротација. Можеби и уште еден средњак. Напред го забораваш Стариџ кој не се изнаигра сезонава а е подобар од сите оние напред што играат. Ориги е паднат во форма инаку си беше сосема коректен
Не можеш да се потпреш на Стариџ веќе, темпирана бомба е не знаеш кога ќе се повреди ни кога ќе игра.
Ориги е просек, вака за ротирање е добар ама тешко дека може да развие некоја форма која може да му донесе 20 гола во сезона и да биде во константна форма.
А за да земе некој титула во пл му треба напаѓач кој барем 80% од сезона ќе е во форма и ќе постигне над 20 гола.
Одбраната некако во последно време ви се стегна, очигледен е напредок... е сега и стилот на игра не вие за да примите помалку од 20 гола, константно се врши пресинг од средината, трчање напред назад.
Милнер јас не би го менувал ни наредната сезона, игра одлично на таа позиција... тешко е да се најде добар бек поготово лев.
Чан би го менувал и би тргнал по напаѓач.