Kindle

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.817
BTW за сметката, за нашите два читачи наплатиле 5% данок... ама потоа кога колегава нарачал уште неколку примероци за роднини и пријатели царинициве се „премислиле„ и го наплатиле поголемиот ДДВ.

Би било интересно некој да ги контактира царина директно за изјава колку е точно данокот за електорнски читач и ако е 18%, тогаш по која логика одлучиле да биде толку.
За увоз на компјутери се плаќа само 5% данок. Киндл конкретно е поедноставен и специјализиран компјутер, со linux оперативен систем и со хардверски компоненти што ги има и било кој друг компјутер или лаптоп: процесор, меморија (ROM, RAM и флеш), екран, тастатура итн... Без разлика што уредот има специфична намена за читање книги.

Ако се оди по некаква логика овие уреди треба да бидат ослободени од данок, дури субвенционирани од државата.
Замислете само колку пари и дрва можат да се заштедат со замена на класичните учебници со вакви читачи. Иднината секако ќе биде таква.
.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615

Данок 5%, а царина?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.817
Ќе прашам, јас само се сеќавам колку испадна на крај сметката... само колегава ми е на пат ќе видиме кога ќе врати маил.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Kindle Fire маани - нема копчиња за појачување на звук. Мора во опции да се прави тоа. Дрѕга маана е тоа што нема Home Button, нема блутут, 3Г и ГПС. Нема опција за автоматски осветлување на дисплејот. За разлика од многу други таблети многу е побавен. :(
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112

Lad ако бараш таблети пуни со апликации, џиџимиџарници, GPS земи си iPad.
Kindle e геџет само за читање. Со таа разлика што iPad ќе ти отпаднат очите, батеријата нема да држи повеќе од 8 часа, kindle ги има надминато овие есенцијални проблеми.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Kindle Fire маани - нема копчиња за појачување на звук. Мора во опции да се прави тоа. Дрѕга маана е тоа што нема Home Button, нема блутут, 3Г и ГПС. Нема опција за автоматски осветлување на дисплејот. За разлика од многу други таблети многу е побавен. :(
Како што рече Саладин.
Киндл е e-book reader, не таблет.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Lad ако бараш таблети пуни со апликации, џиџимиџарници, GPS земи си iPad.
Kindle e геџет само за читање. Со таа разлика што iPad ќе ти отпаднат очите, батеријата нема да држи повеќе од 8 часа, kindle ги има надминато овие есенцијални проблеми.
Абе добри се, но би требало копче за звук да стават, знаеш ли колку заебанции има додека стигнеш да го намалиш звукот... :(
Батерија 8 часа минимум.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Абе добри се, но би требало копче за звук да стават, знаеш ли колку заебанции има додека стигнеш да го намалиш звукот... :(
Батерија 8 часа минимум.
A максимум? 10 - 12 часа.

Kindle - еден месец.
звук? мислиш за audio books? И во случај да има, може со било кои слушалки со control volume дa средат работа. А да чита на глас, малку смешно ми е.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
A максимум? 10 - 12 часа.

Kindle - еден месец.
звук? мислиш за audio books? И во случај да има, може со било кои слушалки со control volume дa средат работа. А да чита на глас, малку смешно ми е.
Минимум е 8 часа, а за максимум незнам. А за звук мислев на видео кога ќе пуштиш или музика па кога сакаш да намалиш глас, мора во опции само. Нема хардвертско копче. Мора по тој софтверот да чепкаш.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112

Еве едно интересно видео со краток опис како и споредба на двата гаџета.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.817
Секако е поудобно постоење на посебни копчиња за регулирање на јачина на звук ама тоа што сакаат да ти укажат момциве е дека темава е за уреди специјализирани за читање. Не за моментално популарни, џиџи-миџи заебанции, како Ајпад и остала кинеска понуда со LCD eкранчиња за генарална намена, меѓу кои и Киндл Fire.
Предностите на Е-инк екраните се одамна докажани кога се работи за читање на текст, што нели е главниот интерес кај овие уреди.

Само треба да си разграничиш дали уредот ти треба за читање или за заебаниција. :)

A максимум? 10 - 12 часа.

Kindle - еден месец.
звук? мислиш за audio books? И во случај да има, може со било кои слушалки со control volume дa средат работа. А да чита на глас, малку смешно ми е.
Киндл го има сето ова, може и во исто време да то го чита текстот како што гледаш на екран пред тебе.

Само како што рече и мене ми е глупаво ова, посебно што ако веќе сакам читање на глас секако подобро е да побарам добро направен аудиобук за таа книга, снимен со добри наратори наместо компјутерски генериран звук. Вградената опција за читање е повеќе да заврши некогаш работа кога нема доволно светло или услови за читање, па да се послуша малку на слушалки. Исто има и МП3 плејер за слушање музика, нормално.

П.С. Смешно е да се споредува времетрање на батерија која трае неколку часа со времетраење од еден месец.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Секако е поудобно постоење на посебни копчиња за регулирање на јачина на звук ама тоа што сакаат да ти укажат момциве е дека темава е за уреди специјализирани за читање. Не за моментално популарни, џиџи-миџи заебанции, како Ајпад и остала кинеска понуда со LCD eкранчиња за генарална намена, меѓу кои и Киндл Fire.
Предностите на Е-инк екраните се одамна докажани кога се работи за читање на текст, што нели е главниот интерес кај овие уреди.

Само треба да си разграничиш дали уредот ти треба за читање или за заебаниција. :)

Киндл го има сето ова, може и во исто време да то го чита текстот како што гледаш на екран пред тебе.

Само како што рече и мене ми е глупаво ова, посебно што ако веќе сакам читање на глас секако подобро е да побарам добро направен аудиобук за таа книга, снимен со добри наратори наместо компјутерски генериран звук. Вградената опција за читање е повеќе да заврши некогаш работа кога нема доволно светло или услови за читање, па да се послуша малку на слушалки. Исто има и МП3 плејер за слушање музика, нормално.

П.С. Смешно е да се споредува времетрање на батерија која трае неколку часа со времетраење од еден месец.
колку од прилика pages turned држи батеријата на киндл-от? и еден месец е релативно, што значи еден месец? колку саати читање на ден?

него во нико има 6инчни е-бук читачи на енерџи систем (шпанска фирма, иам нивна мп5ка, задоволен сум ептен) за 6.000 и 8.000 денари (не знам кој е кој, треа да идам да ги ѕирнам)

статистики
6" E-ink® Vizplex™ screen With 16 levels greyscale, 600 × 800 pixels (H x V)
Anti-glare system, easy reading under direct sunlight and various viewing angles
Ergonomic design ideal for long reading journeys
Adobe® DRM (Digital Rights Management) for PDF and EPUB formats supported.
Rechargeable Lithium battery: 5.3 V / 1400 mAh. up to 20 hours of reading time.
Ultraslim and light: only 9mm and 184 gr.
User friendly multilingual interface.
Functions: page-marking, zoom level adjusting, image viewer, screen rotation, etc.
Several font sizes
Charge through USB connection.
Micro USB cable included.

слики
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.817
колку од прилика pages turned држи батеријата на киндл-от? и еден месец е релативно, што значи еден месец? колку саати читање на ден?

него во нико има 6инчни е-бук читачи на енерџи систем (шпанска фирма, иам нивна мп5ка, задоволен сум ептен) за 6.000 и 8.000 денари (не знам кој е кој, треа да идам да ги ѕирнам)

статистики
6" E-ink® Vizplex™ screen With 16 levels greyscale, 600 × 800 pixels (H x V)
Anti-glare system, easy reading under direct sunlight and various viewing angles
Ergonomic design ideal for long reading journeys
Adobe® DRM (Digital Rights Management) for PDF and EPUB formats supported.
Rechargeable Lithium battery: 5.3 V / 1400 mAh. up to 20 hours of reading time.
Ultraslim and light: only 9mm and 184 gr.
Дап, тоа месец дена е релативно. Ќе треба да побараш на нет за точниот број на свртени страници што се можни, не се сеќавам а ме мрзи да барам сега.
Личното искуство е следново. Последниве месеци немам многу време и читам на кратки интервали и ретко... последното полнење на батеријата траеше повеќе од месец и половина, можеби накај два месеци. Колку за споредба, кога сум на одмор и читам книги кои ми се посебно интересни (и намерно ги оставам за тогаш) читам многу повеќе од вообичаено и тогаш батеријата трае од 10тина до 20 дена. Зборуваме за 10+ саати дневно читање со релативно често консултирање на вградениот речник (колку и да ми е добар англискиот, секогаш има некој поретко употребуван збор што е згодно да се провери). Одварањето на речникот е рефреш на страната и со тоа исто се троши батеријата.
Екранот троши батерија само кога менува страници. Интересно е дека Киндл пристигнува со вклучен екран на кој има основно упатство за употреба... :)

Е-инк екранот на Киндл е последната генерација на такви екрани, наводно подобрен контраст и читливост. Киндл има голема корисничка база која е извор на секакви информации и дури и проекти што резулираа со алтернативни оперативни системи со доста корисни фукнции кои ги нема основниот ОС на киндл.

Кај овој читач што го линкаш ме плаши (и одбива) фактот дека батеријата му држи до 20 часа. Тоа за читач со Е-инк екран е исклучително малку. Никаде не гледам дека има и речник, а во Киндл можеш да го ставиш било кој речник, само треба да го најдеш во соодветен формат а изборот е огромен (и бесплатен ако знаеш каде да бараш)
Тоа што Vizplex-ов нема Wi-Fi и не е така важно, иако некогаш вградениот бровсер знае да заврши работа кога ти треба да провериш нешто на нет а немаш РС или лаптот во близина. Има и модел на киндл што кошта 20тина долари повеќе и има бесплатен GPRS интернет секаде (ако не се лажам и кај нас, последен пат кога разгледував). Згодно кога одиш некаде каде нема интернет, мобилна телефонија ретко каде нема покривање.

Мој совет е да си земеш Киндл, иако можеби ќе те кошта нешто повеќе ако го увезуваш на... регуларен начин. Кај Vizplex-ов единствена предност што ја гледам е локалната гаранција но фактот дека производот би го купил од Нико, секако го анулира тоа... :sneaky: (да не почнувам сега за нив...)
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
За сите корисници на Киндле, ево една страна која мора да ја ставите во букмаркс.Гугл мапи за Киндле.

http://www.ereadermap.com/

Се отвара преку киндлето, малку е споричко, ама брка работа, посебно ако имаш Киндле 3Г.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.817
Добра информација, фала за линкот.

Друго за киндл што не напишав е ергономијата за користење. Копчињата за вртење на страници се исклучително добро поставени а ги има и на лева и на десна страна, што значи максимална удобност без разлика во која рака моментално го држите уредот (важно за долготрајни читања и чести менувања на рацете)

Погледни ги сликивe доле и спореди ги со Vizplex-от погоре.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom