Kindle

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.419
Јас заедно со колега нарачавме од Амазон директно, ја испорачаа пратката преку UPS.
Е сега овој од 79$ можеби е специјална понуда за американски пазар.

Ама и за тоа има начин, може да се употреби фирма посредник со американска адреса која после го организира испраќањето. Јас така имам нарачувано други работи од USA.
Зошто фино лепо не се организирате за еден group buy, нека земе некој реномиран член да прави листа и... Знаете де веќе како се прави group buy.
Соберете се 10+ луѓе и поштарината ќе испадне ефтина.

Еве и јас може да се вклучам за да се пополни бројката побрзо. На девојка ми ќе и се допадне поклонот секако. :)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.506
Јас се мислам да зеам од eBay, oколу 100-110$ се со шипинг.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Јас заедно со колега нарачавме од Амазон директно, ја испорачаа пратката преку UPS.
Е сега овој од 79$ можеби е специјална понуда за американски пазар.

Ама и за тоа има начин, може да се употреби фирма посредник со американска адреса која после го организира испраќањето. Јас така имам нарачувано други работи од USA.
Зошто фино лепо не се организирате за еден group buy, нека земе некој реномиран член да прави листа и... Знаете де веќе како се прави group buy.
Соберете се 10+ луѓе и поштарината ќе испадне ефтина.

Еве и јас може да се вклучам за да се пополни бројката побрзо. На девојка ми ќе и се допадне поклонот секако. :)
Ајде и јас сум за. Ама прво кажете ми за цена, дан ми испадне многу скапо.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.419
Цената највише зависи од поштарината, колку повеќе учесници толку поефтино би било...

Некој ќе треба да организира, и да собира уплати.
Или ако има доволно заинтересирани може со посредникот да се разговара да не третира како иста странка ама сите одделно да си уплатат... Сеа најважно е да се види колку заинтересирани има, и ако има јунак да организира. :)
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Преку shopping USA.мк кошта околу 115 долари = 5.250 денари.
(80 киндл + 24 провизија + 11 транспорт до македонија (со претпоставка дека транспорт во америка е бесплатно))
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.419
Поштарината за киндлот е бесплатна внатре во USA.

Провизијата на посреднициве им е директно зависна од сумата што е потрошена, поголема сума = помал процент провизија.
Во превод ако има барем 7 нарачатели, провизијата ќе биде 15% или 10% за 13+ нарачатели (сумата да биде над 500 иили 100 долари). Поштарината за сите заедно би била поевтина одколку поединачно...
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Ги споредував цените на Киндл и на трошоците на праќање на различните Амазон, на американскиот и европските, и најефтино излегува со американскиот Амазон.
За шипинг до кај нас Киндл го праќаат само со Priority Courier Shipping и имаат посебни тарифи за праќање Киндл, кои се 14.99 долари за пратка и плус по 5.99 долари за секој додатен предмет во пратката. Достава за 3 до 7 дена. Нема потреба од посредници при праќањето, праќаат до кај нас. Еве линк:

http://www.amazon.com/gp/help/customer/display.html/ref=hp_nodeid_596194_priority?nodeId=596194&#PriorityInternationalCourier

Значи, за верзијата од 79 долари со реклами, цената за една пратка со еден предмет би била околу 4300 денари. За верзијата од 109 долари е околу 5700 денари.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.506
@Smooth Criminal... Проблемот е што Kindle-от oд 79$ е само за Американскиот пазар, не го испорачуваат во странство. И за тие што мислат да порачуваме збирно, така сигурно ќе треба да платиме + царина.
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Не знаев за Киндлот од 79 дека е само за нивниот пазар. Инаку, за царината заборавив сосема. Но, на сајтот на Царината вели дека за поштенски пратки до 45 евра не се плаќа царина, а за до 800 евра се наплаќа царинска стапка од 15% и стапка на ДДВ од 18% или 5% во зависност од пратката. Мене пред две недели ми стигнаа 4 пакети, два до 45 евра, два над, и за тие над 45 евра ми наплатија 15% + 18 % царина.
Значи, би можело да се соберат деветмина за пратка до 800 евра, за што царина би требало да се плати до околу 320 евра (на 109 долари, отприлика е 35 долари, ако ДДВ е 18% - не сум сигурна дали е 18% или 5% за ваков апарат). Трошоците за еден, колку што успеав да пресметам, се околу 152 долари, со праќањето и царината, или околу 7000 денари.
За пратка над 800 евра се прави единствена царинска декларација.

Но, разликата во трошоците за групна и единечна пратка е само 8 долари. Така да, не е многу поповолно да се прави групна пратка.
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Ама, за шипинг овие од И-беј наплаќаат 41,99, што е околу 118 долари, а од Амазон се фаќа околу 123. Не голема разликата, но царината ќе биде помала, но пак за само 5-10 долари.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.506
Ама, за шипинг овие од И-беј наплаќаат 41,99, што е околу 118 долари, а од Амазон се фаќа околу 123. Не голема разликата, но царината ќе биде помала, но пак за само 5-10 долари.
Работата е што на ebay можеш да ги замолиш да напишат цена од 50$ :pos:
Долго време планирам да си купам Kindle, ама малце ме фрустрира ова што речиси дупло го плаќаш од цената во Америка :)
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Обично во правилата им пишува дека не менуваат цени за да се плати помалку царина, но може да се проба со gift-wrapping. :)
За овие работи, очигледно е подобро да си во Америка, но тоа е. Сепак, добро е и тоа што сега можеме да си порачаме многу работи, па не се чувствуваме толку отцепени од светот.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.419
Работата е што на ebay можеш да ги замолиш да напишат цена од 50$ :pos:
Долго време планирам да си купам Kindle, ама малце ме фрустрира ова што речиси дупло го плаќаш од цената во Америка :)
Eх, да е само за ова... се плаќаме дупло, ако е малку ново или надвор од меинстрим. Тоа што навистина фрустрира е фактот што плаќаме дупло или тродупло на стандард што е барем 10 пати помал.

Инаку, проблемот со наведување на цени по желба е во тоа што има доста kindle-ови стигнато во Македонија до сега... а цариникот во секој случај сам одлучува дали производот ќе го царини по декларирана вредност или ќе бара да се царини по „каталошка„ вредност.
Инаку не сум сигурен дали ова иде под 5% царина, а мислам дека оди. Ќе го прашам колегата да ја погледне сметката, кај него остана.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Со 20% царина и 18% ддв искача се на се 7513 денари или 163 долари. ДУПЛО од 80$.
Многу не сечат у пи*ку матер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom