И един от наjголемиот трговски партнер на САД - ЕУ да се разклати. Това не е во интерес ни на САД,ни на никоj. Ти знаеш какво ке стане,ако икономиките на ЕУ излезнат от нормалното функциониране? Това ке е втора светска криза и за САД и за ЕУ и за Кина и за Русиja...
От пропадане на еврото никоj нема изгода,па да не зборуваме дека вие заборавате дека нашите икономики и курсове на валутите ни са поврзани со това на еврото. Ако потани еврото,потаваме и ние,ако еврото се покачи и ние се покачуваме... това го заборави ти?
Состоjбата е следната-ти си во един брод со еврото и викаш-сакам брода да потане,па еврото да биде укинато,ама не мислиш што ке стане со тебе....
Това е абсурда,коjто ти промовираш.
Да не зборуваме,дека твоja наjголем трговски партнер мислам над 50% е ЕУ. Е ако сакаш сам да си отсечеш дрвото на което седиш-повелете.
Тајната евро-долар војна
Архива
Не е ли парадоксално? Само неколку недели по божем величествената победа на американските и британските трупи во Ирак, доларот и фунтата се претворија во две од најслабите валути во светот. Април 2003 година беше деветти последователен месец во кој доларот паѓаше во однос на другите водечки светски валути, а во мај наеднаш падна достигнувајќи го своето најниско ниво во однос еврото. Фунтата продолжи да паѓа и понатаму допирајќи ја најниската точка во последните шест години. Како и во САД, и британскиот платно-билансен дефицит е надвор од контрола, индустрискиот сектор слабее, а приватната потрошувачка на домаќинствата зависи од станбениот и хипотекарниот кредитен меур што во секој момент може да имплодира и да се претвори во "црна дупка".
ЗЛАТНОТО ДОБА
НА ДОЛАРОТ
Топењето на силата на доларот има и многу подраматични меѓународни последици. Во суштина станува збор за игра на моќ од највисоко геополитичко значење, можеби најсудбоносна по 1945 година, кога САД станаа водечка светска економска сила. Периодот оттогаш досега може да се подели во три фази: првата, веднаш по војната и со почетокот на Студената војна, што може да се нарече Бретон-Вудски златен систем на размена. Тоа беше ера на американската либерална надворешна политика кога САД беа владејачка сила во заедницата на западни нации. Но, веќе од средината на 1970-те американскиот систем на глобална економска доминација е подложен на драматична промена. Нафтениот англоамерикански шок наеднаш предизвика огромна побарувачка на долари. Земјите увознички на нафта од Германија до Аргентина или Јапонија, беа соочени со тоа како да извезуваат во долари за да ја платат скапата увозна нафта. Во истиот период Ричард Никсон ја укина златната база на вредноста на доларот и воведе т.н. систем на флуктуирачки курс. Со тоа се отстранија сите лимити за печатење долари. Единствен лимит беше колку долари ќе земе остатокот од светот. Како резултат на тоа земјите на ОПЕК беа преплавени со новите нафтени долари. Најголемиот дел од овие долари дојдоа од банките во Лондон и Њујорк каде беше востановен нов процес, што Хенри Кисинџер го нарече "рециклирање петродолари".
ОПЕК немаше што да прави со безбројните долари. Американските и британските банки ги користеа доларите на ОПЕК како основа за издавање обврзници и кредити на земјите од Третиот свет кои беа во очајна потреба од долари за да купат нафта. Вака настана должничката криза на Третиот свет во 1980 година. Со цел да го обезбедат враќањето на долговите, банките од Лондон и Њујорк го исфрлија ММФ да дејствува како "должнички полицаец". Драконските мерки што ММФ ги наметнуваше врз земјите должнички дефинитивно ги уништи нивните економии. Оваа фаза на петродоларска хегемонија беше обид на елитата на САД да го забави сопственото геополитичко слабеење како главен владејачки систем во повоениот период.
БИТКА СО ЕВРОТО
Со создавањето на Еврото почнува прикриената војна меѓу доларот и еврото за глобална хегемонија, што е во суштината на оваа нова трета фаза. Еврото дефинитивно го загрози местото на доларот како светска резервна валута. Со оглед на тоа што речиси 70 отсто од светската трговија се одвиваше во долари, централните банки на државите своите резерви ги акумулираа во долари. Петродоларската фаза најмногу придонесе за тоа. Имено, во 1974 година беше направен договор меѓу САД и Саудиска Арабија, најголемиот производител на нафта во рамките на ОПЕК, нафтата да ја продава само за долари, а за возврат саудијците со таен договор да бидат наоружувани од страна на САД. И се до октомври 2000 година, ниту една земја на ОПЕК не се осмелуваше да го прекршува ова доларско правило. Но, веќе во ноември, французите и други европски членки најпосле го убедија Садам Хусеин да им се спротивстави на САД продавајќи ја "нафта - за храна" програмата не во долари, туку само во евра. Неколку месеци пред последниот напад врз Ирак, слични сигнали за замена на доларскиот систем со евро дојдоа од Русија, Иран, Индонезија и Венецуела. Повеќе извештаи укажуваа на тоа дека во изминатите месеци и Саудиска Арабија има повлечено околу 200 милијарди саудиски пари од американските пазари. Доларската доминација е сериозно нарушена од еврото.
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2246&stID=22514