- Член од
- 24 јуни 2008
- Мислења
- 1.705
- Поени од реакции
- 75
Европската комисија го вклучи алармот. Високите долгови на неколку земји-членки на Унијата се вистинска опасност за еврото. Поради огромните буџетски дефицити на Шпанија, Грција и Ирска стабилноста на единствената валута е ставена во прашање.
Пропаѓа ли еврото?! Прашањето го постави германскиот Шпигел онлајн откако дојде до документ на Генералната дирекција за економија и финансии при Европската комисија. Опстанокот на монетарната унија е неизвесен поради големите разлики на некои земји-членки и нерамнотежата што се создава поради тоа, стои во подготвениот документ. Се сугерира на поголемо штедење, комисијата најверојатно ќе предложи неколку мерки насочени во оваа насока.
Во последниот извештај за Македонија, објавен деновиве, Меѓународниот монетарен фонд ја пофали стабилноста на домашната валута во кризната година. Експертите на ММФ нотираа дека е одржан планираниот буџетски дефицит - за среден рок, сепак, сугерираат фискалниот минус да се намалува. ММФ е категоричен дека проекцијата на буџетот за годинава е оптимистичка. Ако се доведе во прашање буџетскиот дефицит, Владата ќе мора да штеди, стои во извештајот на Меќународниот монетарен фонд.
И Македонија, но и Европа, годинава треба да се бори со невработеноста. Прогнозите за Унијата се дека допрва треба да се очекува зголемување на бројот на невработени, најмногу поради строгите фискални реформи.
-Многу балкански ми звучи!:kesa: Па нели ние сме варвари за западните европејци, зошто тогаш и тие како и ние, како и секогаш, ги вклучуваат алармите во последниот момент, зошто немало контрола врз земјите членки на ЕУ досега !? Или тоа било само европската солидарност која ја доведе унијата на ова дереџе?