Coldhorror
ESTJ
- Член од
- 4 јуни 2012
- Мислења
- 140
- Поени од реакции
- 107
Creepy Pasta е термин кој се користи за хорор приказни и неразјаснети појави кои се случувале (или се измислени). Најчесто се копираат и paste - уваат од форум на форум и некои социјални мрежи.
Не сум долго на Кајгана и незнам дали имало обид за да се направи ваква тема, ама мислам дека би било доста интересно да се слушнат мислења за натприродните појави кои се најчеста тема во Creepy pasta.
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 10:36 ---
Еве јас би почнал со мојата омилена приказна попозната како кучешкото лижење. Се работи за урбана легенда што има повеќе верзии - еве ја најпопуларната:
-Млад човек оди на планина во една колиба за да се одмори од секојдневниот живот. Сопственикот на колибата му кажува дека на планината може да стане многу осамено навечер, при што секаков шум би предизвикал страв. На вратата од спалната соба имало мала вратичка за куче, и сопственикот го советува човекот да ја извади раката низ вратичката доколку му е страв и доколку го излижи кучето тогаш се е во ред. Сопственикот си оди, поминува првиот ден и човекот си легнува да спие. Во еден момент неможејќи да заспие слуша чуден шум што доаѓа од претсобјето, му текнува на советот од сопственикот и ја вади раката низ вратничето - кучето го лиже и овој спокоен си легнува да спие. Наскоро задремува но го буди удар од нешто тапо, станува избезумен и ја вади раката низ вратичката - кучето повторно го лиже. Човекот повторно легнува и заспива, по кратко време се буди и слуша чуден звук од надвор, ја вади повторно раката и кучето повторно го лиже. Најпосле човекот собира храброст и излегува од спалната, претрчува низ колибата набрзина само за да го најде кучето заковано со шајки на таванот од кујната а на ѕидот со крв напишано : „И човек може да лиже рака“