Creepy Pasta

Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
Creepy Pasta е термин кој се користи за хорор приказни и неразјаснети појави кои се случувале (или се измислени). Најчесто се копираат и paste - уваат од форум на форум и некои социјални мрежи.
Не сум долго на Кајгана и незнам дали имало обид за да се направи ваква тема, ама мислам дека би било доста интересно да се слушнат мислења за натприродните појави кои се најчеста тема во Creepy pasta.
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 10:36 ---
Еве јас би почнал со мојата омилена приказна попозната како кучешкото лижење. Се работи за урбана легенда што има повеќе верзии - еве ја најпопуларната:
-Млад човек оди на планина во една колиба за да се одмори од секојдневниот живот. Сопственикот на колибата му кажува дека на планината може да стане многу осамено навечер, при што секаков шум би предизвикал страв. На вратата од спалната соба имало мала вратичка за куче, и сопственикот го советува човекот да ја извади раката низ вратичката доколку му е страв и доколку го излижи кучето тогаш се е во ред. Сопственикот си оди, поминува првиот ден и човекот си легнува да спие. Во еден момент неможејќи да заспие слуша чуден шум што доаѓа од претсобјето, му текнува на советот од сопственикот и ја вади раката низ вратничето - кучето го лиже и овој спокоен си легнува да спие. Наскоро задремува но го буди удар од нешто тапо, станува избезумен и ја вади раката низ вратичката - кучето повторно го лиже. Човекот повторно легнува и заспива, по кратко време се буди и слуша чуден звук од надвор, ја вади повторно раката и кучето повторно го лиже. Најпосле човекот собира храброст и излегува од спалната, претрчува низ колибата набрзина само за да го најде кучето заковано со шајки на таванот од кујната а на ѕидот со крв напишано : „И човек може да лиже рака“
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Урбани легенди - провери ја таа тема, ако мислиш дека е истото - ќе ги спојам. (засега ми делува слично)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Ова ме има стресено коа бев троа помал

Некој човек отишол во еден хотел. На рецепција, жената му дала клуч и му рекла дека на патот кон неговата соба имало некоја врата без број која е заклучена и никој не смее да влегува или пак да погледне внатре. Човекот си продолжил кон својата соба. Следната вечер, љубопитноста го победила. Отишол до вратата и пробал да ја отвори. Се разбира, била заклучена. Се наведна, и погледна низ клучалката. Тоа беше соба иста како неговата и во ќошот виде жена чија кожа беше наполно бела. Жената беше со наведната глава кон ѕидот, свртена спротивно од вратата. Човекот ѕиркаше и беше збунет. Сакаше да тропне но сепак не се реши за тоа. Ова го спаси неговиот живот. Си се врати во својата соба. Следниот ден повторно се врати кај собата без број и погледна низ клучалката. Овој пат, се што виде беше едно огромно црвенило. Не можеше ништо јасно да види освен црвенилото. Можеби луѓето во собата дознале дека ги шпионирал и ја намачкале клучалката со црвена боја. Човекот отиде кон рецепцијата да се распраша. Жената воздивна и го праша: "Погледнавте низ клучалката?". Човекот потврди и рецепционерката му одговори: "Епа ај, ќе ви ја кажам приказната. Пред многу години, во таа соба се случи убиство. Маж ја уби сопствената жена и сега нејзиниот дух ја прогонува собата. Но овие луѓе не беа обични. Тие беа сосема бели освен нивните очи, кои беа црвени."
 

Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
Урбани легенди - провери ја таа тема, ако мислиш дека е истото - ќе ги спојам. (засега ми делува слично)
Има урбани легенди во Creepy Pasta, ама не се сите. Повеќето приказни се или вистинити, или се урбани легенди, или се плод на имагинација на некои креативци, твоја одлука е дали треба да се спојат:)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Не спојуваме, интересно е и вака, таман да освежиме летово :D
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Од ваа приказна сум се ежел како мал...

Дечково бил таксист и бил на ноќна смена, и по пат го запрале 3ца луѓе и побарале од него да го однесат ваму и ваму, овој ги однесол до таа локација и луѓево благодарни го повикале на кафе во нивната куќа, дечково првен одбивал оти бил на работа но некако го убедиле, отишле се напиле и дошло време да си отиде, и се поздравил се и си отишол, ама на патот му текнало дека ги оставил клучевите внатре и тргнал да се врати, кога ќе види се затворено вратава со огромни катанци, ламбите изгаснати...и дечково не знаел што да прави се вознемирил и повикал полиција, полицијава дошла и дечково објаснил се како се одвивало и полицијава мислела дека е ненормален, и му рекла дечко овде никој не живее веќе 30 години, газдите на куќава се умрени оддамна, но дечкото настојувал и почнал да тропа по вратата да отворат, полицијата се противела и го влечела...после некое време немало више што да се кажуе дечково упорен ќе ја кршел вратата веќе и полицијата рекла во ред ќе отвириме..... и во натре влегле кога ќе видат филџаните од кои што пиеле кафе измиени, а клучевите на маса !!!
После викаат дечкото дека се мрднал од паметот...

Легенда или вистина не знам, ама како мал па и сеа ми е многу језива...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ова веќе го има многупати во темата која погоре ја спомнав
 

Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
Ај да се убацам со уште некоја приказна :)
Втора светска војна, зимата 1944 година, англичани ја бомбардираат Германија.
Еден од најдобрите воени доктори снемува завои, гази, крв за трансфузија и некои други медицински помагала. После една прилично лоша рунда од бомбардирање, целиот камп бил масакр. Тие што преживеале биле уверени дека покрај звукот од експлозиите можело да се слушне кикотење од некое девојче. После бомбардирањето, докторот влегол во кампот и почнал да си ја врши медицинската работа - како многу пати предходно, само што овој пат било многу темно. Бомбардирањето се префрлило на друга страна од фронтот, и повредените војници заспале се до следното сабајле - први јануари 1945. Се разбудиле во раните утрински часови со вресоци, наскоро сватиле дека завоите и фластерите не им се вистински завои или фластери туку откинати парчиња месо, на неколку луѓе им била дадена свежа крвна трансфузија иако во кампот немало крв за трансфузија, сите биле покриени со дамки од крв, од глава до пети. Докторот го нашле како лежи врз две буриња, насмеан, гледајќи кон небото - покриен со ќебе. Кога еден од војниците го поттурнал му паднало ќебето откривајќи дека на телото му фалело кожа, мускули и месо, а телото му било комплетно исушено и без крв - во едната рака имал скалпел а во другата шише за трансфузија кое било поврзано со цевка и со неговата рака.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Има едно филмче, се вика Urban legends. Гледајте го. Нема да ви биде омилен филм, ама во него има неколку урбани легенди од кои ќе ви се наежи кожата. Почетната сцена ја имам раскажано на илјада луѓе и сите се останати со отворена уста.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Има едно филмче, се вика Urban legends. Гледајте го. Нема да ви биде омилен филм, ама во него има неколку урбани легенди од кои ќе ви се наежи кожата. Почетната сцена ја имам раскажано на илјада луѓе и сите се останати со отворена уста.
Може да ме линкаш? :)
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Дали ви текнува на еден филм, т.е. три приказни у еден филм. Првата нз како беше, вторава беше со една црна дамка у едно езерце што ќе ги проголта едни млади дечки, а третава приказна беше со еден автостопер?
Исто уште еден стар филм со три у едно. Мислам дека се викаше Приказни кои сведочат лудило. Првава приказна е со еден тип што ќе ја убие женска му и ќе и го јадат месото на гозба без другите да знат дека е нејзино. Вторава е еден човек ќе најде дрво у шумата што личи на женско тело и ќе го донесе дома и дрвово ќе ја убие жена му. И третата беше со едно детенце и еден тигар.

Ги барам филмојве но никако да ги најдам, сум ги гледам ко дете ... помош, некој?
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
271
Поени од реакции
232
Еве ви страна полна со вакви приказни. Некои се интересни, некои без веза ама ќе се најде некоја. :D
http://creepypasta.wikia.com/wiki/Creepypasta_Wiki

Инаку мојата омилена е "Humans Can Lick, Too" :coffee:
Ја нема на македонски а кој сака на англиски ептен лесно се наоѓа. ;)
 
С

сашенко

Гостин
Еве ви страна полна со вакви приказни. Некои се интересни, некои без веза ама ќе се најде некоја. :D
http://creepypasta.wikia.com/wiki/Creepypasta_Wiki

Инаку мојата омилена е "Humans Can Lick, Too" :coffee:
Ја нема на македонски а кој сака на англиски ептен лесно се наоѓа. ;)
Humans can lick е во првиот пост :facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom