Екипата на Штутгарт во петокот пред своите навивачи беше совладана од Борусија Дортмунд со 3:2 и остана на дното на Бундеслигата.
Веројатно клучната грешка на средбата беше дело на 18-годишниот стопер Тимо Баумгартл кој во 89 минута му ја подари топката на Марко Ројс.
По последниот свиреж на судијата беше видена една многу емотивна сцена кога фановите го тешеа младиот фудбалер.