Ancient Aliens S06E11 Macedonia ,Kokino

AntiZionist

undergoing construction
Член од
31 март 2009
Мислења
305
Поени од реакции
144
Дали си сериозен човеку? Како го направил тоа, со идиотските шпекулации? Зашо си дозволуваш да веруваш слепо во шпекулациите на осудуван криминалец? Нели ти текнало да ги провериш неговите глупости? Неможам да те сфатам.
Ти дадов книга да прочиташ во која е тотално разбиена секоја лага на Фон Деникен од неговата прва книга, со докази. Еве ти ја бесплатно, скенирана верзија.

И зашто ти одлучи да веруваш баш во оваа легенда? Милијарди други има низ светов. Илјадници од нив низ Македонија. Врз која основа веруваш во таа легенда пред мислењето на професионалци? Дали воопшто ги провери глупостите во епизодата за Пума Пунку?
Ај еве ѕирни го ова, некој се помачил да ги демантира сите лаги, со референци за секое врдење најдоле. Па сподели искуство.
П.С: Премногу лаги има, свари си кафенце.:coffee:

Ме нарекуваш слеп фанатик, несериозен идиот, се фаќаш за предмет - Пума Пунку за кој сметаш дека си докторирал и знаеш се бидејќи си прочитал некоја книга која дава одговори кои тебе ти се доволни и без да ги знаеш прашањара и по некоја статија која е сама по себе контрадикторна - едноставно завземаш хостилен однос во начинот на кој го искажуваш мислењето. И конечно твојата последна реченица делува арогантно. Се до овој момент моите мислења не претставуваа лична конфронтација конкретно кон тебе.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Ме нарекуваш слеп фанатик, несериозен идиот
Зашто лажеш? Каде сум те нарекол идиот? 100 пати ти реков да ме цитираш кај што сум те навредил...
Ниту пак сум те нарекол слеп фанатик, туку дека размислувањето ти е слично со она на верските фанатици поради тоа што не си ни потрудил да ги провериш глупостите што ги истресол Фон Деникен.
Обајсни ми како тоа НЕ Е СЛЕПА ВЕРБА? Друже, тоа е дефиниција за слепа верба.

Disclaimer: Ова не е навреда кон тебе, туку кон твојата слепа верба во зборовите на Фон Деникен,

Јас никаде не те навредив тебе туку само твоето мислење! Тоа се две различни нешта кои не треба да ги мешаш.
Нема потреба од изигравање жртва и лажење, остај го тоа на професионалци ко Фон Деникен кои прават пари на тој начин.
се фаќаш за предмет - Пума Пунку за кој сметаш дека си докторирал и знаеш се бидејќи си прочитал некоја книга која дава одговори кои тебе ти се доволни и без да ги знаеш прашањара и по некоја статија која е сама по себе контрадикторна - едноставно завземаш хостилен однос во начинот на кој го искажуваш мислењето.
Напротив! Појма немав за Пума Пумку пред да се спомне на темава. Не го ни спомнав јас прв, туку ми беше приложено како некој непобиен доказ (која иронија..).
Тоа е и мојата поента! Лагите на Фон Деникен се толку очигледни што не е потребно којзнае колку време за да се увериш во истото.
Тоа е она што не ми е јасно кај тебе, целото твое мислење е базирано на мешавина од лаги и шпекулации за кои воопшто не си ни помачил да ги провериш. Затоа и спомнав "слепа верба".
Ако мислиш дека доказите во книгата или постот шо ти ги дадов не се доволни, објасни зашто.

И конечно твојата последна реченица делува арогантно. Се до овој момент моите мислења не претставуваа лична конфронтација конкретно кон тебе.
Можеби ова делува арогантно, точно, сега го согледувам убаво, али ако дебатираш недела дена со тројца луѓе за нешто што е толку очигледно, неможе а да не ти се испушти нешто такво меѓу останатите илјадници напишани зборови.
И како шо кажа, цело време моите мислења не се лична конфронтација конкретно кон тебе, туку кон твоите ставови.
Незнам зашо те натерал баш овој момент да го смениш тоа.... Си имаш зацртано во главата дека имам јас нешто против тебе, или дека сум те навредил некако. Што нема никаква врска со реалноста.
Лесно е да се глуми жртва, тешкото е да се промени ставот кој опстојувал повеќе години на лажни основи.

btw Среќна Нова. :)
 
AntiZionist

undergoing construction
Член од
31 март 2009
Мислења
305
Поени од реакции
144
Зашто лажеш? Каде сум те нарекол идиот? 100 пати ти реков да ме цитираш кај што сум те навредил...
Ниту пак сум те нарекол слеп фанатик, туку дека размислувањето ти е слично со она на верските фанатици поради тоа што не си ни потрудил да ги провериш глупостите што ги истресол Фон Деникен.
Обајсни ми како тоа НЕ Е СЛЕПА ВЕРБА? Друже, тоа е дефиниција за слепа верба.

Disclaimer: Ова не е навреда кон тебе, туку кон твојата слепа верба во зборовите на Фон Деникен,

Јас никаде не те навредив тебе туку само твоето мислење! Тоа се две различни нешта кои не треба да ги мешаш.
Нема потреба од изигравање жртва и лажење, остај го тоа на професионалци ко Фон Деникен кои прават пари на тој начин.

Напротив! Појма немав за Пума Пумку пред да се спомне на темава. Не го ни спомнав јас прв, туку ми беше приложено како некој непобиен доказ (која иронија..).
Тоа е и мојата поента! Лагите на Фон Деникен се толку очигледни што не е потребно којзнае колку време за да се увериш во истото.
Тоа е она што не ми е јасно кај тебе, целото твое мислење е базирано на мешавина од лаги и шпекулации за кои воопшто не си ни помачил да ги провериш. Затоа и спомнав "слепа верба".
Ако мислиш дека доказите во книгата или постот шо ти ги дадов не се доволни, објасни зашто.

Можеби ова делува арогантно, точно, сега го согледувам убаво, али ако дебатираш недела дена со тројца луѓе за нешто што е толку очигледно, неможе а да не ти се испушти нешто такво меѓу останатите илјадници напишани зборови.
И како шо кажа, цело време моите мислења не се лична конфронтација конкретно кон тебе, туку кон твоите ставови.
Незнам зашо те натерал баш овој момент да го смениш тоа.... Си имаш зацртано во главата дека имам јас нешто против тебе, или дека сум те навредил некако. Што нема никаква врска со реалноста.
Лесно е да се глуми жртва, тешкото е да се промени ставот кој опстојувал повеќе години на лажни основи.

btw Среќна Нова. :)
ОК, final summation - ти си веруваш во теориите на mainstream професионалците и ништо нема да те импресионира се додека некој археолог е доволно креативен во смислувањето на прикаски а јас упорно ќе се чудам и ќе си поставувам прашања.
Иначе фала, среќна нека ти биде и тебе :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
ОК, final summation - ти си веруваш во теориите на mainstream професионалците и ништо нема да те импресионира се додека некој археолог е доволно креативен во смислувањето на прикаски а јас упорно ќе се чудам и ќе си поставувам прашања.
Иначе фала, среќна нека ти биде и тебе :)
Пред над 2500 години Херодот, антички патеписец и татко на историјата бил во Египет ги видел пирамидите живи и здрави и египетските свештеници му ја кажале историјата и прочитале записите во пирамидите , како , кој и кога ги изградил дури и сумата на пари )злато и сребро ) колку чинела изградбата. Херодот ги запиша и површно алатките со кои биле подигани камените блокови и начинот како биле транспортирани. Нема помен на некои надприродни, чудни, необјасниви сили богови ... кои ги граделе. Пред 2500 години , не му беше ништо чудно на тие луѓе и на самите египќани околу пирамидите и градбата, а ние денес им велиме на истите тие египќани дека не можеле да ги направат сами.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
ОК, final summation - ти си веруваш во теориите на mainstream професионалците и ништо нема да те импресионира се додека некој археолог е доволно креативен во смислувањето на прикаски а јас упорно ќе се чудам и ќе си поставувам прашања.
Иначе фала, среќна нека ти биде и тебе :)
Главниот проблем во целава дискусија е дека премногу се разликуваат нашите "верби".
Јас "верувам" во "Radiocarbon dating", испробана и докажана метода за одредување старост.
Затоа знам дека Фон Деникен и другарите намерно лажат кога велат дека Пума Пумку (пример) е стара 17000 години.
Има многу останати кристално чисти лаги кои и ти самиот можеш да ги тестираш ако си доволно упорен, како на пример тежината на блоковите и материјалот од кој се направени.

Во овој случај, постојат само две теории по кои можеме да тргнеме со размислувањето:

1. 99% научници во светов (милиони луѓе) се дел од некаква illuminati-style организација.
- Првиот проблем е што синхронизацијата на она што го прават и зборат повеќе десетици или стотици МИЛИОНИ луѓе низ светов е невозможна мисија.
- Вториот клучен проблем со оваа теорија е фактот што не треба да си научник за да потврдиш некои работи. Секој човек ако сака може да открие од каков материјал е еден камен, или да измери колку тежи тој камен, или крај краева ако е упорен, да научи како да направи carbon dating на камен.
- Значи веројатноста теоријава да е точна е ненормално мала.

2. Фон Деникен намерно ги преувеличил работите со цел неговата прикаска да стане поверојатна.
- Докажана тактика, користена од многу други луѓе пред него.
- Многу поверојатно и логично.

Дали го сфаќаш сеа мојот начин на размислување? И мојава поента на темава?
Пошо ако ова не го разбереш тогаш подобро и подетално од ова стварно не можам да ти објаснам ако ти едноставно несакаш да сфатиш основни работи.

За крај, само да дадам брзи одговори на поедини делови. Иако горе кажав се што имам да кажам.
ОК, final summation - ти си веруваш во теориите на mainstream професионалците
Мислам дека ти објаснив погоре, на кој начин мојата верба се разликува во твојата.
1. Мојата "верба" е во лесно докажливи факти. Со самото тоа престанува да биде верба.
2. Твојата верба е во работи кои не се докажливи на НИКАКОВ начин. Со самото тоа тие бараат од тебе да ВЕРУВАШ во нив дека се точни, без било како доказ или гаранција дека не се лага.

и ништо нема да те импресионира се додека некој археолог е доволно креативен во смислувањето на прикаски
Како што кажав горе, мора да прифатиш дека тие прикаски се лесно докажливи факти, подржани од милиони останати луѓе на планетава. Не треба да си археолог за да потврдиш некои работи.
а јас упорно ќе се чудам и ќе си поставувам прашања.
Сите луѓе треба да се чудат и да поставуваат прашања.
Мојата критика кон тебе друже е тоа што поставуваш прашања за работи кои се кристално јасни лаги и лесно докажливи .
Поставувај прашања за сумерскиот јазик во Јужна Америка. Тоа е прашање за кое никој на планетава нема конкретен, сигурен одговор.
Ама те молам не поставувај прашања за работи кои се јасни како ден, како "мистериите на Пума Пумку" т.е. старост, тежина, материјал, обработка и начин на кревање на камен. Срамота е.
Поздрав.
 
Значи престани да ме нарекуваш верник кога милион пати ти потенцирав дека не верувам во се што е прикажано на Ancient aliens туку едноставно сметам дека нема доволно одговори на многу прашања и колку и да се блесави досега таа теорија е единствена што дава некакви одговори кои уште еднаш ќе ти потенцирам не ги земам здраво за готово. Што се однесува на Пума Пунку ниту ти, ниту пак јас нема со сигурност да знаеме се додека не отидеме таму што и како е направено единствената разлика е што ти си имаш одговори кои те задоволуваат а јас немам. Иначе не се разбираме кога јас ти пишав дека ти си веруваш во теориите на научниците мислев имаш доверба, а не слепа верба како што ти очигледно погрешно ме разбираш.
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Мислам дека имаше тема за ова.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
А катастарот на ВМРО има ли дадено градежна дозвола? Оти ако е дивоградба, да го легализираме додека има време.
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Е како да не :pos:

На Кокино има 3 платформи од кои се набљува Сонцето преко човечки направени вдлабнатинки во карпите.
Првата платформа е онаа со троновите, и од неа не се набљудува Сонцето на рамнодениците и долго/краткодениците како што велат во клипот туку Сонцето изгрева низ тие вдлабнатини на денови кои за жителите во тоа подрачје имале значење од типот почеток и крај на жетва или слично.

Од втората платформа веќе се набљудува Сонцето на рамнодениците и долго/краткодениците. Овде нема никакви тронови туку само како еден полукруг издлабен во земјата.

Третата платформа е најинтересна затоа што од неа се набљудува ѕвездата Алдебаран од соѕвездието Бик. И тоа на карпата на која што се направени вдлабнатините се најдени повеке вдлабнатини, затоа што во времето кога тие биле правени позицијата на изгревот на ѕвездата се менувала (нови вдлабнатини биле правени на секој 100-200 години).

Ништо тука не укажува на посета од вонземјани. Туку луѓето едноставно си правеле календари во карпите.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Аман бе луѓе со овие теории на заговор, аман.
Порано кога луѓето не ги разбирале громовите, мислеле тоа го прави Зевс, денес за секоја градба од ваков тип излага вонземјани ја изградиле. Аман.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Не викам дека не е можно, можно е................, ама тоа неможе никој да го докаже, затоа сепак Кокино го сметам за природно богатство и чудо:)
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.095
Поени од реакции
9.016
Аман бе луѓе со овие теории на заговор, аман.
Порано кога луѓето не ги разбирале громовите, мислеле тоа го прави Зевс, денес за секоја градба од ваков тип излага вонземјани ја изградиле. Аман.
Следно што ќе кажеш е дека не постои дедо мраз?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443

Јас не верувам во муабетот за вонземјани, но дека Кокино е многу вредна обсерваторија и тоа на светско ниво тоа е потврдено и од НАСА. Но она што исто така ми е за верување е дека Кокино не е целосно истражено и дека крие уште тајни. Интересен ми е муабетот дека има две точки на набљудување и дека едната е постара која била користена пред поместувањето на земјата од нејзината оска пред повеќе од 10 илјади години. Повеќе од видеото од 13:30 минута па се до 16:20.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom