Ancient Aliens S06E11 Macedonia ,Kokino

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Сунѓер, Кокино не е природно богатство. Кокино е културно-историско богатство. Кокино не е чудо на природата. Него го направиле луѓе пред мнооогу години. Се претпоставува пред 4000 години. Тоа е многу време пред да се родиме ти и јас, па дури и чичко Анчо.
1800 г.п.н.е. (рано бронзено доба) т.е. тоа ни кажува дека не е мегалитска (не само поради датирањето туку и поради формата), тие тука сакаат да направат некаква си конекција со ванземаљци... (демек мноогу стара)
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362

Не сакаат ,туку прашуваат од каде е тоа знаење дојдено за да се направи и со што е направено.
 
Ф

Флеш

Гостин
Не сакаат ,туку прашуваат од каде е тоа знаење дојдено за да се направи и со што е направено.
Ова е тешка глупост со елиените ,а и поготово со шлагот каде што главна фаца е Грк кој кажува глупости дека ни дале знаење ... Како шо ќе тргне ,од етникумот од кај шо е , и Грчка се елиени по образование ....

Чисто ќе го прокоментирам логичниов и многу добар одговор со следниов цитат ....

Видете сега вака децо.
Нема никакви ванземаљци тоа се примитивни опсерватории, кога ловецот и собирачот почнал да се бави со земјоделство и му морал да најде начин за да го смета времето не оти му био гајле туку ради организираното сеење а потоа жнеење.

Соларен календар, не е тешко да се направи; оберете иста таква карпеста формација, набљудувајте го небото секојдневно неколку години и поставете маркери.

Вонзејмјанец може да е тој гркот неписмен.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Не сакаат ,туку прашуваат од каде е тоа знаење дојдено за да се направи и со што е направено.
Го набљудувале небото и поставувале маркери на одредени позиции.
Муабетот за мегалитска (треба да е од неолит, ново камено време) а потвредно е дека е од бронзено време. (обично во целата документарка не им е јасно за големите камени блокови од мегалитот, некој имал кец по физика)
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Го набљудувале небото и поставувале маркери на одредени позиции.
Муабетот за мегалитска (треба да е од неолит, ново камено време) а потвредно е дека е од бронзено време. (обично во целата документарка не им е јасно за големите камени блокови од мегалитот, некој имал кец по физика)
Се повеќе читам на форумов цврсто убедени луѓе со некои стандардни размислувања кои во глобала владеат.Едноставно негирање на туѓо размислување или друга теорија на другиот е како вградена во нив.Не велам ја дека се што гледам или читам зимам здраво за готово .Зборуваш за физики и хемии кои тогаш според стандардното учење на западот во самата историја пишува дека не постоеле.Не дека тогаш не разбирале тие ништо , но тоа ти е како сега ти да направиш time travel машина.Секое знаење се предава од некој што е поинтелегентен од тебе ,а логично е дека тогаш според историјата попаметен да е од тебе некој кој градел цивилизација на друга планета на која живот би постоел 100 илјади години понапред од овој на земјата.Ама зашто да се размислува така може ти дома навистина си имаш time travel машина и сам ти текнало како да ја направиш само што си го набљудувал небото и гледал дискавери.
 
Tsoukalos ти ли си ?
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549

Нормално, тој што дава тврдење мора да го докаже тврдењето.
Тоа ти се вика burden of proof.
Aко нема доволно докази тврдењето/хипотезата се отфрла.
А нема никакви докази дека вонземјани учествувале или асистирале во развојот на нашата цивилизација. Апсолутно никакви докази.
И не ти треба ванвселенска интелигенција за да забележиш како се движат сонцето и месечината и да направиш примитивен календар врз основа на твоите обсервации.
Ти треба само многу слободно време.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Се повеќе читам на форумов цврсто убедени луѓе со некои стандардни размислувања кои во глобала владеат. Едноставно негирање на туѓо размислување или друга теорија на другиот е како вградена во нив.
Има добри причини зошто некои размислувања во глобала владеат, а други едноставно се негираат.

Ако ги разледаме содржините на сите епизоди од забавната емисија Ancient Aliens и мислењата од оваа забавна емисија ги сфатиме сериозно испаѓа дека вонземјаните се „виновни“ за СЕ:

- се движеле насекаде низ планетава (Израел, Египет, Етиопија, Мали, Индија, Кина, Перу, Јапонија...)
- низ целиот временски период, од Стар Египет преку Див Запад до Нацистичка Германија
- се дел од сите митологии: грчка, индиска, нордиска, јужноамеричка...
- се креатори на познатите епидемии чума, грип, но и на измислените болести (Моргелонс)
- се дарители на оружја од Екскалибур до ласери
- постојат во најразлични облици: инсектоидни, рептили, хуманоиди
- ги истребиле диносаурусите
- влијаеле на науката преку Ајнштајн, Тесла, да Винчи...
- и уште ептен многу други мали и големи нешта како пирамиди, подземни светови, еволуција...
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
Ги имам изгледано повеќето епизоди од оваа серија вклучувајќи ја и оваа со Кокино.ДА има можеби некоја логика во тоа дека ако на луѓе од пред 2000 години им дојдеш со хеликоптери,вакцини,ајпад ќе мислат дека си од "горе" ама не баш од она обично горе туку она другото и ќе почнат да те обожуваат како божество,сигурен сум и дека сега на некое племе што немало допир со никаква технологија ни па цивилизацијата каква што ја знаеме ќе реагира на сличен начин.

Ама овие бе луѓе во серијава начисто забегаа,посебно во деловите со Ајнштајн и последната епизода што ја гледав со Тесла.Според ова ако секој гениј во историјата на човештвото бил под влијание или па ако идеме до крај бил вонземјанин тоа значи дека човечкиот вид е тотално неспособен и нема заслуга за ништо што денес го викаме технологија,цивилизација и така натаму вклучувајќи ја и сопствената еволуција која според теоретиве одела се до безопашестите мајмуни и не би напредувала да некој не поминал илјадници светлосни години за да дојде до тука(пошто нели ние сме меѓу најбитните работи во универзумов) и не направил генетичка модификација која резултирала со поголем мозок а со тоа и интелегенција што го отвара прашањето кој па на вонземјаните им го направил истото тоа.И една од посебно драгите теории која ми остана во сеќавање е онаа дека арката на Ное уствари била полна со ДНК примероци од секој вид на планетава,а Ное имал PhD очигледно,фантастично.

Посебно од сите тука се двои гркот кој во се и сешто ќе најде нешто вонземско,ама буквално во се.Не ми е јасно само уште кој ви ги финансира и им дава да одат до толку голем број епизоди,веројатно гледаноста е голема бидејќи зборат работи што се интересни за слушање и вистините ако не размислиш малку,бидејќи дете од осмо оделение може да им ја побие секоја втора теорија...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom