Ги читам коментариве и не можам да се изначудам.
Со колку само неосновани предрасуди сте отишле да гледате филм и после сакате да ви се допадне филмот. Не разбирам што очекувате од еден филм?
Искривената слика за тоа што е добар филм која што се пласира од холивуд има зафатено голем дел од гледачите и едноставно не можат да го прифатат филмот како уметност.
Пропагандата (лагата) од типот: Рамбо иде во авганистан и сам ги тепа сите и ги ослободува другарчињата - проаѓа како одличен филм, имаш славење на херои па прикажување како американците нели са најдобри и слични митови и глупости. (реалноста е сосема друга ако гледаш на вести што се случува денес во афган. ама тоа не е битно)
Ако се направи филм за реалниниот човек за за сите негови: радости и несреќи, подеми и падови, внатрешни драми... што можат да му се случат во краткиот век на живеење на планетава, тогаш филмот е: тапа, срање, мизерија... а режисерот е искомплексирано копиле кое што само сака да лапне пари од државата.
Ако сака некој да се залажува и да си доживува илузија на богатство раскош и убавина нека си гледа сапуници. Уште од династаија па наваму “успешните“ сапуници играат на таа карта и секако поголемиот дел од масата успешно се лаже дека животот е розов.
За сите филмови на Милчо се коментира дека ја покажуваат само бедата и сиромаштијата наша а се заборава фактот дека едноставно тоа е ФИЛМ и дека така и треба да се гледа.
Рекламни спотови за некоја земја се рекламни спотови а филмот си е сосема друга работа. Зарем треба во еден македонски филм да се прикаже животот на некој од нашиве олигарси кои живеат во раскош и немаат никакви грижи и проблеми за да го пофалиме тој наш македонски филм и да речеме: „Гледате ли како се живее бе во Македонија, беди едни белосветски“ Дали еден “розев“ филм за Македонија ќе направи повеќе да си ја сакате државата? Пуштете МТВ и гледајте “портокалов филм“ по цел ден.
Како може да се споредуваат пропаганда и уметност, реален живот и филм (фикција)?????
Сеа малку за филмот, како јас го видов.
Нели филмот има три дела и тоа.
Првиот дел игран филм - фикција: Во кој е прикажана една случка (дешавка) и нејзин расплет на така да речам современиве, денешниве, деца.
Вториот дел делумно игран филм делумно документарен односно мешање на фикција и реален живот. Тројца млади снимаат докуметарен филм за селата но не ја вршат работата само професионало (ладно) туку и се поврзуваат со луѓето што ги снимаат, кои им оставаат силен впечаток и неможат туку така да ги остават. (Ана се враќа кај бабичката)
Третиот дел е документарен односно целосна реалност, нема фикција.
Сите три дела иако различни по жанр (како изведба) целосно се испреплетуваат и се надополнуваат.
За првиот дел најчести се коментарите „каква врска имаше со останатиот дел од филмот“.
Во првиот дел е опишана “современата“ мајка. Децата се како прво се исплашени од мајките кои што се премногу зафатени со својата кариера и немаат време да поразговараат со децата односно цело време викаат по нив. Па така и еден сериозен инцидент како напад од манијак се плашат да им го кажат на мајки-те за да не ги казнат. Снаодливото девојче од предходно “извежбано“ дека треба само да се снаоѓа ја превзема работата во свои раце но сепак е дете и случајот завршува како што завршува. Невин дечко го јаде стапот.
Вториот дел со старците е навистина одличен и е феноменално изработен. Овој дел најмногу ми се допадна. Одлично прикажани две човечки судбини на напатени и измачени души кои иако во длабока старост сеуште се борат со животот. Секојдневно се борат со духовите од минатото но наоѓаат сила да продолжат и да се соочат со секојдневието кое им е неверојатно тешко и напорно но сепак не сакаат да си ги напуштат домовите и грутката земја на која го поминале целиот живот. Сцените на Ана со бабичката се полни со емоција и не те оставаат рамнодушен. Мене на пример цитат од бабата кој што ме погоди е „ еее ќерко како ли ќе се умира“
Третиот дел како документарец ги опишува реалните состојби во нашето општество и само ги дообјаснува некои од елементите начнати во предходните два дела односно го наведува гледачот да размисли зошто е се така и зошто се случуваат некои работи кои што не би требало да постојат но ете сепак постојат.
Линкови кои ги поврзуваат деловите, според мене.
Мајката на девојчето воопшто не е загрижена за вистината и тоа дали навистина ќерка и видела манијак или не, дали тој што го посочи е вистинскиот или само случајно најден (одбран) од полицајците... на неа и беше важно што таа мораше да искочи од работа и целата нервоза ја истураше на ќерка и обвинувајќи за тоа како тоа дозволила манијакот да ја види. Ќерката на згодната мајка видела манијак стар ќелав со мантил, апсиш млад со коса во јакна и си завршил работа. Тој ли е тој е, докази не требаат.
Старецот е таткото на убиецот а бабата би му дошла тетка (моја логична претпоставка). Бабата е полна со љубов и разбирање но брат и (старецот) претходно измачен од лошата и строга жена (мајката на убиецот) губи доверба во сите жени па дури не и верува и на сопствената сестра и неосновано (без докази) ја обвинува за магии.
Манијакалниот убиец од Кичево е осуден од јавноста уште при самото апсење негово. Единствен доказ е ДНК анализата ама затоа приказни и претпоставки имаш колку сакаш.
За тоа каде ги убивал, каде ги чувал убиените едноставно како ги бирал жртвите, може само да претпоставуваме и ќе остане тоа мистерија, бидејќи тој уште помистериозно се “самоуби“ во кофа вода.
Филмот си се вика МАЈКИ и си збори за тоа какви се мајки има и колку се тие всушност битни во сечии живот. Колку можат со своите постапки и однесување да влијаат на нечија судбина.
Од добар фил се размрдуваат сивите ќелии во главата. Те тера да размислиш и да си извлечеш и поука.
Ако не сакате да размислувате восхитувајте се на пропагандни филмови без поента и срж.
ПС. Ако е потребно слободно ставете некои делови во спојлери. Но според мене сите што сакале да го гледаат филмот веќе го гледале а тие што не го гледале а сакаат само плукаат по филмот и не мора се заштитат од откривање на дел од содржина.