„Мајки“ oд Милчо Манчевски

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
До кога бе Милчо ќе прави такви шунд филмови,филмови за набивање психа, Турци,клетници,..и незнам уште што..напраи бе добар филм еднаш мајку му
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.400
Поени од реакции
6.021
После долго време пак го видов киното полно.
Е сеа околу филмот накратко-
Првиот дел -претстава на модерното семејство,односно на најмладите,со мањакот ,претерано исфорсирано.Мајката ,модерната мајка иако имаше мал дел од филмов претставена онаква каква што е.
Вториот дел-Според мене најдобро реализиран.Критички настроен кон напуштените села,но и семејните кавги кои ги разделуваат браќата сестрите,некогаш и до смртта.
Е третиов- Нешто во стил на Васко Ефтов.Како стигнал Манчевски до снимките ,негова работа но многу непотребни долги сцени,а таа последната кога го прашуваат детето каде е баба ти ми го скина филмот...
Од друга страна и мајката на Владо која е извор на неговата психичка нестабилност и мотив за убиствата.

Само едно прашање ми остана недоговорено- зошто дедото ги гореше сликите,кога никаде немаше спомнато конекција меѓу него и Владо Танески(или јас не приметив од квалитетниот звук) ?
Манчевски експериментирал,според мене сосема непотребно затоа што ако еден од двата дела вориот(селото,семејните односи) или третиот(сериски убиец,со многу апсурдности во случајот и истрагата) ги реализирал како посебен филм верувам дека би добил номинација за оскар.
5/10

спојлерот не е баш спојлер пошто што и да било да се открие од сторијата на филмот нема ништо да ви расипе .
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Интересен филм. Не беше ништо посебно или уау, ама сепак го почитувам Милчо Манчевски и неговите залагања... Мило ми е што е воопшто снимен македонски филм!
Ама песната на крај убива... И ми се насолзија очите на вториот дел... многу ми беше жал за бабата... :(
 
Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
Јас не би го сметал ни во филм искрено. Ко А1 репортажа беше третиот дел, вториот и не беше лош, ама севкупно не ми се бендиса. За разлика од Прашина, Пред дождот овој е 0.
 
Член од
29 октомври 2010
Мислења
34
Поени од реакции
7
Го гледав филмов пред една недела, имаше доста публика во кино и стари и млади луѓе... Се на се... ок филмче, не ми се свиѓаше којзнае колку ама ме нервира што секој македонски типичен филм се состои од перверзии, гробишта, масакри и слично...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Може ќе отидам малку оф топик, ама не можам да не искоментирам. Гледав интервју со Манчевски прееска во Студио 2 на А1, водено од Бубевска. Јас мислам дека фалеше уште еден нож да извади и да се размавта во студио. Така го нападна Манчевски од сите страни, тоа чудо некое. Кој аматеризам човече.
Поставуваше прашања од типот, зошто Владата се откажа од вас, зошто претходната продукција ви е ставена под стечај (а нема везе), зошто за вас другите режисери се исфрустрирано фолиранти...итн. Немаше ниедно прашање, а да не беше поврзано со личен атак.
За Милчо, секоја чест. Многу смирено реагираше во интервјуто. Може не ми се допаѓа ова или она, во неговите филмови, може не мислам дека е најдобриот режисер на светот. Ама Милчо не е создаден сега и овде. Уште 1994 година кога беше никој и ништо, во транзициона и убиена до срж Македонија , тој триумфираше во Венеција. Светот го признава, смета дека создава квалитетни филмови. Но ние повеќе знаеме како и секогаш и го деградираме човекот како некој фолирант.
Абе македонче...
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Ги читам коментариве и не можам да се изначудам.
Со колку само неосновани предрасуди сте отишле да гледате филм и после сакате да ви се допадне филмот. Не разбирам што очекувате од еден филм?
Искривената слика за тоа што е добар филм која што се пласира од холивуд има зафатено голем дел од гледачите и едноставно не можат да го прифатат филмот како уметност.
Пропагандата (лагата) од типот: Рамбо иде во авганистан и сам ги тепа сите и ги ослободува другарчињата - проаѓа како одличен филм, имаш славење на херои па прикажување како американците нели са најдобри и слични митови и глупости. (реалноста е сосема друга ако гледаш на вести што се случува денес во афган. ама тоа не е битно)
Ако се направи филм за реалниниот човек за за сите негови: радости и несреќи, подеми и падови, внатрешни драми... што можат да му се случат во краткиот век на живеење на планетава, тогаш филмот е: тапа, срање, мизерија... а режисерот е искомплексирано копиле кое што само сака да лапне пари од државата.

Ако сака некој да се залажува и да си доживува илузија на богатство раскош и убавина нека си гледа сапуници. Уште од династаија па наваму “успешните“ сапуници играат на таа карта и секако поголемиот дел од масата успешно се лаже дека животот е розов.

За сите филмови на Милчо се коментира дека ја покажуваат само бедата и сиромаштијата наша а се заборава фактот дека едноставно тоа е ФИЛМ и дека така и треба да се гледа.
Рекламни спотови за некоја земја се рекламни спотови а филмот си е сосема друга работа. Зарем треба во еден македонски филм да се прикаже животот на некој од нашиве олигарси кои живеат во раскош и немаат никакви грижи и проблеми за да го пофалиме тој наш македонски филм и да речеме: „Гледате ли како се живее бе во Македонија, беди едни белосветски“ Дали еден “розев“ филм за Македонија ќе направи повеќе да си ја сакате државата? Пуштете МТВ и гледајте “портокалов филм“ по цел ден.
Како може да се споредуваат пропаганда и уметност, реален живот и филм (фикција)?????

Сеа малку за филмот, како јас го видов.
Нели филмот има три дела и тоа.
Првиот дел игран филм - фикција: Во кој е прикажана една случка (дешавка) и нејзин расплет на така да речам современиве, денешниве, деца.
Вториот дел делумно игран филм делумно документарен односно мешање на фикција и реален живот. Тројца млади снимаат докуметарен филм за селата но не ја вршат работата само професионало (ладно) туку и се поврзуваат со луѓето што ги снимаат, кои им оставаат силен впечаток и неможат туку така да ги остават. (Ана се враќа кај бабичката)
Третиот дел е документарен односно целосна реалност, нема фикција.
Сите три дела иако различни по жанр (како изведба) целосно се испреплетуваат и се надополнуваат.
За првиот дел најчести се коментарите „каква врска имаше со останатиот дел од филмот“.
Во првиот дел е опишана “современата“ мајка. Децата се како прво се исплашени од мајките кои што се премногу зафатени со својата кариера и немаат време да поразговараат со децата односно цело време викаат по нив. Па така и еден сериозен инцидент како напад од манијак се плашат да им го кажат на мајки-те за да не ги казнат. Снаодливото девојче од предходно “извежбано“ дека треба само да се снаоѓа ја превзема работата во свои раце но сепак е дете и случајот завршува како што завршува. Невин дечко го јаде стапот.
Вториот дел со старците е навистина одличен и е феноменално изработен. Овој дел најмногу ми се допадна. Одлично прикажани две човечки судбини на напатени и измачени души кои иако во длабока старост сеуште се борат со животот. Секојдневно се борат со духовите од минатото но наоѓаат сила да продолжат и да се соочат со секојдневието кое им е неверојатно тешко и напорно но сепак не сакаат да си ги напуштат домовите и грутката земја на која го поминале целиот живот. Сцените на Ана со бабичката се полни со емоција и не те оставаат рамнодушен. Мене на пример цитат од бабата кој што ме погоди е „ еее ќерко како ли ќе се умира“
Третиот дел како документарец ги опишува реалните состојби во нашето општество и само ги дообјаснува некои од елементите начнати во предходните два дела односно го наведува гледачот да размисли зошто е се така и зошто се случуваат некои работи кои што не би требало да постојат но ете сепак постојат.
Линкови кои ги поврзуваат деловите, според мене.
Мајката на девојчето воопшто не е загрижена за вистината и тоа дали навистина ќерка и видела манијак или не, дали тој што го посочи е вистинскиот или само случајно најден (одбран) од полицајците... на неа и беше важно што таа мораше да искочи од работа и целата нервоза ја истураше на ќерка и обвинувајќи за тоа како тоа дозволила манијакот да ја види. Ќерката на згодната мајка видела манијак стар ќелав со мантил, апсиш млад со коса во јакна и си завршил работа. Тој ли е тој е, докази не требаат.
Старецот е таткото на убиецот а бабата би му дошла тетка (моја логична претпоставка). Бабата е полна со љубов и разбирање но брат и (старецот) претходно измачен од лошата и строга жена (мајката на убиецот) губи доверба во сите жени па дури не и верува и на сопствената сестра и неосновано (без докази) ја обвинува за магии.
Манијакалниот убиец од Кичево е осуден од јавноста уште при самото апсење негово. Единствен доказ е ДНК анализата ама затоа приказни и претпоставки имаш колку сакаш.
За тоа каде ги убивал, каде ги чувал убиените едноставно како ги бирал жртвите, може само да претпоставуваме и ќе остане тоа мистерија, бидејќи тој уште помистериозно се “самоуби“ во кофа вода.
Филмот си се вика МАЈКИ и си збори за тоа какви се мајки има и колку се тие всушност битни во сечии живот. Колку можат со своите постапки и однесување да влијаат на нечија судбина.
Од добар фил се размрдуваат сивите ќелии во главата. Те тера да размислиш и да си извлечеш и поука.
Ако не сакате да размислувате восхитувајте се на пропагандни филмови без поента и срж.


ПС. Ако е потребно слободно ставете некои делови во спојлери. Но според мене сите што сакале да го гледаат филмот веќе го гледале а тие што не го гледале а сакаат само плукаат по филмот и не мора се заштитат од откривање на дел од содржина.
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
VoniVasaS, ти симнувам капа.

Филмов го изгледав на последното прикажување во Прилеп и фала богу што не сум го пропуштил.
Оргинален и контроверзен, тажен и комичен, најдобар - вака би го опишал филмот Мајки на Милчо Манчевски.

Но серии како "кога лисјата паѓаат" и холивудски клишеа (толку ги има што не е потребно пример да давам) толку го истапуваат вкусот на македонскиот народ, што за брзо ќе се изгуби.
Да не беше Милчо вкусот ќе се изгубеше многу одамна!
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Само една мала забелешка
Со колку само неосновани предрасуди сте отишле да гледате филм и после сакате да ви се допадне филмот. Не разбирам што очекувате од еден филм?
Искривената слика за тоа што е добар филм која што се пласира од холивуд има зафатено голем дел од гледачите и едноставно не можат да го прифатат филмот како уметност.
Пропагандата (лагата) од типот: Рамбо иде во авганистан и сам ги тепа сите и ги ослободува другарчињата - проаѓа како одличен филм, имаш славење на херои па прикажување како американците нели са најдобри и слични митови и глупости. (реалноста е сосема друга ако гледаш на вести што се случува денес во афган. ама тоа не е битно)
Холивуд е многу поголем од ова. Од таму има излезено се и сешто, тоа што го опиша е само многу мал дел. Холивуд го направи филмот уметност.

Но серии како "кога лисјата паѓаат" и холивудски клишеа (толку ги има што не е потребно пример да давам) толку го истапуваат вкусот на македонскиот народ, што за брзо ќе се изгуби.
Си нашол лош пример. Баш „Кога лисјата паѓаат“ е една поасална серија. Лоша не е, не е ни одлична ама лоша не е. А за холувуд, кажав погоре. Се има во него, па и клишеа.
Да не беше Милчо вкусот ќе се изгубеше многу одамна!
Аха, да не беше Милчо Манчевски со неговите 4 филма ќе го немавме вкусот. Одамна. Сите ќе бевме филмски неписмени.

------
Конкретно за филмот. Убав филм, од мене има позитивна оценка. Најдобри работи во филмот се уметничкото режирање(art direction) - изгледот и декорацијата на сцените, и музиката. Приказната е добра, си има своја симболика, ни кажува колку ни се потребни мајките, што се случува кога ги нема нив.
Само третиот дел малце го зафркнале, многу му е издолжен.
 

MadA@FakA

Black&White
Член од
4 август 2006
Мислења
1.046
Поени од реакции
104
FUUUUUUUUUUUUUUUUUUUCK...

џабе трошење 2 саата од животот... :tapp:
 
Член од
10 септември 2009
Мислења
2
Поени од реакции
0
филмот е преубав .. висока оцена добива од мене :)

--- надополнето ---

има негде линк за download ?
 

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
филмот е преубав .. висока оцена добива од мене :)

--- надополнето ---

има негде линк за download ?
Јас случајно го побарав на zamunda све порничи ми извади
 

Kajgana Shop

На врв Bottom