Сликата е поголема и не е воопшто наивна, језива е. Типичен пример за извлекување големи пари од граѓаните, актуелен овој период, увозот на стари коли за кој сега допрва граѓаните ќе ги почувствуваат "поволностите". Од
вкупно 160.000 такви увезени возила, над 100.000 се со стари мотори и без скоро никаква емисиона заштита. Меѓувреме се зголеми емисијата на исклучително штетни честици па се заострија и критериумите за регистрација. Некои од овие возила нема ни да се регистрираат по правило, други ќе мора да набават
катализатори кои чинат прилично скапо. Половни се околу 50 евра, нови 300-900 евра...во Бунарџик ли се произведуваа катализатори?
Нешто слично се подготвува и со овие измени за банкарските сметки. Овде
вели граѓаните само на банките им должат околу 1.7 милијарди евра. Заедно со фирмите над 4 милијарди евра. Ако веќе фондот за здравство, агенцијата за вработување и други институции се засегнати од позитивното салдо на невработените, како ќе постапат во случаите кога граѓаните должат. Дали ќе им ги платат сметките и кредитите, лекувањето? Нормално, не. Но и контролата на сметки на невработените (па и на вработените) исто не е нормална.
Да примаш социјална помош а да имаш пари на сметка или пак да поседуваш возило или некретнини е научна фантастика во многу земји.
Ако веќе се збори за контрола на социјалците, тоа е во ред, но не е јасно зашто не се качат исплатите барем на ниво на потрошувачка кошница. Тоа е некој би рекол нечовечки минимум само за храна. Ама...од 2010 не се води официјална евиденција за основната потрошувачка кошница. Откако беше критикувана за лицемерната методологија и нехармонизираноста со европските и други кошници.