швајцарија на балканот? my ass...

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Кога ќе излезеш од социјал-левите канџи, поубаво ќе ја гледаш реалноста и ќе ги читаш законите. Ама очигледно дека поубаво е да лечиш фрустрации, од страна да гледаш и да не правиш ништо да биде подобро во државата, односно да биде подобро на сите што живеат околу тебе. ;)
Има нешто што е подобро во државава последниве 8 години?
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.044
Поени од реакции
19.641
Горе-долу се разбравме.

Прими го моето извинување бидејќи не бев до толку запознаен со бројките опфатени со новите законски измени кои ги воведуваат пвеводбениците кои се презафатени работејќи 24/7 до тој степен што не ни спијат, туку изгласуваат законски измени и по полноќ.

Тешко е да се запомнат овие бројкиве - 150 евра минимална плата, па ја зголемија или ќе ја зголемуваат, па потпишување изјава во Фонд за здравство за остварени приходи поголеми или помали од 96000 денари во текот на минатата година, или поголеми или помали од 108000 денари во текот на минатата година, тешко е за помнење.

Како и да е, мислам дека се разбравме дека целта не е баш отстранување на измамниците од списокот на невработени, туку целта повеќе е бришење на невработените од списокот на невработени.

Инаку, и јас му се радувам на поштарот кога ми врши достава на нешто што сум го купил преку Интернет, но за жал, ги има такви кои не се среќлии како мене и тебе и на кои поштарот не им носи ништо радосно.
Поентата ми беше дека не се плаќа даноци поединечно за секој приход, туку границата е многу повисока. Пример, до 87,840 денари си ослободен од секаков вид на данок, ништо не се плаќа. Над 108,000 ден., или ете нека биде над 96,000 (мање битно некоја илјадарка плус), губиш право за здравствено осигурување т.е мора да плаќаш придонеси.

Иначе, има повеќе вакви даночни ослободувања, ама треба човек малку да се заинтересира, да прочита. Али македонче глупо, како ќе му кажат - така. Ни крив, ни должен ќе плаќа данок и кај што треба и кај што не треба, наместо да се информира подобро.

Она што треба да го направи државава е да го либерализира пазарот за здравствено и пензиско. Ако сакаш плаќај, ако не, никому ништо. А ако плаќаш, да можеш кога сакаш да напуштиш.

Верувај, постојат Заедници на станари кои уредно си ги водат работите до точка и запирка.Преку жиро сметка.
Има такви, но многу мал број. Обично сите на рака исплаќаат. А и многу лесно може да се среди тоа. Ќе ги замолиш, ќе те исплатат на рака.
Како и да е, до 87,840 денари не се плаќаат никакви даноци. Е сега, ако зема по 500 евра плата чистачката, тоа е друго. :D

Очигледно промената од социјализам во капитализам во нечија глава се сфати како државата да е приватна фирма со единствена цел создавање профит (без реинвестирање), без разлика на методите, а трендот е се посилен.
Уште сме во транзиција, но сега многу поопасна, таканаречена ментална транзиција. Жалосно е што сеуште има луѓе кои сметаат дека државата е таа која мора ги вработи. Со таков ментален склоп само кукањето преостанува.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
На рака ги земаат тие пари, не заебавај. Која е таа чистачка што ѝ исплаќаат 1000 денари на сметка во банка!?


Ти спомна 500 денари од кулинарски емисии, на тоа се надоврзав. Иначе, таков прилив од странство не се одданочува, пошто е поклон.
ako ne dokazes deka si platil danok na tie pari vo zemjata na poteklo,togas ocekuvaat da platis danok vo zemjata primac-makedonija.
toa e za preku bankarski smetki.paypal,moneygram,westernunion i slicni se nadvor od taa prikazna.
ja zatoa sekoj maj nosam godishna danocna presmetka od Uk vo nashe UJP za da ne me zamaraat.[DOUBLEPOST=1421213163][/DOUBLEPOST]
Точно е.Ајде, ете нека лажат на тв.Ама лично познаваме случаи, верувам барем некој сретнал таква ситуација.Исплата на добивка од лото, кладилница, било каква парична награда и после снемало ‘помош‘...Од една страна мизерни со мизерната социјална, од друга страна уште помизерни со блокирање било-каков-таков начин на заработка.
А тие другите социјалци со 2 стана, најнов модел на БМВ и животно осигурување уште си стојат.Поеднакви од еднаквите.

Верувај, постојат Заедници на станари кои уредно си ги водат работите до точка и запирка.Преку жиро сметка.

Кај нас ‘државата‘ е најголем стимулатор на сива економија и други нелегални форми.
Со овие намери за законски промени, со хонорарците, студентите, со плаќање милион други давачки од кои немаме никаква корист (радиодифузна такса, еколошка такса, давачки за обнова на патишта, патарини, локални комуналии, најавените ограничувања за Еуро 2 после увезени 200000 возила) и секако неисплаќањето на нејзините обврски.
Очигледно промената од социјализам во капитализам во нечија глава се сфати како државата да е приватна фирма со единствена цел создавање профит (без реинвестирање), без разлика на методите, а трендот е се посилен.
moram ova. znam deka e taka,ama seuste ne mozam da sfatam od kade im pari na socijalni slucai za kockanje?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Додека ние водевме дискусија на форумов, пвеводбениците ги усвоиле законските измени за уште помала приватност на трансакциските сметки на граѓаните и тоа ги усвоиле на вториот ден од отворањето на темава на форумов, 12 јануари 2015.

По(не)транспарентно, по(не)фер и по(не)демократски - без никаква јавна дебата, здравје.

http://www.telma.com.mk/vesti/pratenicite-se-za-uvid-vo-bankarskite-smetki

ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ „ЗА“ УВИД ВО БАНКАРСКИТЕ СМЕТКИ

(12.01.2015)



Едногласно и без дилеми пратениците од владејачкото мнозинство ги прифатија законските измени кои на уште три институции им даваат право, без согласност на граѓаните, да имаат увид во нивните банкарски сметки. За пратениците оправдано е министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Фондот за здравство да можат да проверуваат колкави приходи имаат граѓаните кои аплицираат за социјална помош и за бесплатно јавно здравство.
- Има ситуации лица со дебели банкарски сметки да аплицираат за користење на правата од социјална заштита и да ги добијат тие права, бидејќи се невработени, а имаат пари на сметки добиени по разни основи, рече Светлана Карапетрова од ВМРО ДПМНЕ.
- Целта е сузбивање на сите нелегални дејства т.е. на обидот да се користи социјална помош и од оние на кои не им е потребна за сметка на многу луѓе кои имаат реална потреба и од парична помош и од социјална заштита, а не можат да влезат во таа категорија граѓани, истакна Крсто Мукоски од ВМРО ДПМНЕ, претседател на Комисијата за финансирање и буџет.

Поранешниот министер за финансии, Никола Поповски смета дека станува збор за спорна и избрзана одлука, бидејќи увид во сметките ќе имаат и институции кои немаат финансиски надлежности. Според него, со ова ќе се наруши приватноста на граѓаните, но и довербата во банкарскиот систем.
- Ако сакаат да имаат контрола дали некој кој добива социјална помош има сметки кои тие не ги знаат треба да се бара тоа да се каже со писмена изјава под кривична и материјална одговорност. Ако за некој се сомневаат, со судска одлука може да се види сметката, но вака се отвора Пандорината кутија и утре или оваа влада или некоја друга ќе може да го шири кругот на оние кои имаат пристап до банкарските сметки, кои секаде во пазарните економии се сметаат за многу приватна работа, вели Поповски.

Деловните банки нема да бидат обврзани податоците за сметките да им ги отстапат на трите институции, односно ќе имаат право на избор дали со нив да потпишат меморандум за соработка. Од Здружението за банкарство не сакаат да ги коментираат законските измени, бидејќи тие воопшто не биле доставени до нив. Велат, сметаме дека требаше да биде побарано нашето стручно мислење, бидејќи измените се однесуваат на една од главните премиси на нашето работење, а тоа е деловната тајна.

Мирко Трајановски
 

Kajgana Shop

На врв Bottom