Прочитавне
За мене е во ред да се потпише согласност и да се има увид само во случај на барање за социјална помош и за оние случаи веќе споменати во претходниот закон, но за друга цел не знам зошто би имале увид. Овој дел од текстот ме чуди (ако нешто воопшто треба да не чуди овде)
Вакви трансфери воопшто не се поврзани со статусот невработен или здравствено осигурано лице. Знам дека ќе има дежурни адвокати кои со сите сили ќе го правдаат и овој потег, ќе го дрват до 101 ама ако е како што е сега претставен, тогаш е без никаков легален и фактички основ. Единствено може да се правда со тезите од една друга тема каде истите адвокати велат баталете устав и легалност.
Друга работа е што со повеќе институии директно вклучени во тие сметки, постои многу поголема можност за пробивање на податоците на различни нивоа.
А трета работа е што сеуште нема контрола на потекло на пари или имот па големи и непознати пари се вртат на тој начин, се купуваат имоти, фабрики, бизниси, куќи,...многу повеќе од нечија социјална помош. Е зашто де нема.