агенции за недвижности

Дискусија во форумот 'Економија и бизнис' започната од michael corleone, 21 јуни 2011.

  1. michael corleone

    michael corleone

    Член од:
    20 јуни 2011
    Мислења:
    179
    Допаѓања:
    12
    Дали ги познава некој околу овие работи АГЕНЦИЈА ЗА НЕДВИЖНОСТИ колкав процент се зема од продадена куќа,стан или нешто др.И дали има некој работено во АГЕНЦИЈА ЗА НЕДВИЖНОСТИ.
    Може некој да ми каже какви се работите за да формираш кај нас агенција за недвижности???
    Поздрав
  2. Seniorita

    Seniorita џм..

    Член од:
    11 април 2011
    Мислења:
    1.309
    Допаѓања:
    649
    кај нас има бааги агенции за недвижности ..ама мислам дека не ти се исплаќа, не сме до толку богати да купуваме преку агенции :)
    пс: малце сме и заостанати во тој real estate бизнис ..
  3. michael corleone

    michael corleone

    Член од:
    20 јуни 2011
    Мислења:
    179
    Допаѓања:
    12
    имат само во скопје над 70 агенции за недвижности..
  4. onak

    onak

    Член од:
    11 мај 2010
    Мислења:
    2.892
    Допаѓања:
    621
    агенциска провизија од продажба е 2% од цената без оглед дали е куќа, стан, плац, нива или што и да е. тие 2% ги плаќа или купувачот или продавачот... тоа е ствар на договор меѓу нив, т.е. во моментот на пазарење и ценкање, и тоа се пазари.. по правило тоа би требало да го плаќа продавачот... така е низ свет...

    агенциска провизија за рентање на било што (куќа стан, дуќан) е 50% од првата кирија веднаш или 3 месеци по 20% од киријата. и овој процент во принцип треба да го плати издавачот.

    за да биде агенцијата заштитена се потпишуваат договори кои се во својство на казнени мерки доколку странките после средбата ја заобиколат агенцијата... до пред некое време агенциите го јадеа стапот со вакви моменти... ке се испотроши агенцијата с ресорси на луѓе, телефони и време за на клиентот му најде тоа што го бара, а овој, ке ги заобиколи одпосле и ке си отиде сам кај проадавачот или издавачот... е сега има јаки закони и за такви работи се плаќаат јаки пенали...

    за формирање за агенција за недвижности... тоа е уствари фирма со назначена дејност. ти треба оснивачки влог, регистрација и бла бла бла.... ако сакаш контакт од добар правник за таа работа, пиши ми ПП и ке ти дадам, за да не биде дека рекламирам тука... ке ти среди се што треба за мали пари. ти само да си платиш, и за некој ден имаш се што ти треба со се печат... зборам за легална фирма која се бави со продажба и издавање. за тоа треба и една соодветна дозвола која е запишана и заведена во централен регистар на РМ...
  5. rure

    rure

    Член од:
    1 април 2011
    Мислења:
    46
    Допаѓања:
    0
    А според тебе колку куќи станови или нешто друго би можел да продада во месецот..
    и дали би била добра инвестиција..
    --- надополнето: Jun 24, 2011 7:41 PM ---
    абе неверува дека ке ти биде бизнисов профитабилен имат многи агенции ,а секој клиент ке си оди кај појаките агенции..
  6. onak

    onak

    Член од:
    11 мај 2010
    Мислења:
    2.892
    Допаѓања:
    621
    ееееее... прашањево ти е како за напазар... колку кила пипер ке купам за 100 денари...

    водењето на агенција за недвижности во 99% од успехот игра улога само способноста на агентот... убедувањето, имањето информации и прецизноста во договореното... сакав да кажам дека, да речеме ете, ако јас на пример како тотален лаик за кулинарство го купам ланецот на сендвичари на мекдонладс и како главен кувар ја усерам работата со храната за брзо време иако е бренд ке рикне како магаре... така и во бизнисот со недвижнини, агентот треба да биде способен да го убеди продавачот да ја спути цената, да го убеди купувачот дека таа недвижност Е БАШ ЗА НЕГО и со тоа да профитира... значи способност друже.. способност е во прашање а не колку ке се продаде овој месец... не се продаваат чушки и френки на тезга тука... па дури и за нив треба некоја способност, сами не се продаваат...

    п.с. во 2005 година имам продадено 17 станови за 30 дена...
    На Jezebel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rure

    rure

    Член од:
    1 април 2011
    Мислења:
    46
    Допаѓања:
    0
    требет да имаш дарба :)
    --- надополнето: Jun 27, 2011 8:04 PM ---
    за оваа работа
  8. Viktorcenko

    Viktorcenko

    Член од:
    2 август 2010
    Мислења:
    97
    Допаѓања:
    36
    Информацијата е мнг важен ресурс во оваа дејност, покрај комуникациските вештини. За оваа работа треба да си израснат на пазар ;)
  9. michael corleone

    michael corleone

    Член од:
    20 јуни 2011
    Мислења:
    179
    Допаѓања:
    12
    еј требит:)
  10. jamey jasta

    jamey jasta HCxPRIDEx

    Член од:
    8 јули 2008
    Мислења:
    2.119
    Допаѓања:
    523
    Дали склучувам некакви договори за изнајмување?
  11. onak

    onak

    Член од:
    11 мај 2010
    Мислења:
    2.892
    Допаѓања:
    621
    за се треба договор... кога ке ти дојде клиент му тураш под нос договор за соработка и специфираш за каква соработка станува збор...
  12. KaKtus

    KaKtus

    Член од:
    20 ноември 2005
    Мислења:
    589
    Допаѓања:
    47
    Дали знае да ми прешпрача некоја Агенција за недвижнини, која би се старала за мојот стан додека сум во странство ( кирија-редовно плаќање на сметките итн.)
  13. peter

    peter Петар Пан...

    Член од:
    6 септември 2005
    Мислења:
    604
    Допаѓања:
    158
    Ми се чини дека во МК нема вакви агенции. Во УСА ова е стандард, пошто функционираат кукните совети. Најдобро да си најдеш некој пријател кој ќе ти ја брка таа работа.

Сподели преку: