агенциска провизија од продажба е 2% од цената без оглед дали е куќа, стан, плац, нива или што и да е. тие 2% ги плаќа или купувачот или продавачот... тоа е ствар на договор меѓу нив, т.е. во моментот на пазарење и ценкање, и тоа се пазари.. по правило тоа би требало да го плаќа продавачот... така е низ свет...
агенциска провизија за рентање на било што (куќа стан, дуќан) е 50% од првата кирија веднаш или 3 месеци по 20% од киријата. и овој процент во принцип треба да го плати издавачот.
за да биде агенцијата заштитена се потпишуваат договори кои се во својство на казнени мерки доколку странките после средбата ја заобиколат агенцијата... до пред некое време агенциите го јадеа стапот со вакви моменти... ке се испотроши агенцијата с ресорси на луѓе, телефони и време за на клиентот му најде тоа што го бара, а овој, ке ги заобиколи одпосле и ке си отиде сам кај проадавачот или издавачот... е сега има јаки закони и за такви работи се плаќаат јаки пенали...
за формирање за агенција за недвижности... тоа е уствари фирма со назначена дејност. ти треба оснивачки влог, регистрација и бла бла бла.... ако сакаш контакт од добар правник за таа работа, пиши ми ПП и ке ти дадам, за да не биде дека рекламирам тука... ке ти среди се што треба за мали пари. ти само да си платиш, и за некој ден имаш се што ти треба со се печат... зборам за легална фирма која се бави со продажба и издавање. за тоа треба и една соодветна дозвола која е запишана и заведена во централен регистар на РМ...