Што читате во моментов? (со краток коментар)

C

cige

Гостин
Завршена „Клучот на алхемичарот“. Беден стил на пишување, лош превод. Не препорачувам.
Почната „Снежното дете“ од Ејовин Ајви. Засега добар превод и интересна книга.
Како ти се допадна Снежното дете? Денес на саем многу си ја пофалија на штандот. Дали вреди да се купи?
 
Член од
14 март 2014
Мислења
473
Поени од реакции
1.163
,,Големата вода"-Живко Чинго
Не знам дали толку е тешка книгата или јас не ја разбрав ко што треба.
Си ветив сама на себе дека ќе ја прочитам повторно за некоја година пак.
:)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.104
Поени од реакции
9.926
Како ти се допадна Снежното дете? Денес на саем многу си ја пофалија на штандот. Дали вреди да се купи?
Си остана само на почната поради тоа што обврски ме фатија околу факултет, ваму - таму. И сè нешто друго искачаше за читање на англиски, што немав време да ја дочитам македонскава и уште ми стои дома недочитана. Според 50-тината страници што ги прочитав мислам дека беше добар преводот, јасно течеше мислата, а и содржината не е лоша. Летово ќе и седнам сигурно, а братучед ми што му ја зајмив да ја чита - рече многу му се допаднала. Ѕирни и кратка содржина дали ќе ти се допадне, да не испадне после сум те прелажал да си фрлиш парите.[DOUBLEPOST=1430850887][/DOUBLEPOST]
,,Големата вода"-Живко Чинго
Не знам дали толку е тешка книгата или јас не ја разбрав ко што треба.
Си ветив сама на себе дека ќе ја прочитам повторно за некоја година пак.
:)
За мене најдобра книга што сум ја прочитал од македонски автор.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.172
Поени од реакции
8.351
rsz_1rsz_1rsz_20150506_001638.jpg

Verdi alla Scala -- Teatro alla Scala

Фрагменти од мeмоарите на познатиот Верди во кои интензивно се опишани изведбите на неговите опери во познатиот италијански оперен театар La Scala. Исто така содржани се и либретата од дел од оперите, фотографии од некои од првите изведби итн.

(y)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Само што ја почнав “Фантомот од операта“ од Гастон Леру. Уште од првата страна има едно 10 правописни грешки. Значи аман, претпоставувам и ова ќе биде сличен случај ко “Во чест на Каталонија“. Се повеќе губам желба да купувам македонски изданија.(n)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Мостот на Дрина - Иво Андриќ

И се местам долг период, па ете дојде време и неа да ја земам од библиотека. Само што ја почнав и завршив прваа глава каде Анриќ го опишува мостот на Дрина, до детали, ги опишува и игрите на децата кај тој мост, гледањето во една точка и чекањето да се помрдне нешто во дупката, и други игри од бујната фантазија на децата. Се зборува колку знам од крајот на 16ти век до почетокот на првата светска војна. Очекувам многу од книгава, и онака периодов ми е тапа.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
13.133
Мојот маж од Румена Бужаровска издание на Или-или.
Кратки прикаски раскажани во прво лице неповрзани една со друга, со малку поголема нишка на огорченост и подрзок јазик. За сега е добра.
 
Член од
22 јуни 2014
Мислења
70
Поени од реакции
46
Како да го смените односот кон животот-Андреј Курпатов
книгава стварно делува на општата состојба на психата кај секој човек во позитивна смисла и важно е да се спомне дека не можете да ја прочитате за неколку часа или за еден ден иако има само 260 страници затоа што секоја реченица треба да ја разберете ,а откако ќе ја разберете и поговорката која што стои на страната од книгата која ја читате продолжувате понатаму.Јас ја читав точно 5 дена ,а инаку кога читам други книги (романчиња) 350 страни читам дневно :)
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.172
Поени од реакции
8.351
Михаил Булгаков - Мајсторот и Маргарита

На почeтокот сум до втората глава, нe можам повeќe да напишам. Во сeптeмври полагам испит за книгава.
 

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
984
Поени од реакции
496
Киднапиран- Р. Л. Стивенсон

Па интересна книга сеа почиња јакото,али ја забаталив 2-3 дена,треба да ја дочитам
да напоменам не ги исполни моите очекувања во целост,како што ја меркав одамна мислев дека ке биде поинтересна ...али нмв битно е да се дружиме
 
Член од
25 јуни 2015
Мислења
462
Поени од реакции
416
"If tomorrow comes" од Sidney Sheldon, дефинитивно ќе ви го задржи вниманието доколку сте љубители на криминалистички романи и новели!
 
Последно уредено:

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
984
Поени од реакции
496
На запад ништо ново - Ремарк
Книгата ми е значи неам зборови мн јака. Убаво претставен војничкиот живот, на најреален и искрен начин претставена војната и нејзиното негативно влијание..
Како фанатик на војски војни и такви срања книгава ме воодушевува
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Историја на канибализмот од Ролан Вилнев. Се работи за некаков француски обид од 1965 година да се направи осврт кон оваа појава, за жал, не толку невообичаена и старовремска, како што сакаме да веруваме. И, авторот меѓу другото пишува за патолошки, ритуален, лековит канибализам, за човекојадство во услови на отворена и слободна лакомост, или на голем недостаток на храна, во услови на војни, опсади и сл. Има тука и извесен број сочни гурмански примери од сите оние прекрасни места во светот кои мечтаете да ги посетите, со цел да се шокира читателот (а некој можеби ќе падне и во искушение).
И се би било супер, кога книгата не би била премногу кратка, а авторот не би бил толку склон кон сензационализам и желба за поголемо внимание од пошироките маси читатели. Еден посериозен пристап кон една ваква, верувам, мошне интересна историска, антрополошка, психолошка, социоошка итн. тема секако ќе бил подобар од книгава што има обем на нешто потпроширена брошура. Сепак не е штета да ѝ се посвети внимание, посебно ако немате идеја што да пишете во гурманско катче, а сакате да дадете таму свој придонес.
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
21
Поени од реакции
17
Скриениот доказ - Сандра Браун.
Сандра е позитивно откритие за мене. Го барав некое време трилерот кој многумина ми го препорачаа од неа ама пошто не можев да го најдам, а земав оваа книга чисто да видам дали ќе ми се допадне нејзиниот стил на раскажување. Ми се допадна скоро се, освен клише љубовната прича али можев да поминам преку тоа зошто не беше претерано лигава како во некои други книги.
Еден човек кој е неправедно обвинет за убиство на седуммина работници, една жена со дете која одамна ставила розови наочари и смета дека сите околу неа се толку загрижени за неа, еден психички нестабилен лик кој има долга мрежа долу во подземјето каде може да очекувате се: од шверцување на дрога, до бело робје и продавање на млади за пари.
Кој е големиот ум, се кладам дека нема да погодите. Ова на Браун и е толку добро напишано, што шансите да се посомневате се многу мали.
Баш ме интересира како би изгледала книгава на филмското платно, мислам дека би можело да излезе добро филмче. Само јас би додал малку поише акција :D

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Само што ја дочитав Viy oд Гогољ. Малку се заебав што пред година дена гледав еден руски филм (наводно првиот хорор во СССР) а тој да ти биди обработка на оваа кратка приказна, базиран на Гогољ.

Како и да е уживав максимално. Иако знаев што понатаму ќе се случува, пишаниот збор си е пишан збор, и само тој ти дозволува да го опипаш авторот ко шо доликува. Плус има еден ептен опасен момент, кога ќе се разбудуваат суштествата, прејако му е отсликан и онака баш крипи што би се рекло, да го здрма читателот.

Воведив едно хоби да строго навечер ова време читкам хорор. Оваа беше кратка, ја скинав во два дена, инаку најдов едно pdf демек комплетно творештво на Lovecraft и тоа го терам напоредно, пошто братот ми е најцар за хорор, или да бидам попрецизен пишува според мој вкус и ги задоволува апетитите.

Утре ја почнувам Melmoth the wanderer од Charles Maturin, да видам шо катара е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom