Што читате во моментов? (со краток коментар)

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.978
Поени од реакции
7.530
Сведоштва 2001 од генерал Панде Петровски
Книгата е своевиден дневник и детално со сите карактеристики и мапи ги опишува акциите на војската во 2001 година исто така има интересни детали и видувања од авторот за случките и состаноците со тогашниот државен врв каде читателот ќе увиди дека се е гола политика и интерес а битката ја губиме од политиката и "помошта" на нато и "пријателски" служби
Топло ја препорачувам да ја прочита секој Македонец за да увиди дека ние од "нашите" сме страдале и ќе страдаме додека не се освестиме како народ МНМ !
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
79
Поени од реакции
33
Ја завршив Триумфална капија - Ериџ Марија Ремарк, па сега се чита За кого бијат камбаните - Ернест Хемингвеј едни од најдобрите до сега па дали вреди да се прочита :D
 

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
984
Поени од реакции
496
Ја завршив Азбучни Убиства од Агата Кристи и незз интересна книга :P :D
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.366
Поени од реакции
25.096
Дејвид Коперфилд од Чарлс Дикенс и стигнат сум до половина од 2 том и имам уште отприлика толку.

Дејвид Коперфилд е најпрекрасното дете на светот. Тој е толку многу нешта, што понекогаш мислам дека ми е вистински другар и кај и да е ќе ме викне да одиме на кафе.
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
118
Поени од реакции
53
Јас моментално ја читам "Девојката од возот" од Пола Хокинс. Вреди да се прочита.
Имам и две препораки за сите љубители на кратки книги
1." Децата на железницата" - Идит Незбит
2. "Црвената смрт" - Едгар Алан По
 
Член од
17 март 2014
Мислења
600
Поени од реакции
1.662
„Исповед од Харемот “ од Бранко Миленковиќ

Вистинска приказна за една девојка од Белград која поради игра на судбината и желбата за подобар и полуксузен живот додека во Србија коси виорот на војната таа се наоѓа затворена во еден харем во Дубаи.

Тука започнуваат сите нејзини доживувања кои од корен ќе го променат нејзиниот дотогашен начин на живеење...

Има интересна и поучна приказна :)
 
Член од
16 август 2015
Мислења
232
Поени од реакции
287
Без Збогување ја читам моментално
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Red Dragon -Thomas Harris ...

ОК...
ја земав за да го погледнам од близу стилот на Харис.. описите, начинот на кој е напишана, приказната и ликовите во неа.. Да го прочитам Лектер во неа.. :)
Некој ќе каже, па добро го имаш филмот, ги имаш сериите, шо си купувал...

Еееее.. ама не е така...

Постојат лоши книги, но одредени филмски адаптации знаат да го подобрат нивниот квалитет... и обратно, што најчесто се случува...
Но во поглед на книгата, како и филмските адаптации, ова правило едноставно не важи...

Нема да ја раскажувам Red Dragon... затоа што сите вие го имате гледано Филмот со Ентони Хопкинс, Едвард Нортон, Харви Кејтл, Ралф Фајнс, Филип Сејмур Хофман ....или онаа првата верзија - Manhunter, пред да го снимат Silence of the Lambs, со Вилијам Петерсен (Гил Грисом) како Вил Греам и Брајан Кокс, како Ханибал Лектер.
И особено модерната серија Ханибал, каде Мадс Микелсен е елегантниот и почитуван канибал - Ханибал Лектер, која е бразирана врз Ликовите од Red Dragon, за дури втората половина од третата сезона да ја обработува истоимената книга. Серијата, третата сезона, треба да завршува со почетокот на Silence of the Lambs....

Читајќи ја, до сега, ми помогна да го сфатам пристапот на досегашните режисери на Manhunter, Red Dragon, и сегашниот Ханибал...
За Silence of the Lambs не правам муабет, затоа што ако книгата во суштина ја разработува душевната трансформација, и нејзинаата борба меѓу свесното и несвесното, посакуваното и непосакуваното - наметнато, а оттука и инстинктот кој неконтролирано се бори да преживее растргнат во таа внатрешна борба, тогаш „Јагнињата“ е најлогичното продолжение на Црвениот Змеј... во литературна, но и во Филмска конотација.
Тоа е така затоа што сите режисери до сега, кои се нафатиле да го обработуваат Црвениот Змеј, земале различен пристап да го објаснат тој однос...
На пример,во Manhunter, пристапот е типично детективски - трилер шема од 80-тите.. Red Dragon (2002) слично, па оттука, и покрај одличната улога на Нортон како Вил Греам, недостасува суштинската врска со Лектер, која би ја објаснило трансформацијата на Вил, во она што е.. „бремето од лузните што Лектер му ги нанесол“, и потребата на Вил да го фати и разбере Долархајд - The Great Red Dragon.. Но не толку да го разбере за СЕБЕ, колку да му противречи, како противтежа на Лектер, за да предизвика кај Лектер истоветно чувство „... felt each hair bristle on his nape. ... felt that Lecter was looking through the back of his skull. ...“ и со тоа да го придобие на своја страна, како што Лектер го прави тоа со своите пациенти.

Како и да е, можеби најблиску до сево ова е серијата Ханибал, со таа разлика што дејствијата и настаните од книгата, се размешани, за свои потреби, како би дале една поголема слика на суштината во книгата.

Во секој случај, книгата е генијална... најпрво поради стилот и тензијата, а потоа и поради опсежната симболика и алегорија што Харис ја дава на сета таа тензија во приказната... Токму таа симболика и алегорија, на некој начин, како да му станува недоволна на Харис, па пребегнува кон пишување на второ дело; второ логично продолжение - Silence of the Lambs, за да го објасни она што недостасува во суштината на Red Dragon - посакувањето, копнежот, жедта за ДЕЛОТО, како еден од примарните нагони. Оттука и комплексноста на ликот на Џим Гамб и Кларис Стерлинг...
 
Последно уредено:
Член од
26 ноември 2014
Мислења
834
Поени од реакции
1.368
„Записи од мртвиот дом“. Уште сум назад со класиците на Достоевски ама втасувам пополека. Само краток коментар бидејќи сум до пола стигнат.

Достоевски дава реална слика за затворот во Сибир во 19 век(во кој самиот тој престојувал). Како и во сите други негови романи, тој дава прецизна и подробна психолошка слика, во овој случај на затвореникот кој ја одлежува и одработува својата тешка казна. Различни сорти на казнети луѓе и прогонети од простиот народ и од благородништвото се влеваат во суровата, лицемерна затворска средина, во која што постојано се обидуваат да останат на површина. Протагонистот Александар Петрович, поранешен благородник, постепено ја прифаќа затвореничката улога, притоа изложен на презирот и недовербата на луѓето од рускиот прост народ со кои тој сега е на исто ниво.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.821
Пред скоро ја прочитав повторно Степски Волк од Хесе, да обновам меморија на фино одбраните мисли од Германецот. Барав соодветна тема за да постирам едно интересно сликче на кое налетав на гугл, па мислам дека оваа тема најсоодветна. Целосно го отсликува моментот во бифето кога Хари го почнува разговорот со Хермина.

 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Томас Бернхард и неговата збирка кратки раскази (Имитатор на гласови) е прилично ново и пријатно откритие. Малку измислена црна хроника зачинета со многу мизантропија со освежувачки карактер. Ќе се дружиме почесто со Бернхард изгледа.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.366
Поени од реакции
25.096
Томас Бернхард и неговата збирка кратки раскази (Имитатор на гласови) е прилично ново и пријатно откритие. Малку измислена црна хроника зачинета со многу мизантропија со освежувачки карактер. Ќе се дружиме почесто со Бернхард изгледа.
„Блесок" ја има издадено „Сечење шума" од Томас Бернхард, книгата е цела пишувана без нов ред, значи нема нов ред од прва до последна страница :D
Се работи за тоа кога една вечер Томас Бернхард е поканет на буржоазиска вечера, но тој седи на фотелјата во еден агол од собата и ги набљудува луѓето. Зачинета автобиографија е и одлична е.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
„Блесок" ја има издадено „Сечење шума" од Томас Бернхард, книгата е цела пишувана без нов ред, значи нема нов ред од прва до последна страница :D
Се работи за тоа кога една вечер Томас Бернхард е поканет на буржоазиска вечера, но тој седи на фотелјата во еден агол од собата и ги набљудува луѓето. Зачинета автобиографија е и одлична е.
Од Бернхард во електронска форма имам уште шест дела (меѓу нив има и една драма), ама и „Сечење шума" некогаш ќе дојде на ред. Забележав дека и во електронските изданија, освен во драмата, нема нови редови. Си мислев дека се така (не)средени по желба на оној што го обработил текстот. :)
 
C

Crux

Гостин
Сега брзо ја дочитав „Ерагон“ од Паолини, прв дел од циклусот „Наследство“. Е сега, во таа книгата обемна (приближно 500 стр.) има еден мачор се вика Солембум/бам шознам како се вика, кој се појавува 2-3 пати. Е тој мачорот е напишан со повеќе карактер и шарм од сите други ликови комбинирани заедно. Единствена светла точка во цела книга.
Самиот прогрес во дејствието сe провлекува на еден монотон, банален начин, а стилот е сув и беден. Им го препорачувам на луѓе кои милуваат фантастика и авантура, јас очигледно не уживав во делово.

Моментално ја читам „Игра во 'ржта“ од Селинџер. :)
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Јулиј Цезар - Вилијам Шекспир


Ок, сите вие помалку или повеќе ја знаете историјата за убиството на Цезар близу Театарот на Помпеј на Мартовските Иди ...

Истовремено сум сигурен и дека повеќето од Вас гледале некаква филмска верзија на Шекспировата драма, или барем ја посетиле на театар (доколку ја имало :) ).

Како и да е, Јулиј Цезар на стариот добар Вил, е депикција на последните неколку часа од животот на Цезар гледано од страна на „Конспираторите“ против него (Гај Касус, Каска, Требониј, Гај Лигариј, Дециј Брут, Мителиј Кимбер и Цина), од страна на Јулиј Цезар и Марко Антоние, Брут (Цезаровиот миленик, подоцна вовлечен во конспирацијата, и Цезаров убиец), и populus-от; народот на Рим.

Ова е ладнокрвна политичка драма која во овој политички триаголник, сите се губитници. Цезар бива убиен од неговиот миленик - Брут, Конспираторите, како себепрокламирани штитеници на Републиката во распаѓање, го губат она што сакаат да го заштитат - Републиката, Брут, самиот себе, Марко Антоние, историски гледано, својот живот (во егзил во Египет), а Римскиот Популус - мирот, слободата и републиката со нив...

Оттука, да не ја раскажувам целата драма, читајќи ја до сега, можеби најправедното прашање за истата е: „Дали убиството на Цезар е оправдано или не?„ и „Дали убиството, т.е. неубивањето на Цезар, би допринело до поинаков тек на ескалирање на Граѓанската војна Рим, а со тоа и спасување на Републиката?“

На крај, причина плус заради која почнав да ја читам оваа Класика, е претходната прочитана Red Dragon, а и нарачаната Silence of the Lambs, кои длабоко во себе кријат една филозофска нишка на секојдневната политичка драма во и околу нас. Симболички, Лектер тоа добро го објаснува во обете, како свое гледиште за суштината на „политичко убиство“ ...

П:С:

А.. ќе заборавев... Еден од можеби најпозантите стихови во Јулиј Цезар (3, 1 ,255-275):
„Antony: ....O, pardon me, thou bleeding piece of earth,
There I am meek and gentle with these butchers!
Thou art the ruins of the noblest man
That ever lived in the tide of times.
Woe to the hands that shed this costly blood!
Over thy woods now do I prophesy
(Which like dumb mouths do ope their ruby lips
To beg the voice and utterance of my tongue),
A curse shall light upon the limbs of men:
Domestic fury and fierce civil strife
Shall cumber all the parts of Italy;
Blood and destruction shall be so in use,
And dreadful objects so familiar,
That mothers shall but smile when they behold
Their infants quartered with the hands of war,
All pity choked with custom of fell deeds;
And Caesar`s spirit, ranging for revenge,
With Ate by his side come hot from Hell,
Shall in these confines with a monarch`s voice
Cry `Havoc!` and let slip the dogs of war,
That this foul deed shall smell above the earth
With carrion men, groaning for burial.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom