Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.246
Роман со Кокаин од Михaил Агеев. Првата книга за оваа 2015 година.

Одлично се опишани внатрешниот живот и чувствата на јунакот Вадим Маслеников. Се согласувам со рецензентот на задната корица дека Михаил Агеев и Ф. Достоевски се доста слични во опишувањето на психичкиот живот на ликовите.

Интересно е и обраќањето на Буреквиц до Штејн во дворот на гимназијата. Штејн е Евреин, а прашањето за Евреите е актуелно тие години. Треба да го прочитам Еврејското прашање од Достоевски, ме интересира дали има некои совпаѓања во ставовите.

Неверојатно е тоа нешто, грбот што си заминува на неправедно навредениот човек, кој засекогаш си заминува. Има во него некоја човечка немоќ, некаква кутра слабост што бара да се сожалиш на неа, што повикува; што влече по себе. Во грбот на човекот што заминува постои нешто што потсетува на неправедностите и навредите за кои треба да се раскаже и уште еднаш да се збогува, и тоа треба што побргу да се стори, веднаш, зашто човекот заминува засекогаш и зад себе може да остави многу болка што уште долго ќе те мачи, која во можеби во староста ќе ти пречи да заспиеш ноќе. - М. Агеев
 
Последно уредено:

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
2015 ја започнав со Алхемичарот од Пауло Коељо. На која долго и се местам. Приказната за овчарот на кој му се сонува ист сон 2 пати, сон за богатство кое го има кај египетските пирамиди. Во книгата е опишана авантурата на младиот овчар кој е во потрага по богатството, што претставува негов спас од бедната сиромаштија. Коељо многу ми се допаѓа како писател.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
2015 ја започнав со Алхемичарот од Пауло Коељо. На која долго и се местам. Приказната за овчарот на кој му се сонува ист сон 2 пати, сон за богатство кое го има кај египетските пирамиди. Во книгата е опишана авантурата на младиот овчар кој е во потрага по богатството, што претставува негов спас од бедната сиромаштија. Коељо многу ми се допаѓа како писател.
Не знам дали има тука некој што ќе те порасне како што го сторија тоа дечките во Филм:D
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Не знам дали има тука некој што ќе те порасне како што го сторија тоа дечките во Филм:D
:oftopik:
Иако се сложувам во голем дел од постот, сепак лично негов е изборот на кој начин ќе порасне во светот на книгата. Ете и јас сум бил како него, сум читал коељо, спаркс и такви ми ти лимунатки па не ми беше пресуден некој на форум да ми ги отвори очите и да ме „порасне“. Прифаќањето на минатото што и како сме читале е поголемо „растење“ отколку неговото негирање и претенциозноста да се биде „возрасен“ во свет кој реално се` уште можеби ни е непознат.
Со други зборови, нека чита коељо, спаркс и такви лимунатки, ќе сфати со време дека може и нешто друго. Кога...од него зависи.
 
Член од
10 март 2009
Мислења
1.300
Поени од реакции
1.161
Ловец на души од Донато Каризи

Италијански трилер со дејствија кои се менуваат со вртењето на страните. До пола сум стасана со книгава засега е одлична. Каризи ми остави впечаток со Шепнувачот, која беше прва книга прочитана од авторот.Мислам дека нема да ме разочара ни оваа.
 
Член од
30 април 2013
Мислења
267
Поени од реакции
79
Бидејќи го изгледав True detective,sega posle Ligetti,на ред е Jim Crawford - Confessions of an Antinatalist
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Со години ме отекуваа сите за “Алхемичарот“ од Коељо. И си викам ај шо, да видам што книга е.
Дефинитивно не разбирам што има толку продуховено, барем за сега, на пола сум. Мала книга, ама се мачам да ја прочитам. Онака работи од типот на ако сакаш, следи го патот, сите имаат судбина и Лична легенда... оток. Барем мене ми е за сега.
Не знам, ќе видиме до крај, ама верувам дека би и дала 1 од 5 ѕвезди кога ќе ја завршам.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Со години ме отекуваа сите за “Алхемичарот“ од Коељо. И си викам ај шо, да видам што книга е.
Дефинитивно не разбирам што има толку продуховено, барем за сега, на пола сум. Мала книга, ама се мачам да ја прочитам. Онака работи од типот на ако сакаш, следи го патот, сите имаат судбина и Лична легенда... оток. Барем мене ми е за сега.
Не знам, ќе видиме до крај, ама верувам дека би и дала 1 од 5 ѕвезди кога ќе ја завршам.
Кога ја читав книгава (пред едно 7-8 години периодот) ми беше онака follow the dots, типот од книги. Не знам можеби тогаш сакав таков тип на литература што не замара па ми беше ок. Не нешто нај-нај но ок (пошо читав и други негови кои ми се допаѓаа повеќе). Денешниот јас да го почне да го чита Коељо сигурно ќе се изнасмее онака цинично во себе но сеќавајќи се дека вкусот не е вкус ако не еволуира, тогаш би си шлапнал една воспитна.
Пошто го читаш прв пат, секако после прочитаните-омилени класици како Sense and sensibility секако дека Коељо ќе ти биде смешен и недокучен, пошо првично вкусот ти еволуирал на многу повисок степен.
Јас не би гледал пеџоративно на оноа што некогаш одамна сум го читал, но секако се сложувам со твоето мислење дека вкусот ми се сменил и дека денес да почнам да го читам, ете не мора Коељо - Спаркс, би си го поставил прашањето - што е тоа што се смени?
Но за тоа има многу многу дискусија, првично од контекстот на литературата, после тоа од периодот во кој човек се наоѓа(л).
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Јас си го читам моментално од Марко Цепенков и стварно е жива комедија му одговара и презимето да се цепиш од смеење.[DOUBLEPOST=1421265486][/DOUBLEPOST]И одвреме навреме си се потсетувам со мојата омилена Силмалирион од Толкин
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665

Творечката дејност на Томас Лиготи трае неколку децении. Важи за еден од водечките писатели кога станува збор за хорор литературата, и го споредуваат со Е. А. По, со Х. Ф. Лавкрафт, Ф. Кафка и со други големи имиња. Сепак, меѓу пошироката читателска јавност не е познат, дури и меѓу оние што се заинтересирани за хоророт и фантастиката. Станува збор за доста повлечен нихилист, затворен тип кој нема желба да привлекува внимание. Едноставно, не е тимски играч.

My Work Is Not Yet Done: Three Tales of Corporate Horror е преведена на српски како Nedovršeni posao. Еден краток роман и два раскази. Ја имам како книга, иако веќе може да се симне во електронска форма.

Корпорациите, големите фирми, бездушноста, лицемерието и безличноста на оние кои се дел од ваквата машинерија се солидна подлога создавање атмосфера на страв и богами, на ужас. Посебно ако не сте тимски играч.

Ја немам целосно прочитано книгата, но првите впечатоци се повеќе од добри. Убаво, читливо и со привидна леснотија пишува за теми кои навидум и не се толку привлечни.
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
``Голи во смртта`` - Нора Робертс

Ив Далас е детективка во полицијата во Њујорк која живее за својата работа. За повеќе од десет години колку што е во служба, видела сè - и знае дека нејзиниот опстанок зависи од инстинктот. Но, таа оди против сите предупредувања кои ѝ кажуваат да не се впушта во врска со Рорк, харизматичен ирски милијардер и осомничен во последната истрага за убиство која ја води токму Ив.
Една лиценцирана проститутка е ладнокрвно убиена во својот кревет... Три истрели од антиквитетно оружје. Еден во челото, еден во градите и еден во гениталиите. Покрај неа стои пораката ЕДНА ОД ШЕСТ! Што кажува дека ова е само почеток на серијата убиства кои помалку или повеќе водат токму кон Рорк.

Паа, ќе видиме....
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Самарканд - Амин Малуф

Историска фикција (тро полесна за неговиот стил) за персиските султанати/емирати во почетокот на вториот милениум од нашата ера, како и одредени факти кои пролизгуваат поточно за основање на друштвото на Асасините, како и неизбежниот факт на секаков вид на братоубиства, преврати и такви-мити драми во дворот. Баш после Леон Африканец, ова ми требаше.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Со години ме отекуваа сите за “Алхемичарот“ од Коељо. И си викам ај шо, да видам што книга е.
Дефинитивно не разбирам што има толку продуховено, барем за сега, на пола сум. Мала книга, ама се мачам да ја прочитам. Онака работи од типот на ако сакаш, следи го патот, сите имаат судбина и Лична легенда... оток. Барем мене ми е за сега.
Не знам, ќе видиме до крај, ама верувам дека би и дала 1 од 5 ѕвезди кога ќе ја завршам.
Ех, го имаш утнато времето. Крајот на 90-тите: во ерата на „Касандра“ ваквиот тип литература беше поредок и поегзотичен. Постоеше Кастанеда и некои други, ама ми се чини дека сега врие од книги со длабоки, „алхемиски“ пораки, па не е тоа - тоа. Нешто подоцна Коелјо „слезе“ и во Македонија да потпише некој примерок. Веројатно ја имаш утнато и возраста (15-18 години). 90-тите + „Алхемичарот“ + тинејџерство апсолутно беа добитна комбинација. :) За Коелјо.

Самарканд - Амин Малуф

Историска фикција (тро полесна за неговиот стил) за персиските султанати/емирати во почетокот на вториот милениум од нашата ера, како и одредени факти кои пролизгуваат поточно за основање на друштвото на Асасините, како и неизбежниот факт на секаков вид на братоубиства, преврати и такви-мити драми во дворот. Баш после Леон Африканец, ова ми требаше.
Изгледа дека асасините за Маалуф се привлечна тема, на која внимание и посветува и во „Крстоносните војни...“. Пишувал за овие и Марко Поло.
Средновековна Ал-каеда, која си имала и свој харизматичен Осама. Нивната регрутација, обука и индоктринација се инспирација за барем неколку книжевни дела, и не само за тоа.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ех, го имаш утнато времето. Крајот на 90-тите: во ерата на „Касандра“ ваквиот тип литература беше поредок и поегзотичен. Постоеше Кастанеда и некои други, ама ми се чини дека сега врие од книги со длабоки, „алхемиски“ пораки, па не е тоа - тоа. Нешто подоцна Коелјо „слезе“ и во Македонија да потпише некој примерок. Веројатно ја имаш утнато и возраста (15-18 години). 90-тите + „Алхемичарот“ + тинејџерство апсолутно беа добитна комбинација. :) За Коелјо. .
Можеби, не знам, и јас истото го искоментирав. Можеби сум ја надминала таа граница кога книгава требала да ми биде интересна.
Во секој случај, на овие години сега, едвај ја дочитав. И ја дочитав само заради принципот дека секоја книга треба да ја прочитам до крај колку и да е лоша. Иначе уште таму на 20-та страна веќе ќе леташе низ прозор.
 
Член од
10 март 2009
Мислења
1.300
Поени од реакции
1.161
Владетел од сенка - Донато Каризи

Една по друга, две книги од Каризи. Не знам за Вас ама јас обожавам вакви сплеткани трилери, едноставно сами се вртат страните.
Книгава е продолжение на Шепнувачот, со истиот лик Мила Васкез која после седум години сеуште ја прогонува тој случај. И од оваа книга очекувам некој тотално непредвидлив крај како со Шепнувачот и Ловец на души.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom