Што читате во моментов? (со краток коментар)

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
984
Поени од реакции
496
The Most Dangerous Game - Richard Connеll
Книгава ја читам на англиски на Алдико .
Приказната е во врска со ловење каде што главниот лик за време на бура паѓа од бродот и му се губи траг .Водата го исфрла на непознат и чуден остров на Карибите на кого престојува и лови еден руски аристократ . Приказната е инверзија и се однесува на големите ловења низ Африка и Јужна Америка кои биле популарни во првата половина на дваесетиот век.
Не е ми е нешто посебна ,али за тепање време у бус и у школо некад на час е ок
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак.
од Харуки Мураками

Го читам македонското издание кое е веќе испечатено и треба во текот на наредниве две недели да излезе во продажба од Три. Од инсајдерски луѓе ја добив книгата во А4 формат и тоа уште без корица, поради мојата љубов кон авторот и ете можност да дадам една мала критика за книгата. Ја читам еве веќе 5 дена и уште ден два ќе терам, а мала е, не сакам да заврше. Малку поинаков Мураками, различно од Норвешка шума, од 1Q84 трилогијата и слично.

Се работи за Цукуру Тазаки, човек вљубен во железничките станици, го следиме неговиот живот по разделбата со неговите најдобри пријатели кои сите имаат имиња кои што означуваат четири бои: Синиот, Црвениот, Белата и Црната, само неговото име нема значење на боја па оттука го нарекуваме Безбојниот Цукуру. За годините на аџилак - внатре во книгата.

Препорака кога ќе излезе во печат. А дотогаш снабдете се некако со некоја од неговите книги.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
At the mountains of madness-Lovecraft

Препознатлив по својот стил, навидум едноставен, но крајно мрачен и бурен на моменти кој прави да ти подзаиграат цревата дури читкаш. Одличен опис на една експедиција што завршува трагично. Хорор новелче, својствено за Lovecraft.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Nada - Carmen Laforet
Или „Ништо“ во буквален наш превод. Ја почнав пред 2 недели, заглавив на почетокот на второто поглавје ради растроена концентрација и ја оставив. Завчера ме заскокотка љубопитноста (бидејќи тематиката Шпанија во прва половина на 20ти век, ми е омилена поради Зафон, Хемингвеј) и ја почнав одново. Фактот дека денес сум веќе на пола од книгата (инаку споро читам) ме натера да пишам неколку комплементарни изрази за ова писание.
Пред се`, иако малку хаотично е пишана (стилот и` е таков) ја подгрева живоста на егзистенционалноста (ваљда вака се пишува изразов), која го опсега делово. Значи ти кога ги читаш дијалозите на бабата и снаата, буквално те внесува во психата на главниот протагонист и чувството на (не)битност во тоа семејство кое е опседнато во својата себичност. Тоа што ја долева љубопитноста има широка лепеза на карактери кои се дефинирани од старт за да подоцна не ти доаѓа до мешање на истите, како што често и се случува во книга со многу ликови. Сега се` уште сум при крај на првата половина и сметам рано е да и` давам некаква целокупна оценка, но мислам дека делово ќе ме држи доволно долго.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Тао на физиката - Фритјоф Капра
Поставува паралели помеѓу модерната физика (квантна механика, релативност) и источните мистички традиции (таоизам, будизам, хиндуизам)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Пред некој ден ја прочитав The Thief of Always од Клајв Баркер, во српски превод (Kradljivac večnosti). Како и некои други писатели посветени на хоророт како жанр (Shirley Jackson, па и донекаде, Реј Бредбери, кој наедно се пројави и како значаен SF aвтор), Баркер решил да напише роман за деца/млади. Книгата не е лоша, но не е ни нешто посебно - детска книга во која тема се детството, желбите и потребите, времето - сето тоа зачинето со малку (или малку повеќе) бизарна фантастика, толку карактеристична за Баркер, кој, исто така, се пројавува и како илустратор - значи, во книгата има и слики :)
Она што е важна одлика на Баркер, нешто што, помалку или повеќе е забележливо во речиси секоја негова книга, е впечатокот дека се работи за писател со извонредна имагинација, кој е доста оригинален, но фали уште малку кратење или дополнување, доработување, брусење, шминкање за неговите дела да се вбројат во самиот врв на хорор жанрот (или во овој случај, во литературата за деца). Со таа фалинка овој очигледно не може да се справи. Тешко дека тоа отсега ќе се случи, сепак е автор со прилично долга километража.
Како и да е, ова не е лоша книга. Можеби и е навистина добра книга за деца, ама стојам зад изнесените забелешки.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Шагринска Кожа од Оноре де Балзак.

Годинава веројатно ќе ја завршам со читање на зададената лектира Шагринска кожа од Оноре де Балзак. Момче кое решава да се самоубива во реката Сена, истата ноќ на брегот од реката наоѓа Шагринска кожа која ги исполнува сите желби на еден човек, но после секоја исполнета желба таа ги намалува шансите за живот. Интересна приказна. Јас ги прочитав првите 10-20 странички во кои се опишува коцкарницата Пале - Ројал со што Балзак го опфаќа секој детаљ и сите работи опширно ги опишува. Застанав таму каде што веројатно главната приказна почнува да се разива во книгата.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Враќање - Е.М. Ремарк.
Ја почнав вчера, ко да сум застанал кај „На запад ништо ново“ и сум продолжил отаде.
Не постои слаба книга од Ремарк, дефинитивно.
 
Член од
8 декември 2014
Мислења
4
Поени од реакции
4
Ју Несбе... мајстор на крими жанрот... случајно наидов на The Redbreast (кај нас мутаво преведена како Дух) која е прогласена за најдобар норвешки роман на сите времиња... испадна дека е трета книга по ред во серијал од 10 книги за детективот Хари Хуле... ова Скандинавциве испаднаа махери за криминалистика... да го завршам него и се префрлам на Камила Лекберг...
 
Член од
19 декември 2014
Мислења
9
Поени од реакции
26
The Social Animal- Elliot Aronson

Книга за човечката природа, мотивацијата, социјалните релации. Книга која ќе те натера да размислиш каде си во тој круг на односи, влијанија на надворешните импулси врз човековата психа и продукција на позитивни размислувања во насока на подобрување на персоналните доживувања.
Книга за препорака.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Ерик Хобсбаум - Доба на крајности-Кратка историја на XX век 1914-1991.

Како што вели и самиот Хобсбаум:
„Целта на книгава не е да ја раскаже приказната за скратениот дваесетти век,од 1914-1991. Мојата цел е да разбереме и да објасниме зошто настаните се одвивале токму така како што се одвивале и каква е нивната взаемна врска. За ској кој е на моја возраст, односно кој живеел низ целиот скратен дваесетти век ил низ поголем дел од него, ваквиот потфат мора нужно да има автобиографски елементи. Ние зборуваме за нашит спомени, ги оживуваме (и ги исправаме). И зборуваме како мажи и жени од конкретно време и конкретен простор, кои, на различни начини, биле вклучени во историјата како актери во нејзините драми - без оглед на тоа колку нивните улоги биле безначајни - како набљудувачи или како луѓе чиишто ставови за овој век биле формирани од неговите клучни настани. Ние сме дел од овој век. Тој е дел од нас.“

Кого го интересира овој дел од светската историја, Хобсбаум е најадекватниот светски историчар кого мора да го прочита..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom