Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Тајна мисија ~ Влада Урошевиќ.

Дваесет и еден расказ во кој Влада Урошевиќ си владее со фантастиката и краткиот расказ за него специфичен и својствен начин. Секој од расказите донесува интересна атмосфера, одлични дијалози кои се плетат помеѓу ликовите, полни со мистика и изненадувачки краеви. Мислиш дека си во улога на дете и во тебе се буди љубопитноста да влезеш се подлабоко за да дојдеш до некои откритија.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.793
Поени од реакции
7.018
Моментално ја почнувам ,, Чест '' од Елиф Шафак. Ја прочитав ,, Копилето од Истанбул '' и бев воодушевен, повеќеслоен роман, богат со бои, со традиција, со убави ликови, Истанбул, Турција меѓу истокот и западот, местото на жената во Турција, турско - ерменските односи. Ми се допадна Копилето... зашто е компактна приказна, чиста приказна во права смисла. Не толку да заморува со теории, бла бла ( што и тоа го сакам, ама некогаш ми треба и чиста приказна со природна нарација ). Чест почнува во сличен манир, па ќе видам понатаму.
 
Член од
3 јуни 2014
Мислења
79
Поени од реакции
49
Врати на перцепцијата од Хаксли, некој информација каде да ја најдам?[DOUBLEPOST=1405287579][/DOUBLEPOST]Најдено, таа ќе ја почнам сега, а последна Lord of the rings - the fellowship of the ring . Многу ми се допадна, многу подобра од истоимениот филм
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Завршена „Клучот на алхемичарот“. Беден стил на пишување, лош превод. Не препорачувам.
Почната „Снежното дете“ од Ејовин Ајви. Засега добар превод и интересна книга.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
The Count of Monte Cristo - убава книга, многу добри заплети, интересни трилер дејствија. Имало и филм кој планирам да го гледам по завршувањето на книгата.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.649
Поени од реакции
13.112
Мистер Гвин - Алесандро Барико
Познат писател еден ден решава да прекине со пишувањето на неговите дела и после одредено време се решава да го смени текот на неговото писателско перо. Како што има сликари кои прават портрети, така тој со својата дарба на писател, се впушта во истиот свет - сликање на портрети со пишани зборови.
Ексцентричен е Барико, дефинитивно. И ми се допаѓа тоа.
 
Член од
12 ноември 2012
Мислења
132
Поени од реакции
47
Ангелски повик- Гијом Мисо
Книгата има интересна структура, Мисо постојано го префрла читателот помеѓу целосно одвоените животи на главните ликови, постепено воведувајќи го во нивното секојдневие кое, како што се вртат страниците, станува се понеобично.
Самата приказна започнува со непријатна случка на аеродромот „Кенеди“ една недела пред Божиќ, кога во целата таа мешаница од патници и багаж, буквално се удираат еден во друг Маделин и Жонатан, главните протагонисти во оваа новела, и по грешка си ги менуваат телефоните. Кога и двајцата ќе забележат дека телефонот којшто го имаат не е нивниот, веќе се илјадници километри оддалечени и тогаш започнува играта на мачка и глушец. Иако добрите манири не им дозволуваат да претураат по туѓи телефони, сепак и двајцата нема да одолеат да дознаат нешто повеќе еден за друг. А штом почнат да копаат по туѓото минато сфаќаат дека иако се навидум целосни странци кои никогаш претходно не се сретнале, сепак постои нешто коешто двајцата нераскинливо ги поврзува.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Ангели и демони - Ден Браун

Претходно ја читав дигитална тврдина, и ме импресионира книгата, страшно добар техно-трилер. Одма изгуглав да видам дали има филм од книгава, и за чудо немаше, а има материјал за да се режира страшен трилер. Ако имам време до крајот на летово ќе ја прочитам и кодот на Да Винчи, овие книги му се всушност првите на Ден Браун.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Ангели и демони - Ден Браун

Претходно ја читав дигитална тврдина, и ме импресионира книгата, страшно добар техно-трилер. Одма изгуглав да видам дали има филм од книгава, и за чудо немаше, а има материјал за да се режира страшен трилер. Ако имам време до крајот на летово ќе ја прочитам и кодот на Да Винчи, овие книги му се всушност првите на Ден Браун.
Јас сега ја читам Точка на Измама, сега за сега сметам дека е слична на стилот на Деникен (или на Артур, ама од него немам прочитано ниту една книга, за жал). Метеори, НАСА, и суштества од вселената, тоа е нешто интересно и фантастично за читање. Го релаксира мозокот, не за друго.

Според мене Загубениот Симбол е најдобра, јас таа би ти ја препорачал. Дури е и многу подобра од Кодот, верувај. :)
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Јас сега ја читам Точка на Измама, сега за сега сметам дека е слична на стилот на Деникен (или на Артур, ама од него немам прочитано ниту една книга, за жал). Метеори, НАСА, и суштества од вселената, тоа е нешто интересно и фантастично за читање. Го релаксира мозокот, не за друго.

Според мене Загубениот Симбол е најдобра, јас таа би ти ја препорачал. Дури е и многу подобра од Кодот, верувај. :)
Ги читам сите по ред. Така да Симбол ќе биди 4та :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Ги читам сите по ред. Така да Симбол ќе биди 4та :)
Има уште една -Инферно Нешто со убивање на пола светска популација. Се вклучува и Роберт и така.... Да не ти раскажувам. Знаеш каков е Браун. Но и таа не сум ја читал.:)

И што мислиш за Енди Мекдермот? Има 2 одлични романа (барем 2 се преведени на македонски јазик). Мистичен во тој поглед. Книгите се интересни и брзи за читање, колку и да ти се чинат големи.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Има уште една -Инферно Нешто со убивање на пола светска популација. Се вклучува и Роберт и така.... Да не ти раскажувам. Знаеш каков е Браун. Но и таа не сум ја читал.:)

И што мислиш за Енди Мекдермот? Има 2 одлични романа (барем 2 се преведени на македонски јазик). Мистичен во тој поглед. Книгите се интересни и брзи за читање, колку и да ти се чинат големи.
Оваа инферно како е по ред? После симбол, или?

Искрено Мекдермот го немам читано, ама еве после Браун, ветувам дека "него" ќе почнам да го читам. :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Оваа инферно како е по ред? После симбол, или?

Искрено Мекдермот го немам читано, ама еве после Браун, ветувам дека "него" ќе почнам да го читам. :)
Јас мислам дека нема никаков редослед. Инферно, Кодот, Ангели и Демони и Симболот се со Роберт, овие другиве не. Иако некои настани ги спомнува во книгите од претходните книги сепак немаат редослед.
Инаку со Роберт, Инферно е последна.

Не ветувај ништо. Ако сакаш читни нешто за него па потоа реши дали ќе го читаш или не. Јас не сакам ништо да наметнувам :)
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Денеска завршив со двете најголеми дела на еден од нај-големите писатели во историјата на литературата - господин господин Ерик Артур Блер или подобро познат како Џорџ Орвел.
1.1984

Една од топ 3 книги што ги имам во животов прочитано. Особено ја красат убаво концептираните реченици и длабоките размислувања на писателот. Ќе биде интересна на секој што го интересира политика, економија, државно уредување, демографија, уметност на војување, уметност на владеење, конторла на медиуми и секако што е човечкиот живот па и еден прекрасен роман ако во него не е опишана една прекрасна тајна љубовна приказна.
Нема да ја должам многу работата, само ќе објавам еден цитат, за оние што ќе ги интересира, им давам до знаење ека целиот роман изобилува со вакви мисли:

"Проблемот беше, како тркалото на индустријата да продолжи да се врти, а притоа да не се зголемува вистинското богатство во светот. Стоките мора да се произведуваат но немора да се дистрибуираат. И во практиката единствен начин да се постигне тоа беше постојаното војување.
Суштински чин на војната е уништувањето, не само на човечките животитуку и на производите од човечкиот труд. Војната е начин да се разнесат на милион парчиња, да се истурат во стратосферата, или да се птопат во длабочините на морињата, материјали кои поинаку би можеле да бидат употребени за да им овозможат на масите премногу конфорт и, оттука, на долга патека, да ги направат премногу интелигентни""


2.Животинска фарма
Животинска фарма, првиот повоен роман во британија. Делумно полесен и поедноставен стил отколку 1984. Овде е иссмеан комунистичкиот систем кој владее во комунистичка русија, прикажан во форма на бајка, каде свињите ги претставуваат комунистите, а лидерот на свињите Наполеон го претставува Сталин, и сето тоа преку еден логичен редослед на настани со кои е опишан развојот на руското општество уште од времето на ленин и портерувањето на Лав Троцки се до втората светска војна т.е. Техеранската конференција и сето тоа опишано во едно микро општество, во една фарма каде животните се еднакви, но свињите го имаат последниот збор.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.649
Поени од реакции
13.112
Arthur & George - Julian Barnes
Две животни стории, едната на Артур кој со тек на време ќе стане реномиран писател на детективските мемоари на Шерлок Холмс, другата на Џорџ кој со тек на време ќе стане правен застапник (адвокат ваљда?) како и целиот свој живот ќе го посвети на изборување на своето право (пола индус/парс е). И тогаш нивните животни приказни ќе се испреплетат. Книгата е релативно ново издание, стилот е од полесните за поимање.... тоа што ја прави книгава неверојатна е реалниот приказ на тогашното „златно“ викторијанско доба на Англија, односно почетокот на изминатиот век кој фрла и светлина на денешното доба каде иако се заборавени некои вистински вредности, се отсликува тоа дека човекот и не се променил многу во овие 150 години, туку само околината во која се наоѓа.

Рај не зна за миљенике - Е.М.Ремарк
Уште едно прекрасно дело на неповторливиот Ремарк, полно со сентименти и чувства кои сите ние ги имаме но се трудиме на секој можен начин да ги поттиснеме и да останеме рамнодушни. Приказна за безусловната љубов погледана низ повеќе агли како и тоа дека секогаш, ама апсолутно секогаш постои моментот на несфатеност и недоразбирање кои раѓаат разочараност и бескрупулозност. Особено е интересен боемскиот опис на Ремарк кој е присутен во повеќето негови романи и ве тера барем малку да вкусите од тие неколку заборавени вредности.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom