Што кога тој/таа има девојка/дечко?

Што кога тој има девојка?

  • Вкупно гласачи
    228

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
За девојките:
Што правите кога ќе запознаете дечко кој ви се допаѓа, но ќе ви каже дека има долга врска која несака да ја прекине?
Гласав за првата опција - се откажувам, иако тоа не е баш сосема точно. Не се откажувам од дечкото, се откажувам од растурање на врската. Сложено е тоа и не вреди. Не сакам да имам туѓи врски во багажот, доволни се моите. Мување, истотака се обидувам да избегнам (иако, признавам не ми упева секогаш).

Гледам да се најдам со него во муабет (опуштено), по можност и за нешто да се за`рчкаме, за да ме памти. Флертувам ама секогаш двосмислено, да не може да биде сигурен дали ми се допаѓа или ми иде на живци. Комплименти не штедам. Пуштам водичка, ама матна :) Си правам терен за некогаш, кога ќе раскине со девојка му (од трети причини), да можам елегантно да ускокнам, а притоа да не сум поставена премногу другарски за да бидам рамо за плачење. Ако ме прочитаат и ме конфронтираат, се повлекувам и негирам до смрт. И секако, во меѓувреме животот си тече, други опции си се отворени.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ааааааа што прочитав. Туку, јас со девојчињата ќе си одговорам :pipi:

Ич не ми е грижа. Никогаш во животот не флертувам, а кога го правам тоа го правам на најлош можен начин да не ме сака ама Ниту една девојка. Така што, секоја шанса да растурам врска е само ако егзистирам по некоја случајност до таа девојка која е во врска.
Исто така, ама ич не ми чуе дека праам проблем, зашто јас не сум тој кој го иницира. Ако девојката има потреба од нешто на страна, јас не сум крив дека сум дел од неколку милијардната популација која е хетеросексуална. :toe:

И никогаш, ама апсолутно никогаш не сум рекол раскини му да бидеш со мене, но исто така никогаш и не сум рекол извини, дечко имаш.:devil1::angel1:
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93

Добро би било да е така ко што пишуваш,мене ми се чини дека не е...
Мене ми беше доволно дека воопшто се заинтересирал,доволно да му украдам поглед и воздишка... за повеќе...не,фала.
 
Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Не се замарам со такви глупости
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Кога јас би бил слободен, а таа не, веројатно би ја повикал да излеземе некаде. Самото тоа би било доволно да не сака да ме види повеќе.

Доколку дури и би имал шанса да и` кажам како се чувствувам, би рекол нешто како: „Тој е многу среќен човек. Ви посакувам сè најдобро на двајцата“ и би си отишол.

Значи, во секој случај би се откажал, но не пред да и` кажам како се чувствувам.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
би била срејќна да го гледам срејќе со неа...би ми останал симпатија ..несакам да се заљубав во зафатен дечко...мислам има толку слободни што не би сакала да носам грев на душата па да се караат за мене.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
За девојките:
Што правите кога ќе запознаете дечко кој ви се допаѓа, но ќе ви каже дека има долга врска која несака да ја прекине?
Јеби га, не е последен на светов. Нема да се мешам, негова работа си е што ќе прави. А секако нема да се мувам или да направам било што за да му ја расипам врската, без оглед на тоа колку ми се допаѓа. Инаку, сум тип што знае да си ги контролира чувствата, и ако наидам на таков случај знам да си ги блокирам и едноставно да го прешкртам и да не го сметам за опција.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.081
Значи... ми се има десено оваа работа. Особа која ја сакам да има партнер хммм, и прво идат нервиранции, па тажење и после.. после се спријателуваш со друга бивша на особата, бивша која е сеуште во добри односи со симпатијата твоја.. и вртиш муабети со нејзе а у едно друго.. и после разбираш дека... дека уствари симпатијата го изневерила партнерот и ти така цела среќна, весела не знаеш што да правиш со себе, во меѓувреме ти поминува интресот кон таа особа и си во потрага по нова.

Простете за глупостиве сеуште не сум рассонета :D
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Ниту се мешам, ниту пак сакам да ми се мешаат во врската.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.507
Поени од реакции
5.818
Ако има девојка нема што тука да се мешам(да расипувам врски), не е ни прв ни последен, ќе си најдам друг:pipi:(ова го напишав во случај да сум free :))
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Ниту се мешам, ниту пак сакам да ми се мешаат во врската.
Ако има девојка нема што тука да се мешам(да расипувам врски), не е ни прв ни последен, ќе си најдам друг:pipi:(ова го напишав во случај да сум free :))
Со тоа што ќе ги признаете вашите чувства спрема некого, не значи дека се мешате во нечија врска.
Тоа е нешто помеѓу вас и тој/таа од другата страна.Чувствата што се раѓаат спрема некого претставуваат нешто најприродно и нема потреба да се потиснуваат.Зошто да ги криеме?
Врската може да ја расипат само тие што ја изградиле.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
312
Поени од реакции
153
Ќе се откажам. Не е единствен па по секоја цена да го имаш.
 
A

Antigona

Гостин
За девојките:
Што правите кога ќе запознаете дечко кој ви се допаѓа, но ќе ви каже дека има долга врска која несака да ја прекине?
Фактот што се запознавам со некој кој ми се допаѓа не мора да значи и дека го сакам, може тоа да се само симпатии кон него.

А штом е тој веќе во врска, се откажувам од него. Нема потреба да се мешам каде што не ми е местото.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom