Што кога тој/таа има девојка/дечко?

Што кога тој има девојка?


  • Вкупно гласачи
    228
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Искрено, не сум имала прилика некому да расипувам, најчесто и каде што не требало сум захевтувала, заварувала, спојувала...
Но, сум во долга врска.
Не еднаш, и од моја страна, и од страна на дечко ми, пробувале да расипат.
Што се имаат измислено за мене, посебно еден дечко кој е вљубен во мене, такви гадотии само на болен ум му текнуваат. Пред мои очи на дечко ми му се ставаат секакви девојки. Само што со годините веќе отрпнавме и не обрнуваме внимание.
Пред се, зошто сме најдобри пријатели, па дури и се шегуваме на нивна сметка.
Моментално, има една, ептен се мачи да се бутне во средина :) Па троа јавување, па троа пораки, па статуси... :)
Детска работа, мислам дека очекува да се лутам...
Нејсе, не знае дека нит е прва, нит последна ;)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Па ако флертува со мене,незнам дали не би ја искористил шансата.
 
Член од
18 јули 2012
Мислења
132
Поени од реакции
47
Не е единствен на планетава. Јас барем за тоа не се замарам, секогаш има некој друг. Има некои типови кои ми се свиѓаат и онака чекам да станат слободни за да преземам некоја акција, а во меѓувреме има други за занимација
 

Lady Blue

АМАЗОНКА
Член од
18 ноември 2008
Мислења
31
Поени од реакции
22
Вршам проценка дали е „модерен“ т.е у „модерна врска“ ..... :icon_lol:
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Ми се има десено ова.Му кажав "Јави се кога ќе раскинеш";)
Не сум саботер и не им го правам на другите она што не сакам ни мене некој да ми го прави. А и зошто да му го дигам егото на типот, и да се мачам околу него, кога има толку многу слободни момци? Ама читав некаде дека има жени кои се палат исклучиво на зафатени мажи/дечки, па нека повелат. Не сакам да бидам златна резерва или втора опција.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Ако има девојка не е у мој интерес, ми се одмилува и го отпишувам одма:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom