заебано е штом е вака :
“Ние ви предлагаме”
… динамична и предизвикувачка работа - шефот ќе те шутка по цел ден, ќе видиме колку би издржал.
… наградување поврзано со постигнатите резултати - ние те лажеме дека ти плаќаме, ти ќе не лажеш дека работиш.
… одлична плата плус бонус - платата е мизерна, но од време на време ќе ти фрламе по некој денар.
… постојан договор за работа со шест месеци пробен период - ако истраеш половина година, ќе можеш и договор да потпишеш
… работа во меѓународна екипа - албанци, роми … .
… служебен телефон - ќе ти досадуваме деноноќно.
“Од вас очекуваме”
… чесност и лојалност -
… умешност за работа во групи- ќе носиш на грбот два - тројца некадарници.
… возачка дозвола - ќе ни бидеш курир, снабдувач, шофер на шефот, шофер на жената на шефот, ќе треба понекогаш да ги возиш и децата на шефот и љубовницата .
… одличен англиски - нема кој да ни ја преведува документацијата , а преведувачите наплаќаат скапо .
… англискиот е предност - не дека ќе има со кого да разговараш, но може да е од полза.
… добро владеење на Autocad е предност - компјутерите ни се стари и немаме Autocad, но по неколку години може да ни е од корист.
… подготвеност за чести патувања- по цел ден ќе го обиколуваш градот и улиците, нема да имаш време дури ни за еден сендвич.
… високо образование со специјалност која одговара на објавената позиција - абе и ние не знаеме точно каков специјалист ни треба.