deXterche
тадаммм
- Член од
- 12 февруари 2006
- Мислења
- 4.920
- Поени од реакции
- 941
Фонетика“ е во организација на промоторската агенција „Баланс“.
Фестивалот ќе има две посебни музички сцени. На првата која ќе биде на самата плажа ќе настапат Кирил Џајковски со неговиот оркестар, Суперхикс, Зоран Ристевски Бејбе, Тамара Тодевска, групата на Ѓорѓи Шаревски и Џијан Емин, како и диџеите: Самоил Радински, Марјан Стојановиќ- Маци, Томи Бојаџи, Александар Мискоски, Флудер, Роботек, Мирко Попов и Игор Зотик.
На втората сцена ќе настапат: диџеј Гоце од САФ, Легијата - СТР2, Грин аут, Против сите, Ронин, и Да Џака Накот како и реге изведувачите Мастрафизам и Андреј Бартлинг.
Во исчекувањето на фестивалските вечери „Фонетика“ ќе одржи мини-турнеја низ Македонија. На 17 јули во Гевгелија во кафе Q и во летниот клуб Ава. На 17 јули ќе имаат коцерт во Кавадарци во клубот Александрија. Ди-џејската турнеја на 24 јули ќе продолжи во Кочани во хотел Гратче, а на 25 јули во Излет кафе во Скопје.
Картите за дводневниот настан во предпродажба ќе се продаваат по цена од 200 денари.