Фан клуб - РК Металург

Член од
21 август 2011
Мислења
246
Поени од реакции
97
Дојде време да се тресеме за победа која порано ја добивавме на шала..До какво дереџе дојде Металург..Ама ајде нека успеат дечкиве да го освојат второто место во првенството па да играат ЛШ. Тогаш барем има некаква надеж дека би дошле некои какви такви подобри засилувања од сегашниве, а ако ни до ЛШ не стигнеме тогаш тешко дека ќе има подобрување на сегашнава ситуација во клубот.
Како и да е конечно да се израдуваме на некоја ЗНАЧАЈНА и доста вредна победа . :oeoeoe:
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Многу тешка победа , како што реков.. во последните моменти ќе се одлучува победникот, ова е и дополнително искуство на овие играчи , играа под притисок цело второ полувреме, бркаа негатива, упорноста се исплати во последните минути кога направија серија од 3-0 и успејаа да слават на крајот.
Како и да е натпревар со многу технички грешки и од двете страни, Бувиниќ направи катастрофална грешка кога имавме 2 негатива некаде на 3 минути пред крајот, среќа што Зомимак не го искористија тоа инаку тешко дека ќе славевме, ептен аматерско додавање .. му ја поклони на противничкиот играч топката во раце..
Лино добро го изработи последниот напад, акција преку пикер, Жаре фала богу си ја заврши работата, голем плус е тоа за него, го постигна победоносниот погодок.
Талески и Нелоски многу ме загрижуваат, сеуште немаат ништо покажано, Нелоски имаше еден гол и забележа една асистенција, но Талески ми делува многу изгубен, се надевам дека ќе се пронајдат себеси во најскоро време, сепак од нив најмногу се очекува од оваа генерација.
Мора да се пофали на оваа утакмица Дарко Џукиќ, ова момче срцето го остави на теренот, браво мајсторе, најзаслужен за победата на Металург.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Пред саат-два го видов седеше на плоштад у некој од рестораните таму. Не видов у чие друштво беше, али прописно го поздравив :icon_lol:
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156
конечно го избркаа бате од репрезентација, костевски е на негово место!

Скратениот писок на Обрван:
Голмани
Ристовски и Ангелов
Крила Манасков, Ојлески, Георгиевски и Костески
Пикери Стоилов и Пешевски
Бекови Миркуловски, Ф.Лазаров, К.Лазаров, Мојсовски, Прибак, Митков, Јоноски и В.Маркоски
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.290
Поени од реакции
6.597
Пешевски во репрезентација бе :popce:
Што е тука чудно? Слонче е пикер каков што не сме имале во последниве 10-15 години. Скроз различен од Столе, Ванчо, Ѓоргон, Зарков. Ни знае да се постави, ни да направи блок, кога ќе фати топка или е престап или утиња, а се има десено 2-3 пати и гол да даде.
 

razbirashh

No puedo,tengo nobio.
Член од
11 мај 2014
Мислења
983
Поени од реакции
2.202
Абе Никола Марковски срам го фаќа кога го гледа Пешевски на терен :D[DOUBLEPOST=1429652022][/DOUBLEPOST]Абе Никола Марковски срам го фаќа кога го гледа Пешевски на терен :D
 
Последно уредено:
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Во 17:00 часот.. Вардар-Металург, до вчера дерби од светски рамки а денеска Вардар апсолутен фаворит во овој натпревар.
Искуството, квалитетот се на страната на нашиот ривал, мора да се признае дека се 3-4 класи над Металург.
Да не го снајдеа овие црни околности на Металург убеден сум дека денеска ќе гледавме вистинско дерби и уште една неизвесна сезона за првото место во лигата.
Дали ќе успеат децата на Лино да стегнат заби и да го издржат притисокот од публиката, барем за честа на Металург, да не биде наполнет до врв..
Штета што од многу порано се знае шампионот на Македонија оваа година, Металург е тотален аутсајдер на денешната утакмица а и оваа утакмица неможе да се нарече повеќе дерби, сепак тоа е реалноста ... Вардар е неколку класи пред Металург.[DOUBLEPOST=1429976649][/DOUBLEPOST]Добро му се спротиставивме на Вардар во првиот дел, 5 негатива и не е така лошо.. се гледа дека фали еден искусен играч во тимот .. посебно во нападот, да отвара простор и позиции за Талески и Нелоски, треба искуство а не дете како Војводиќ...
Добар е и Николче .. фати неколку одлични топки, можеби главниот фактор што не е поголема разликата.. се надевам во вториот дел ќе продолжат така и ќе обезбедат достоен пораз.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom