Фан клуб - РК Металург

Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156
има инфо за Нелоски ?

"лабаво" изиграа вардар, асален ракомет имаше само некои 20мин.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Очекуван пораз, среќа што минавме само со толкава разлика, успејаа децата да избегнат двоцифрена разлика а воедно и катастрофа.
Со овој состав такви се можностите против по сериозни екипи, треба да изиграат над своите можности овие деца и за второто место, Зомимак едвај го победивме , а на гостински терен не очекува пекол.
Добро изиграа момците, имаа резултатска неизвесност и добар отпор се до 20-21 минута од натпреварот, потоа утакмицата си тргна според очекуваното.. Вардар ја стегна одбраната и го оневозможи и го остави без идеја нападот на Металург.
Се гледа недостатокот од искусни играчи, ех да го имавме Вуги во екипата сега, ќе беше вистински учител за овие играчи, ќе беа рамо до рамо со една звезда и ќе имаше што да научат. Од овие млади играчи најсозреани ми изгледаат Талески, Нелоски и Борјан Маџовски, овие странците ми се обични подпросеци, требаше а и мораше да се донесат по искусни играчи.
Во понеделник ќе биде соопштена повредата на Нелоски, се надевам дека не е нешто по сериозно со него.. ако е тешка повреда на тие години може да си ја уништи кариерата.[DOUBLEPOST=1429992310][/DOUBLEPOST]http://www.rkmetalurg.mk/fotogalerija-serioznosta-na-povredata-na-marko-neloski-kje-se-znae-v-ponedelnik/
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ептен ми е жал за Нелоски, покомплетен ми е и од Талески. Ваљда не е ништо страшно :/
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.688
Поени од реакции
5.306
глава не крена детево од повреди.. кој малер ќе беше...
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.140
Поени од реакции
15.885
Нов Пецаковски на повидок?
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Секоја чест за отпорот против огромниот фаворит .. но во најбитниот момент потфрли одбраната , а и Лино е толку неспособен што кога имаме играч повеќе незнае да направи една акција преку пикер и крилата, делуваме толку очајно што на крај ни ја одземаат топката.[DOUBLEPOST=1431883943][/DOUBLEPOST]http://derbi.mk/index.php/rakomet/makedonija/item/25832-cervar-potvrdi-deka-go-napusta-metalurg
И Лино не напушта по крајот на сезоната , ќе видиме колку е ова точно , сеуште нема ништо за ова на официјалната страница.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829

Нема големо дерби, нема ни публика. Нема игра, нема ни публика.


А не така одамна за сите љубители на ракометот, па дури и за оние трендовски „селфи“ навивачи, беше вистински подвиг да се најде влезница повеќе, да се „оди на ракомет“. За натпреварите се зборуваше со денови. Кој можеше да ги пропушти легендарните преметки на Вардар и на Металург или настапите на македонската репрезентација?!

А сега трибините ни зјаат празни…

Само, не дај Боже, да не почнеме да даваме пасоши и на „заменска публика“ за да одмори оваа нашата. Е, тогаш навистина ќе ни дојде крајот!

Ова зборев на лејкиве Вардарски уште пред 2 год.кога се молеа да пропадне Металург.Ете им сега,нека играат пред празни трибини и сами со себе.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.255
Поени од реакции
6.451
Празна Јане, 100-200 луѓе публика на двете утакмици со Металург. А цело Скопје навива за Вардар, барем така се фалеа Комити. ;) Вештачкиот Металург, пластичен, селолург и уште како не го нарекуваат, пред распаѓање, со играчи како месарон Вргоч, Пеше, Голубовиќ и компанија има повеќе публика во сала.
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.484
Поени од реакции
9.909
Вардар оваа сезона имаше одлична бројка, на страна утакмиците од ЛШ, во СЕХА имаше некој задоволителен просек од 2 000 гледачи, а предходно на Кале со 1 000 души имало убава атмосфера и било успех за ракометен меч. Има напредок во бројката и те како...Натпреварите во домашното првенство се со екипи послаби од најслабиот во СЕХА лига со термини од 10,12 саат, а Металург е на ниво на Зомимак. Тоа што ве нарекуваа така, знаеш и самиот зошто, Пролет може да добие нов газда да купи одлични играчи, подобри и од на Вардар, па пак ќе бидат вештачки...Еве и ЖРК Вардар, мило ќе ми биде да освојат ЛШ, ама освен името и боите ништо не ме поврзува со тој клуб, тотално вештачки, не сум гледал ни една нивна утакмица и преку ноќ ги носат најдобрите ракометарки што можат да се донесат...

П.С. Не знам на кого му беше до ракомет, кој се знаеше како ќе заврши, после еден ужасен македонски викенд, не е оправдание, ама знаеме сите каков е менталитетот на обичната публика и општо народов наш, се собира само за дерби утакмици (посебно европски) и за партиски митинзи за сендвичи :гик:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom